Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ВИНОВНИКОТ ЗА: НЕПРИЗНАВАЊЕТО, ИМЕТО, РАМКОВНИОТ, КРИМИНАЛОТ, КОРУПЦИЈАТА Е СИСТЕМОТ

Јордан Петровски 31.10.2016

Пресудата по мојата тужба за клевета против Фрчковски заради изјавата дека јас сум економски емигрант а не АЗИЛАНТ-бегалец-refugee, кој добил АЗИЛ затоа што бил прогонуван заради ПОЛИТИЧКИ и ИДОЛОШКИ причини, ме натера да го побарам мојот предмет и да ги имам сите докази кои се користени од мене, од моите адвокати и од бордит за бегалци кој ги оспоруваше моите докази за барањет азил. Да го имам предметот заради тоа вистината да стане достапна, такви документи неверувам дека се чуваат во државниот Архив на Канада,  пa ако некогаш некој се зинтересира да ја пишува вистината за лажната македонска самостојност, демократија во периодот 1991-2016 година!! Да ја пишува вистината за тоа дека судството после 2006 не било под капата на Груевски туку дека судството само продолжило и по 2006 да биде ЧУВАР на Тоталитарниот Едноумен Антимакедонски Комунистички Систем. 

 

За моето тврдење дека Македонската самостојност е лажна ке понудам но сега многу посериозен судски доказ. Доказ од пресудата за отфрлањето со флагрантен фалсификат на мојата кривична пријава:

Одлукајта на Јавната Обвинителка Драгица Михајловска е флагрантен фалсификат. Зошто тврдам дека е флагрантен фалсификат. Јавната Обвинителка Драгица Михајловска како последна Службена Белешка ја зема Службената Белешка од 18.11.1997 година што не е точно.




[Image: 873613002_d7bc.jpg]



 
Имено последната службена белешка во моето досие е од 03.06.1998 година. Иако таа службена белешка била приложена како доказ, јавната обвинителка не ја прифатила:





[Image: fotosken-0b97d.jpg]
 
Јавниот Обвинител, Драгица Михајловска направила превид кога ја отфлала кривичната пријава. Михајловска само ја оспорила рeлевантната застареност и ми оставила можност за продолжување на спорот со тоа што апсолутната застареност ке настане за 20 години од датумот на последната службена белешка. Тој пропуст на Михајловска ке им зададе сериозни проблеми на чуварите на Тоталитарниот Едноумен Антимакедонски Комунистички Систем. Од фебруари 2008 па до фебруари 2014 година значи цели 6 години ке се бара судија и  начин како да се се оспори и апсолутната застареност и на крај и тоа ке го сторат со прекфалификација на делото кое според последниот , четвртиот, судија кој "дели правда" во предметот и ги побива троицата предходни судии кои не ја спорат кавилификацијата на делото дека тоа е казниво со казна од 10 години затвор и го квалификува кaкo делото кое е казниво со казна затвор до три години и според таа казна, апсолутната застареност настапила уште 2003 година :) :)
 
Овие два доказа-документа се вовед во она што ке следи а што сум го открил во документите кои биле понудени од Бордот на Бегалци. Докази со кои Бордот се обидел да докаже дека во Македонија НЕМАЛО КРШЕЊЕ на права на Македонци од ПОЛИТИЧКИ и ИДЕОЛОШКИ причини. Докази кои со пресудата дека судот ми одобрува ПОЛИТИЧКИ АЗИЛ успеав да ги побијам!

Но доказите кои ги понуди бордот откриваат дека "државниот" врв е најголемиот виновник за проблемите кои ги имала и има Македонија! Документите откриваат зошто Македонија имала и има пророблеми со признавањето!! Зошто Македонија има проблемите со името!! Откриваат зошто на Македонија и се случи Рамковниот договор! Откриваат дека двосмисленото референдумско прашање било со сосема друга цел од онаа која ја прокламираа Глигоров и останатите од марионетската власт.

Двата документа со кои бордот за Бегалци се обиде да докаже дека правата на етничка и национална основа на Македонците се кршени во Егејскиот, Пиринскиот и Албанскиот дел на Македонија откриват барем за мене, една сосема друга многу битна работа а тоа е дека Македонците како Нација, Народ, посебен етникум биле признаени од сите земји кои одобриле азил на Македонци од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија. САД, Канада, Австралија, Англија .... многу одамна, поточно пред распадот на Југославија, тоа признавање го сториле со давањето азил на Македонците од деловите на етничка Македонија кои се наоѓат во состав на други држави. Ако западните демократски држави признале дека постои Македонска НАЦИЈА, НАРОД .. нормално дека без двоумење би признале и джава на тој народ.
Еве ги двата документа на Англиски. Едниот има превод за вториот оставам кој е заинтересиран сам да си го преведе.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 Универзитет на Чикаго

Катедра на словенски јазици и литература

1130 Е 59 Ст

Чикаго, Илиноис, 60637


23 јуни 1995


Г-дин

Одсек за информативни услуги

222 Непеан Ст

Отава, ОН, Канада

Факс:


Почитуван


Прикачени се моите одговори на вашите прашања од 21 јуни. Сигурен сум дека сте свесни дека овие прашања се предмет на жестока дебата. На пример, официјалната политика на Бугарија е дека не постои македонски јазик, дека стандардниот македонски јазик е “варијанта” на бугарскиот и дека сите македонски дијалекти се бугарски дијалекти. Официјална политика на Грција е дека не постои македонско малцинство во нејзините гранинци и дека само Грција има право на името “Македонија”. Невистинитоста на овие тврдења е демонстрирана во фактот што Бугарија го признала македонскиот јазик и постоењето на македонско малцинство во рамките на своите граници од 1946 до 1948, додека грчката влада печатела учебник на македонски за македонското малцинство во Грција во 1925 г. Во обата случаи владите на Грција и Бугарија се вратиле на првобитната политика на присилна асимилација во моментот кога тоа го дозволила меѓународната политичка клима. Се обидов да ги формулирам одговорите на вашите прашања на начин кој ќе биде практичен за вашите потреби по однос на имиграција и барања за бегалски статус. Моите одговори се засновани на преку 20-годишно искуство со сотојбите во Р Македонија, Бугарија и Грција. Сакам да истакнам дека јас сум добитник на повеќе академски награди во регионот, како јубилејниот медал “1300 години Бугарија” (1982), како и наградата “Златна плакета” од УКИМ - Скопје (1991) и избор во МАНУ (1994) за моите придонеси кон бугарските и македонските студии.


Со почит,



Професор по словенска и балканска лингвистика

1. Дали постојат ралични варијации на македонскиот јазик? На пример, постои ли грчки македонски јазик, бугарски македоски јазик и југословенски македонски јазик?

Краток одговор:

Не, постои само еден стандарден македонски јазик чии што дијалекти ги пречекоруваат меѓународните граници, кои биле исцртани без обзир за лингвистичките граници.

Долг одговор:

Како безмалку секој жив јазик, македонскиот јазик има различни дијалекти. Кај сите јазици дијалектите се развиваат низ тек на времето и може, но не мора да се поврзани со политичките граници. Во случајот на македонскиот јазик, дијалектичките разлики биле развиени стотици години пред цртањето на границите во 1913 г (со некои ситни прилагодувања), и политичките граници немаат никаква врска со лингвистичките реалности. Како производ, некои дијалекти на македонскиот јазик се говорат ислкучиво во рамките на територијата на денешна Р Македонија, додека други ги пречекоруваат моменталните политички граници со Албанија, Бугарија и Грција. Стандардниот македонски јазик е заснован на централно-западната говорна група на Р Македонија. Терминот “варијација” се користи во лингвистичките кругови како ознака на специфични феномени, како на пример нагласувањето на различни слогови во даден збор, како цигара или магазин (некои велат ци-ГА-ра и ма-ГА-зин, додека други велат ЦИ-га-ра и МА-га-зин). Поскладно е тоа да го опишеме како “варијанта”. Овој термин се користи во лингвистиката во случаи кога постојат повеќе од еден стандард на јазикот, на пример северно-американскиот англиски јазик и британскиот англиски јазик се “варијанти” на едниот ист англиски јазик (на пример, во С. Америка зборот за боја се пишува различно од начинот на кој се пишува во В. Британија). Во овој контекст, може да речеме дека “варијанта” изразува контраст на “дијалект”. Англиските дијалекти од Јоркшир (В, Британија н.з.), Мисисипи (САД н.з.) и Њуфандленд (Канада н.з.) се токму “дијалекти”, а не “ватијанти” на англискиот јазик, бидејќи тие не служат како темел на стандарден јазик. Од оваа гледна точка, македонските дијалекти од Буграија, Грција (и Албанија) не претставуваат варијанти. Термините “грчки македонски” или “бугарски македонски” се безполезни, бидејќи постои само еден стандарден македонски јазик. Натротив, можеме да се послужиме со термините егејски дијалекти (Грција), пирински дијалекти (Буграрија), македонските дијалекти во Албанија, итн.


2. Постои ли “чист” македонски јазик?

Да, исто како што постои “чист” англиски јазик, “чист” кинески, или “чист” зулу јазик. Терминот “чист” е несреќен. Ова е термин кој никогаш не се користи во лингвистиката, и дури може да носи расни конотации. Точно е дека терминот се користи од пошироката јавсност, но основната мисла тука е дека тоа е нешто “добро” или “атвентично автохтоно” или “онака како што јас мислам дека тоа треба да биде”. На говорниците на македонскиот јазик, исто како и на оние кои ги говорат англискиот, францускиот, како и на говорниците на многу други јазици, им е јасно дека постојат образован јазик, народен јазик, елоквентен јазик, итн. Македонскиот, како и францускиот јазик, има кодофицирана норма, и како што е случајот и со францускиот, постојат оние кои се “пуристи”, односно на кои им пречи користењето на страни зборови и изрази. Јазиците си имаат свои животи, меѓутоа, нечијата “несиправност” за некој друг е модерно изразување. Поентата тука ми е дека постои “чист” македонски јазик, како што постојат “чист” англиски и “чист” француски јазик.


3. Дали етничките македонци во Македонија, Буграрија и Грција го зборуваат истиот јазик?

Прост одговор:

Да, како што сите англофони или франкофони зборуваат англиски или француски, и покрај дијалектичките разлики.

Сложен одговор:

Мнозинството на луѓе со македонски етнички идентитет зборуваат на македонски јазик, кој како што наведов во моите претходни одговори, е еден исти јазик. Меѓутоа, постојат и етнички Македонци во Бугарија и Грција, кому бугарскиот, и складно, грчкиот јазик им е прв јазик. Ова се деца на говорници на македонскиот јазик кои не научиле да го зборуваат јазикот на своите родители поради државен прогон. Така на пример, многумина во Егејска Македонија намерно го криеле македонскиот јазик од своите деца, поради страв дека детето ќе проговори на македонски некаде јавно, и со тоа ќе станат предмет на дискриминација, па дури и на казнено-поправни мерки. Овие Македонци им се откриле на своите деца откако тие станале возрасни, а тогаш веќе било доцна децата автентично да го научат македонскиот јазик. Некои од овие младинци, денес се индентификуваат како Македонци, и покрај тоа што тие го зборуваат само грчкиот јазик. Етничката идентификација на децата е заснована на нивното потекло, наместо на нивниот прв јазик, но во секој од тие случаи, родителите се говорници на македонскиот јазик. Исто така постојат и православни македонски христијани во Р Македонија, на кои албанскиот им е мајчин јазик, но се самоопределуваат како Македонци, на основа на нивната вероисповест. За овие, вероисповеста, а не јазикот е одлучувачката околност во етничкиот идентитет. Клучното прашање тука е концептот на “етнички идентитет”, кој може да се определи со низа различни фактори.


4. До кој степен бугарскиот јазик се разликува од македонскиот јазик говорен од етничките Македонци во Бугарија?

Ако под “бугарски јазик” се подразбира стандардниот бугарски јазик, тогаш постојат големи разлики, бидејќи стадардниот бугарски е заснован на дијалектите од североисточна Бугарија, а Пиринска Македонија се наоѓа во југозападна Бугарија. Додатно, пиринските македонски дијалекти се поблиски до соседните дијалекти во Р Македонија или во Егејска Македонија, одошто со нивните соседни бугарски дијалекти.
 
 
 
 
 
 
 
 
Времена Спогодба меѓу Република Грција и Република Македонија е потпишана во Њујорк на 13 Септември 1995 година!
Дали е случајност што Канадскиот Одбор за Бегалци бара мислење на три месеци пред потпишувањето на Времената спогодба! Бара мислење за нешто врз основа на што одобрувале азил на илјадници Македонци од Егејскиот, Пиринскиот и Албанскиот дел на Македонија!
 
Наместо Глигоров со таков силен адут во раце да бара признавање на Македонија тој се обидува со сите сили, без мандат од граѓаните со планот за асиметрична федерација да ја зачува Југославија.
Во контекстот за неостамостојување на Македонија е и референдумското прашање смислено во кујните на попречувачите на формирање на Самостојна, Суверена и Демократска држава Македонија. Да потсетам како гласеше референдумското прашање:


Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверените држави на Југославија
 

На ваквото прашање за, гласаа и оние кои беа за Самостојна и Суверена Македонија и оние кои беа за некоја си нова Југославија.
Ако прашањето беше децидно;


Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија!!


И да неуспееше референдумот ке беше од голема полза, ке помогнеше во расчистување на дилемата кај дел од Македонците, потполна и вистинска Самостојност или остаток во Србославија!! A тоа го знаеа подготвувачите на референдумското прашање и од тоа се плашеа. Ке беше од полза бидејки гинењето на Македонци во Српската освојувачка војна, осиромашувањето на Македониа со финсирањето на Српската осавојувачка војна ке створеше многу бргу потреба од нов референдум на кој прашањето:


Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија!!


Без проблем ке добиеше мнозинсто и Македонија ке прогласеше вистинска Самостојност и Суверенист.
По референдумското прашање многу блиску до оваа мое мислење е и Др. Јанко Бачев:
 

Тогашните релевантни политички чинители и денеска не убедуваат дека мотивот за ваквата формулација на референдумското прашање бил од тактичка природа, со двојна цел, да се неутрализира наводното незадоволство на тогашниот југословенски политички и воен врв кој се залагаше за единствена и федеративна СФРЈ, а од друга страна пак истовремено да и се "покаже" на ЕУ дека сме за суверена и независна држава. Ваквиот приод е комплетно тактичко промашување и само политички дилетанти, или пак добро контролирани државници од одредени дефинирани странски структури, можеле да практицираат вакви наивни солуции со кои мислеле дека ќе ја импресионираат европската јавност во процесот на нашето признавање. Но, овие перфидни потези на тогашните македонски државници кои преферираа во извесна смисла една полтронска референдумска стратегија на "сакам- несакам" самостојна држава, едноставно не можеа да поминат во ЕУ, која следејќи го својот интерес на просторите на поранешна СФРЈ, го опсервираше однесувањето на ЈУ-републиките од сите можни аспекти. Очигледно беше заборавен простиот факт дека полтроните секој ги посакува, но никој не ги цени, а контроверзното референдумско прашање не создаде ништо друго, туку европски интерес за постојано сомневање во однос на РМ, која пак веќе во оваа фаза од својата меѓународна одисеја беше со сериозно нарушен дигнитет и државничко достоинство. Во еден краток временски интервал, нашата двосмислена државничка политика мошне успешно, а на наша штета беше целосно демаскирана од страна на ЕУ, и пораката пристигна многу бргу.

Имено, на 7 декември 1991 година до сите претседатели на југословенските републики е доставено писмо - извештај изготвен од Арбитражната комисија на Хашката конференција за Југославија во кое се констатира: "Иако СФРЈ досега го задржа својот меѓународен субјективитет, особено во меѓународните организации, републиките изјавија желба за независност... Македонија, со Референдумот одржан во септември 1991, се определи за суверена и независна Македонија во рамките на асоцијацијата на југословенските држави". И при ваква состојба на работите, кај македонското државно раководство беше евидентно отсуството на потребниот капацитет за антиципирање на релевантните околности врз кои требаше да се градат соодветни надворешно-политички проценки и одлуки. За разлика од нас, пак, јасно изразената волја за независност на Словенија и Хрватска беше експлицитно нотирана во споменатиот допис од ЕУ и нивната непоколеблива и недвосмислена политика овозможи нивно де факто признавање веќе во овој период, а од формален аспект беше заокружено на 15 јануари 1992 година. Овие околности, односно поразителната политика на РМ во тој период, во однос на меѓународното признавање на РМ преку ЕУ, со "тешка мака"на еден начин ќе бидат елаборирани и од самиот македонски претседател кој на седница на македонското Собрание одржана некаде на крајот на ноември 1991 година ќе укаже дека на политичката сцена се афирмира признавањето само на републиките Словенија и Хрватска, а истовремено претседавачот со Хашката конференција за Југославија, лордот Карингтон, во врска со оваа "дилема" на македонскиот претседател ќе упати во овој период уште една директна порака дека признавањето на Словенија и Хрватска се подразбира . Аналитичката опсервација на предметната дипломатска писмена коресподенција на релација ЕУ-РМ, односно нејзина перцепција преку еден телеолошки приод, упатува на констатација дека основата на ваквото однесување на ЕУ во однос на нашето меѓународно признавање лежи длабоко во контроверзното референдумско прашање, но во услови на отсуство на национален експертски и стручен тим, ваквите околности презентирани од ЕУ на мошне софистициран дипломатски начин, неможеа да бидат апсолвирани на вистински и исправен начин, кој од своја страна пак би продуцирал рационални политички проценки и одлуки.

Во ситуација на целосна немоќ и незнаење, македонскиот политички естаблишмент се сврте кон "старите добри методи" сервирајќи и на македонската јавност манипулативни тези според кои за се ни се виновни "повисоките странски интереси и фактори" кои за волја на вистината играат одредена, но не и клучна улога. Македонските стручњаци од различни профили кои во тоа време се осмелуваа да побарат некаква вина кај македонските државници, односно предлагаа мошне умесни и издржани предлози и сугестии, "завршуваа" како македонски екстремисти и врховисти во рамките на тогашната служба за државна безбедност.

Причините за проблемот со името, спорот со Грција, секогаш се гледат од погрешен агол.
Проблемот со името е проблем смислен во кујаната на МАРИОНЕТСКАТА власт предводена од Глигоров. Еве цитат од многу интересен напис во 'Њујорк Тајмс’:
 
 
 
Во текстот на новинарот Дејвид Биндер, објавен на 4 јули 1992 г.во 'Њујорк Тајмс’, напишан по повод Лисабонската декларација, по која Македонија ја изгуби битката за името, се разоткриваат причините за тоа. Новинарот пишува дека "се’ до неодамна, САД и најголемиот број на влади на Европската заедница ја прифатија Република Македонија не само како нова независна држава, туку исто така и со своето избрано име. Но она што се променило, според европските дипломати и официјалните лица на американската администрација, била перцепцијата дека претседателот Глигоров бил спремен да направи некаков компромис по прашањето за името. Оваа перцепција била очигледно создадена од забелешките што пролетта истата година македонските лидери им ги кажале на европски официјални лица како и од страна на американски лобисти. Имаше индикации дека ќе има флексибилност, рекол висок член на Стејт департментот. Идејата за флексибилноста на Скопје била раширена минатиот месец од страна на Роберт Мек Фарлеин, поранешен советник за национална безбедност на САД, кој бил ангажиран пред неколку месеци како лобист од страна на македонците. По посетата на Глигоров на Вашингтон во средината на мај, Мек Фарлејн рекол дека ќе има договор, односно Глигоров гледа потреба за таков дил. Мек Фарлејн бил платен за својата работа од Џон Битов"...
  
 
Имено Егејскиот дел на Македонија, делот што го има Грција нема теоретска шанса да биде загорозен по ниедна основа од Р. Македонија. Колку проценти Македонци живеат во Егејска Македонија? Дали тие Македонци покажале или покажуваат дека се подготвени за "битка" за отцепување од Грција?? Одговор според мене на сите прашање е НЕ!! Да поставам исти прашањe и за Пиринскиот дел на Македонија, мојот одговор повтроно е НЕ. Ако такво прашање поставам за Вардарскиот дел на Македонија, дали постоеле и постојат Македонци кои се подготвени да водат битка за отцепување од СРБИЈА, мојот одговор е ДА!! Значи опасноста за Србија Грција и Бугарија е во Вардарскиот дел на Македонија. Затоа сите три држави со здружени сили работат Вардарскиот дел на Македонија да не се ослободи од Србија. Причината е проста, еден навистина слободен и демократски  дел на Македонија ке е опaсаност за другите два поробени. 



Македонскиот министер Стево Црвенковски во интервју од август 1994 година вели: Преговори околу името не се водени, ниту такви преговори може да се водат, бидејки Македонската страна неможе да прифати никаков договор кој би го загрозувал идентитетот на Македонскиот народ.

 
Од ова изјава на тогашниот министер за надворешни работи Стево Црвенковски јасно произлегува дека врвот на марионетрската власт е свесен што сторил со прифаќањето на "привременото име" или јасно кажано што сториле со ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО која е свесно направена за да осигури унишувањето на Македонија како држава и уништувањето на Македонскиот Идентитет. Ке се јават можеби некои "бранители на ликот и неделото" на Глигоров па ке кажат ама тоа што договорил Глигоров е само привремено име. Да името е привремено ама привременоста не е ограничена и онаа најлошото непостои клаузула во договорот со Грција дека ако не се договори име после 10, 50, 100 години се враќа името МАКЕДОНИJА. Сите овие пропусти говорат дека кај Глигоров и неговите наследници целта е иста!! Да нема Држава Македонија и да нема Македонски Народ!