Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ЛАГИТЕ НА МАНОИЛ МАНЕ ЈАКОВЛЕВСКИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО НА ВМРО ДПМНЕ

ЛАГА ПРВА:  ОКМ, ДОМ, ДООМ БИЛЕ КОНТИНУИТЕТ НА ВМРО

 

 Јордан Петровски 20.02.2017

Никој никогаш не лаже без причина. Луѓето лажат од некој психолошки деформитет, луѓето лажат за да остварат некоја корист, луѓето лажат да одбегнат казна или одговорност и луѓето лажат по налог на службата , народски кажано, лажат по налог на УДБа а лажат по налог на УДБа затоа што се соработници на "УДБа"!!
Зошто лаже Маноил Мане Јаковлевски?? Дали ке ни каже тој самиот или пак ке остави секој кој ке ги прочита текстовите од овој серијал да извлече свој заклучок ке покаже времето.
Еве ја првата лага на Маноила:

Единствен легитимен наследник на ВМРО е ВМРО СДРМА - ВМРО САМОСТОЈАНА ДЕМОКРАТСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПОД ПРОТЕКТОРАТ НА АМЕРИКА!
ВМРО СДРМА е формирана во март 1946

 За да моите тврдења не бидат голи зборови еве малку документи за ВМРО СДРМА. Првото апсење на дел од основачите на ВМРО СДРМА;

 

 

 

После апсењето 1947 и судењето на дел од водството и основачите на ВМРО СДРМА се носи одлука да се промени додавката СДРМА бидејки СДРМА во себе содржи збор ПРОТРЕКТОРАТ и заради тој збор комунистичката власт можела да ги прогласува за виновни. Наместо СДРМА на ВМРО му се додава ПРАВДА и името на паријата од 1948/9 е ВМРО ПРАВДА

Втората група на апсени и судени од основачите и членовите на ВМРО СДРМА ПРАВДА:

 

 

Основачите на ВМРО СДРМА ПРАВДА и покрај сите апсења, прогони останале активни со ВМРО СДРМА ПРАВДА! ВМРО СДРМА ПРАВДА од основањето 1946 година па до спојувањето со ДПМНЕ не престанала со свои активности!! (да нема нејаснотии говорам само за период 1946-1990)
Значи никој неможел да го превземе континуитетот на ВМРО!

Мане Јаковвлевски во интерјуто вели дека ОКМ, ДОМ, ДООМ се континуитет на "старото" ВМРО иако во реалноста не постои СТАРО ВМРО. ВМРО она десното, вистинското ВМРО, никогаш не згаснало па затоа неможело да стане старо. ВМРО има континуитет од основањето па до ден днешен.

Еве запсиник од формирањето на ОКМ -ОСЛОБОДИТЕЛЕН КОМИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА!. Од докуметот се гледеа дека ОКМ е формиран 1962 година!

На документот се и имињата на основачите:

 

 

 

Очекувам дека Мане Јаковлевски ке посочи кои се луѓето кои го основале ОКМ а кои го имале континуитетот на ВМРО. Во домументот за основање на ОКМ нема ниту збор дека основачите на ОКМ му го пренесуваат и континиутетот на ВМРО. Можеби Мане има некои други документи паке ги презентира!
Ова ке биде првото продолжение на текстот со кој ке ја дематирам лагата број 1 на Мане Јаковлевки од интервјуто!