Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ВРЕМЕ Е ЗА РАЗУМ И ЛАДНИ ГЛАВИ

 

ВРЕМЕ Е ЗА РАЗУМ И ЛАДНИ ГЛАВИ

 

 

Јордан Петровски 02.03.2017

Деновиве како разумот да напуштил голем дел од водачите на политичките партии, старите и новоформираните Граѓанските Движења во Македонија. Од никого не доаѓа порака на разум и обид да се смират тензиите, туку сите повикуваат на порадикални решенија. Едни ке го бранат Собранието и владата, други надвор од Уставот ке формират влада! А каде води сето тоа, освен во крвопролевање. Македонците* немаат никаква корист од крвопролевањето. Пролевањето на капка крв ке значи и редефинирање на Македонија, редефинирање кое ке заврши со распад на Македонија. ЕУ од фактор кој беше главен во смирувањето на тензиите и нудење на вистинското решение за Македонскиот проблем, СМЕНА НА СИСТЕМОТ во изминатите две годин, деновиве станува фактор на подгревање на радикални решенија, подршка на Социјалдемократите и Албанските партии во нивните барања кои немаат ништо со причината за кризата-криминалот и решението на кризата Смена на СИСТЕМОТ!

Најголемо непријатно изненадување за мене е Питер Ванхауте, тој како да бил ученик на Груевски, ја погази паролата заради која стана славен, го погази главното дека дадениот збор мора да се почитува. А зборот кој го даде Ванхауте беше:

Проблемот не е една партија да се замени со друга, односно да се тргне ВМРО-ДПМНЕ и да дојде СДСМ.

Вие имате системски проблем и тоа е она што треба да се промени.

Што е причината  Ванхаути и ЕУ да ја променат својата стратегија? По мое длабоко уверување смената на стратегијате е предизвикана од замор на ЕУ ама заморот се должи на несоодветниот пристап на првите луѓе на ЕУ во решавање на Македонскиот, односно проблемот кој ги засега сите држави кои настанаа од бишата СФРЈ.
ЕУ во сите држави настанати од бившата СФРЈ ги подржува Социјалдемократските партии а заборава дека социјалдемократијата во тие држави е изградена врз темелите на комунистичките учења и комунистичките практикувања на власт. Во ниедана од државаите настанати од бившата СФРЈ не е спроведена лустрација, а тоа говори дека службите за присила кои биле користени во комунистичка Југославија останале нечепнати а прогонот на политички и идеолошки не истомисленици продолжил. За таквиот прогон во Македонија постојат непобитни докази! Докази кои се состојат од иладници досиеа водени на идеолошки и политички неистомисленици после 1991 година, тие досиеа само го потврдува тоа дека социјалдеморатите во Македонија се само пресвлечени комунисти. За жал и ДПМНЕ е партија на пресвлечени комунисти. ДПМНЕ според доказите е формирана и водена од луѓето на Тајната Комунистичка Полиција. Затоа и ДПМНЕ не дозволи спроведување на лустрација според Резолуциите на Советот на Европа, за неспроведувањето на Резолуциите голема вина има и еуамбасадорот Фуере.  !

Во Македонија старите комунистички структури со кршење на Уставот и изборната волја на граѓаните на првите повекепартиски избори 1991 успееа да останат на власт. Во годините после тоа 1992 година, повтроно прекршувања на Уставниот закон и Уставот кои продолжуваат со изборен фалсификат 1994 година, за да целото тоа владеење со кршење на Устав кулминира 1996 година со поништувањети на легалната и легитимна инцијатива за референдум за распишување на предвремени избори.

Овој краток увод морав да го дадам за да малку го освежам сеќавањето на оние кои инсистираат СДСМ и без добиен мандат од председателот на државата, според Уставот единствен кој доделува мандат да формира влада. Формирањето на таква влада само ке му ги зајакне аргументите на Груевски и неговата банда дека тие ја бранат Макеедонија а не сопствениот криминал. СДСМ е свесен дека и да изберат влада немаат механизми да и овозможат на таа влада да ги превземе функциите. Ако институциит во Македонија не беа под 100% контрола на Груевски ке немаше потреба ниту од  договорите ПРЖИНО, ниту од СЈО, ниту од техничка влада.

Ако навистина СДСМ и дел од Албанските партии а и дел од пратениците на ДУИ беа за решение на кризата во Македонија, а кризата е предизвикана од криминалното владеење на ДПМНЕ и ДУИ, ке се договореа уше првиот ден кога се конституираше Собранието да изберат председател и Собранието да почне да функционира без проблеми во овој постизборен период кога се бара начин да се формира и влада.  Од неизборот на председател на Собранието а уфрлање од страна на Албанските партии на ПЛАТФОРМАТА станува јаснио дека Албанските парии само глумеа дека се противници на криминалот на ДУИ. Подршката која тие преку заедничката ПЛАТФОРМА  му ја дадоа на ДУИ требаше да биде аларм кај СДСМ дека со тие партии нема што да се преговара, бидејки на тие партии целта не им била справување со криминалот на ДПМНЕ и ДУИ! Затоа СДСМ мораше да биде прв кој ке побара нови избори.

Решението на проблемот е многу лесно и едноставно. Собранието мора да се доконституира со избор на председател и др. Собранието ке треба да избере "влада" која ке биде пак договор под покровителство на ЕУ и САД и која ке спорведе избори во рок од 6 месеци. Таа влада и пратениците од овој состав ке треба да донесат нов изборен закон, изборен закон кој ке понуди или пропoрционален систем ама со Македонија како ЕДНА изборна единица и отворени листи или пак мнозински систем со ЕДЕН круг на гласање. Забрана на постизборрно коалицирање, а тоа значи и можност за формирање на малцинаска влада а тоа е единствениот пат кон вистинска граѓанска држава, држава во која поединчените човекови права и слободи ке бидат столбот на демократијата.

За крај, граѓаните на Македонија треба да сфатат дека лидерите кои се залагаат за права на коликтивитетот, всушност се борат за лично влијание и лична корист, злоупотребувајќи ја моќта на паушалните етнички залагања заради кои ја уживаат поддршката од електоратот.
Погледнете ги „лидерите“ на партиите на етничките колективитети: Ахмети, Тачи, Амди Бајрам, Стоиљковиќ, Цановски, Сарач, Груевски, Георгиевски, Црвенковски, Заев, ..итн, па пресметајте што добиваат нивните гласачи, а што добиваат „лидерите“.

  Македонците* се однесува на сите граѓани кои Македонија ја чувствуваат како своја и  која се подготвени да ја бранат и зачуваат!