Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

КОЈ МУ ГО ПОДМЕТНА КУКАВИЧКОТО ЈАЈЦЕ БОРЧЕ "БОЈ" НА СЈО??


ТРАЈКОВСКИ Јас им ја сервисирав телекомуникациската опрема на владата, па и во владината вила. Имаа проблем нешто со централите, па ме повикаа. Но бев случаен гостин. Сепак поради предходните контакти што ги имав со некои од тие министри, бев повикан на трпезата каде што седеа тие и се задржав извесен период додека не забележав нешто. Тоа што го слушнав во тие неколку префрлувања беше она што сега го контактирам и тврдам дека е така.

 Јордан Петровски 20.10.2016

СЈО под итно мора да се реши од Борче Трајковски "БОЈ". Мора да го раскине работниот однос со него се разбира ако сака да остане надвор од основаните индиции дека се приклонува на една од страните во аферата ПРИСЛУШКУВАЊЕ!
Борче "БОЈ" е СОРАБОТНИК на Тајната Полиција!! Поточно на еден од клановите или поточно на една од двете ИДЕОЛОШКИ спротивставени групи. Групите на Титовисти и Сталинисти или групата на Зоран Верушевски и групата на Силјан Аврамовски!!

 

-Дека СДСМ не е шала, односно дека има поткрепа во некакви тајни структури, најдобро се покажа во нивното опозиционерство. Но тогаш немаше барање оставка од лидерот, туку целата енергија се насочИ на проектот 'предвремени избори'. После сомнителниот избор наТрајковски зa апретседател, Црвенкосвки со дружината започнаа митингување низ републиката за рушење на владата. Се случи и палењето на американската амбасада, за што веќе опширно пишувавме. Но Георгиевски комотно владееше, уживајќи ја подршка и на меѓународните фактори. И откако добро се консолидираа 'мрежата' се разработи. Во август 2000 г, тогаш во улога на портпарол на СДСМ, Бучковски драматично ќе најави:

Или предвремени избори или ќе го активираме планот Б.

Само два месеци подоцна ќе стане јасно што содржел планот Б. Бевме сведоци на обидот за рушење на коалицијата одвнатре, преку таканареченото 'ново парламентарно мнозинство'НПМ, каде главните борци ќе бидат алтернативците на Циле и група пратеници што од ДПМНЕ ќе ги отцепи потпретседателот Борис Стојменов. Деталите И сценариото за планот Б се разработувани на тајни средбите што се одржувани во една приватна куќа на Водно. Планот не успеа. Се виде дека и Љубчо не седел со скрстени раце. Но тогаш се покажа дека владата се уште ја има подршката однадвор.

 

 

По неуспехот на планот Б се активира планот Ц или "ГОЛЕМОТО УВО", план чија копија ке беше и "ПУЧ"!!
Ако не се замешаа ЕУ и САД , разврската ке беше слична на онаа што следуваше по објавување на аферата "ГОЛЕМОТО УВО", да потсетам тогаш се случи Танушевци а сега се случи Куманови. 2001 Танушевци ескалира во судир од пошироки рамери но според некои новодобиени сознанија цело време менаџиран од луѓе внатре во Македонија. Куманово не ескалира од две причини свеста на луѓето и од Албанска и Македонска страна и правовремената интервенција на ЕУ и САД!!  Замешувањето нас ЕУ и САД и договорите ПРЖИНО 1 и ПРЖИНО 2 комплетно ги исфрлија од рамнотежа и двете спротивставени групи во УБК бидејки ЕУ и САД инсистираа на промена на системот а промена на системот значи растурање и изведување пред лицето на правдата на идеолозите и извршителите на ИДЕОЛОШКАТА ТАЈНА АНТИМАКЕДОНСКА ПОЛИЦИЈА! Таа задача ЕУ, САД и "НЕОПРЕДЕЛЕНИТЕ" граѓани очекуваа и очекуват да ја изврши СЈО!!
Одолговлекувањето на процесите за примена на договорите "ПРЖИНО' беше се со цел да се консолидираат позициите на двете групи кои по се непријателствата помеѓу себе ке ги одложат додека трае битката за зачувување на сиситемот.

Еве го сведочењет на Борче "БОЈ" за неговата улога:

 

Борче Трајковски пак ја опишува задачата што ќе ја добие дента кога е обелоденет скандалот 'Големото уво'. Неговата задача како нели 'лице за трансфер на податоци и информации' била да ги намами ВМРО-овците кон бизнисменот Тоше Пикон. Задачата успешно ќе си ја сработи. Впрочем, експресно од ВМРО-овциве и медиумите што тогаш ги контролираа ќе почне да се вергла опцијата или одбраната од скандалот дека фирмата блиска до СДСМ, 'Пикон' има опрема за прислушување. Сепак, и на Бој не му е јасно дали 'информацијата' што треба да ја размножи е вистинита. Има уште еден занимлив детал. БОЈ ќе дотурка дури до Љубе Бошкоски, во тоа време државен секретар во МВР. Бошкоски сепак ќе побарал да ги поткрепи тврдењата за Пикон со некакви документи. И она што е многу симптоматично е што откако на неговата врска од ДБК, 'Михајло' му пренел што бара Љубе од него, овој го смирил дека тоа не е никаков проблем.
... За само осум дена на мојата домашна адреса, ќе пристигне пратка од ФЕДЕКС, во која ќе ги добијам документите за наводната набавка. Испраќачот на пратката беше фирмата од Сингапур,

 

Борче "БОЈ", но за новата улога се разбира следи и нов имиџ и ново име, па така од Борче станува Боки а од "БОЈ" станува "БУРГИЈА". И бидејки се работи за "нов" човек, БУРГИЈА заборава што зборувал БОЈ, заборава на онаа што го кажал 2005 година во интервјуто во ФОКУС, од кое ке пренесам мал дел:

ФОКУС Кога го лоцираш почетокот на овој криминал?

ТРАЈКОВСКИ Без двоумење, организираниот криминал во Македонија започна во времето на првата политичка влада на Бранко Црвенковски, од 1992 година. Јас го лоцирам неговиот период затоа што во првите две години од плурализмот имаше некаков ентузијазам дека се создава сопствената држава, се градеа институциите. Но Црвенковски го создаваше системот кој ќе обезбеди сериозен и страшен криминал во државата.

ФОКУС Имаа ли контакти со Фамилијата?

ТРАЈКОВСКИ Имаа средби со Фамилијата. Трпе беше доста зборлест и тој не криеше, понекогаш дури и во некоја кафеана пред најобични луѓе знаеше да каже кои му се контактите, кој го заштитувал од полицијата и.т.н. Се до една августовска ноќ кога беше пронајден мртов во својот „Мерцедес“ откако се „истумбал“ на патот Струмица-Радовиш.
На неговиот погреб дојдоа многу познати личности од бизнисот, полицијата и политиката. Меѓу нив беше и големиот газда и скопски џентлмен Куцурелос. Едно време проструи информацијата дека на сметката на Куцурелос во Виена по „грешка“ биле улатени 20 милиони марки, од една скопска фирма, а тој успеал да врати 18 милиони. Неколку дена потоа, дали од „срам“ или од „грижа на совест“, човекот кој неизмерно го сакаше животот изврши самоубиство. И ова „самоубиство“ и „сообраќајката“ на Трпе ќе останат мистерија за јавноста.

ФОКУС Како битен момент кога се создава Фамилијата посочуваш една „тајна вечера“ во владината вила во Охрид. Од каде ти се овие детали?

ТРАЈКОВСКИ Да, тогаш падна наредба „парите и капиталот да се сконцентрираат во што е можна потесен круг луѓе блиски на владеачката гарнитура и тоа да се направи брзо и ефикасно“. Наредбата ја даде лично Бранко Црвенковски на тајна вечера што ја организираше со одбрани личности од бизнисот и политиката некаде во август 1994 година во владината вила во Охрид.
Покрај премиерот беа присутни тројца министри и тројца бизнисмени. Ова го знам изворно. По правило, секогаш наведувам дали некоја информација ја имам примено од некого, точно кажувам кога претпоставувам, но оваа информација не е чаршиска.
Сигурен сум во тоа што се случувало, затоа што баш тогаш и јас бев во вилата во Охрид. Ќе се воздржам да не ги именувам луѓето кои беа таму.

ФОКУС Како се најде во тоа друштво во вилата?

ТРАЈКОВСКИ Јас им ја сервисирав телекомуникациската опрема на владата, па и во владината вила. Имаа проблем нешто со централите, па ме повикаа. Но бев случаен гостин. Сепак поради предходните контакти што ги имав со некои од тие министри, бев повикан на трпезата каде што седеа тие и се задржав извесен период додека не забележав нешто. Тоа што го слушнав во тие неколку префрлувања беше она што сега го контактирам и тврдам дека е така.

 

ФОКУС Делуваш како да немаш надеж дека на т.н. Фамилија може да и се скратат пипците. Какви реакции очекуваш после книгата?!

ТРАЈКОВСКИ Се уште не гледам таков лидер што може да го промени тоа, да ги натера да го вратат она што го украдоа од народот. Има интелегентни луѓе, има храбри, самосвесни, ама никој не може да го направи тоа што треба. Причината е што ваквите сеуште се на долниот дел од табелата.
Наша единствена шанса е во масата, кога сите понижени, ограбени, осиромашени, гладни заедно ќе речат-стоп, доста беше. Неопходна ни е цивилизациска револуција. Не револуција со вили, мотики, калашњикови и бомби, туку целосна зрелост кај сите оние што им е јасно што им се случува, но немаат храброст да излезат и да кажат нешто.

 

"БУРГИЈА" 2012 година стана повторно подржувач на Бранко Црвенковски ако некој заборавил нека се присети на протести познати под името "ОТПОР"!! значи чинеше се Бранко да се врати повторно на власт. Вакви пресврти во живот единствено може да се направат само кога се исполнуваат задачи кои ги задава Тајната Идеолошка Антимакедонска Полиција.

пс. се надевам СЈО ке го свати текстов сериозно!!

ппс. малку е чудно што "новинариве' од другата групација никако не беа запознаени со оној битен дел на минатото на "БУРГИЈА", минатото кога бил крстен од Тајната Идеолошка Антимакедонска Полиција "БОЈ". Но не се виновни "новинарчињата' тие само се мегафони на луѓето од сенка засега!!