Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ДАЛИ ЉУБЕ И ЉУПЧО МОЖЕЛЕ ДА НЕЗНААТ ДЕКА ГОЈКО Е СОРАБОТНИК НА УДБа-СДБ-УБК

Јордан Петровски 20.12.2016

Дали човек со грам логика ке поверува дека Љубе Бошковски, човекот кој бил заменик на директорот на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање-ДБК, ке направи таков превид па човек кој е високорангиран соработник на Српските Служби во битката против, ДООМ-НОФМ,ВМРО, бил ОПЕРАТИВНА ПОЗИЦИЈА во Западен Берлин, ке го наметне во предизборната кампања како основач на ВМРО ДПМНЕ, со мотив дека коалицијата помеѓе Љубе и Љупчо е коалиција на луѓе кои се јадрото на вистинското ВМРО. 

За да нe бидам обинет дека обвинувам напамет, ке посочам документи кои го потврдуваат моето обвинување. Првиот докумет е документ во кој се објаснува дека ЈАК е ОПЕРАТИВНА ПОЗИЦИЈА во Западен Берлин.

Дека псевдонимот ЈАК е псевдонима на Гојко Јаковлевски говори фактот дека Гојко Јаковлевски е човекот кој дал пари за да се откупи станот од МВР, наводно за да во него живее Драган Богдановски.

Дека ОПЕРАТИВНА ПОЗИЦИЈА е псевдоним на соработник и тоа соработник кој е инфилтриран во најблиското опкружување на следениот говорат следните два доказа. Првиот доказ е сведочење на господинот Јанко Бачев, човек кој досега дал многу податоци за работењето на УДБа кои се покажaa како 100% точни!

Инаку, кога се работеше за потребата да се имаат под целосна контрола "безбедносно-интересните" новинари, кои по силата на својата професија и навистина претставуваа опасност за владејчкиот СДСМ, само да споменам дека во такви случаи СДБ не си дозволуваше импровизации, па, покрај примената на оперативно-техничките средства, задолжениот агент на службата имаше обврска да изгради (внимавајте!) квалитетна оперативна позиција-соработник во средината каде што работеше обработуваниот новинар. 

 

Вторит доказ е дел од службена белешка од 1996 година, врзана за следењето на МПО 

 

За оние кои се запознаени со тоа кои луѓе го воделе и водат МПО ке е јасно според имињата на оперативните позиции во овој случај Лебамов дека ОПЕРАТИВНИТЕ ПОЗИЦИИ означуваат луѓе на УДБа кои се инфилтрирани во самиот врв на организацијата.

Mојата констатација дека ОПЕРАТИВНАТА ПОЗИЦИЈА означува луѓе на УДБа кои се инфилтрирани во самиот врв на организацијата го потврдува и случајот со Гојко Јаковлевски. Гојко Јаковлевски алиас Гоце, бил соработник на УДБа кој бил инфилтриран во самиот врв на ДООМ-НОФМ.

Која е причната заради која Љупчо и Љубе го приклучија Гојко во кампањата. По мене потегот со ангажирање на "ЈАК" во кампањата беше со единствена цел да се покаже дека ставањето на листите на KПП - Богоевски, СДСМ-Пендаровски и Стефоска, ДПМНЕ - Груевски, ... ДУИ-Ахмети, .... укажуваат дека замисла на службата била во сите партии, коалиции да има осознаени луѓе на УДБа па така да нема кампања прорив СЛУЖБАТА-УДБа а со цел службата да ги задржи позициите од кои нема да дозволи промена на Тоталитарниот Комунистички Антимакедонски Систем!

Се надевам Љупчо, Љубе или Гојко ке се обидат да ме демантираат