Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ДЕВЕТТЕ ЈУГОВИЌА ВО БИТКАТА ПРОТИВ МАКЕДОНЦИТЕ СЕКОГАШ СО ИСТИ МЕТОДИ

Јордан Петровски 16.10.2016

Пред некој месец напишав текст, ОПЕРСКИ МАНИПУЛАЦИИ, ДЕЗИНФОРМАЦИ И ЛАГИ. Во текстот понудив докази за замешаноста на Македонскиот политички и безбедносен врв во спасувањето на еден ТЕРОРИСТ. Спасување на човек кој бил еден од битните луѓе во операцијата "ОПЕРА" и "ЛАБРАДОР". Операцијата "ОПЕРА" која е дело на ЈНА вперена против осамостојувањето на Републиките на бившата СФРЈ. "ОПЕРА" која заедно со ЈНА според неодамнешната изјава на тогашниот министер на МВР, Фрчковски била ОПАСНОСТ за Македониjа и затоа МВР со сите расположиви сили се обидувало да ја неутрализира операцијата "ОПЕРА" и ЈНА. Ако било така, ЈНА и "ОПЕРА" да биле опасност за Македонија како што вели тогашниот министер Фрчковски како е можно еден од актерите на случувањата во спасувањето на еден од клучните луѓе на "ОПЕРА", Раденко Радојчиќ да е и аѓутантот на тогашниот председател на Република Македонија Киро Глигоров, полковникот Мирко Атанасовски? Како е можно полковникот Мирко Атанасовски после спасувањето на Раденко РадојчиЌ, кому му изготвил лажна лична карта, лажен пасош и лажен идентитет да после сето тоа стане ПОМОШНИК МИНИСТЕР во АРМ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И РАЗУЗНАВАЊЕ?? Затоа решив да дадам еден пример кој ке даде прецизен одговор на прашањето дали Македонија навистина се осамостоила, ке помогне да се согледа вистината за политиката на еквидистанца на Глигоров, ке помогне да стане докрај јасно кои луѓе ги водат и денска СДСМ и ДПМНЕ и на крај  да даде одговор дека Фрчковски денеска лаже во интерес на Србските интереси, интереси кои ги штител и кога бил министер и потпишувал решенија за следење, прислушкување на Македонцки само заради тоа што се злагале според со Устав загарантираното право за политичка борба за Самостојна и Демократска Македонија!!

До раце ми дојде документ насловен како ИНДИКАТИВНИ ВРСКИ И ОПЕРАТИВНИ СОЗНАНИЈА ЗА ПРИПАДНИЦИ НА АРМ а коj го составил ПОМОШНИК МИНИСТЕР ЗА БЕЗБЕДНОСТ И КОНТРАРАЗУЗНАВАЊЕ полковникот МИРКО АТАНАСОВСКИ.












Со документов несакам да изигрувам ничии бранител. Намерата ми е да презентирам документи од кои читателите ке можат да донесат суд за две работи:

-за вистинитоста на изјавата на Фрчковски дека власта чувствувала закана од ЈНА и операцијата „Опера“ , закани со кои бевме соочени во тоа време.

-за определбите на кадрите кои завземале високи функции во власта. Мирко Анастасовски аѓутант на председателот Глигоров и Шеф на военото разузнавање и безбедност



Кај мене а верувам и кај други посебен интерес ке придизвика овој дел:



Имено ПОМОШНИК МИНИСТЕР ЗА БЕЗБЕДНОСТ И КОНТРАРАЗУЗНАВАЊЕ полковникот МИРКО АТАНАСОВСКИ врз база на мислење на НЕПРИЈАТЕЛСКА служба, бара договор сo МВР и ДБК за опертаивни дејства против Илија Николовски!! Да потсетам дека според тогашниот министер на полиција Фрчковски, ЈНА представувала закана за Македнонија!!

За да подобро ја разбереме обрската на господинот Илија Николовски како воено аташе ке ги наведам задачите кои ги имло военото аташе:

-офицер за врска, задолжен за односи со воени власти на земјата домакин
-со посебно овластување извршува прелиминарни реговори за сите видови на соработка помеѓу државите
-задолжен е и за договарање и организирање на меѓудржавни билатерални средби на воените представници.


И најбитното:

Воено аташе не се праќа во секое дипломатско представништво, обично се праќа во држави со кои се има или пак сака да се оствари воена соработка.


Зошто тогашната Управата за безбедност на ЈНА прави таков извештај за Илија Николовски. 

Генерал Васиљевиќ началникот на КОС на почетокот на 1991 година ке изјави дека односите на КОС со истите служби во бившите комунистички земји, Романија, Бугарија, СССР, .... не е нарушен иако настапиле промени, почнало раздружувањето на Републиките. Значи неподобни за КОС и ЈНА можат да бидат само оние кои се обидуваат да воспостават соработка помеѓу земјата домакин во случајов на Илија Бугарија и Републиката, со раздружувањето Државата Македонија од која потекнуваат.

Големо прашање е дали грешката на Атанасовски е случајна кога вели Управа за Безбедност при ЈНА, Управата за Државна Безбедност или УДБа не делувала во ЈНА!! Значи атанасовски добро знае дека мерките кои ги превзема Слободан Милошевиќ веке од 1990 година, одат на разбивање на КОС и наметнување на СДБ на Србија како главен чинител веке вродиле со плод и дека всашност извештајот зџа Илија николовски е дело на СРПСКАТА УДБа!!
Наместо дописот да предизвика реакција кај министерот на МВР и тој заради веке очигледната поврзаност на полковникот Мирко Атанасовски со структирите на Белград да побара истрага сето тоа се прифаќа како нормално, како Македонија да не станала Самостојна држава а тоа е доказ дека целеиор државен врв во Македонија всашност е продолжена рака на Србија во во зачувување на Српските интереси во Македонија.

Со случајов на Илија Николоваки по кој знае кој пат се повторува приказната дека секој кој ке направи обид кој ке е од полза на Македонската држава во нејзиното осамостојување ке биде прогласен за странски шпион, соработник на Бугарија!!



Има уште еден многу битен елемет врзан околу делувањето на ЈНА и "ОПЕРА" во Македонијa

Добри Величковски на состанокот за Сина Птица изјавил:

 

Вие Ви е познато дека пред два дена е покрената иницијатива за нови избори. Тоа значи промена на структурата на власта....Сосема јасно. Непосредно пред изборите ќе ги осудиме оние од Велес, ќе направиме еден краток документарен филм од состанокот во "Сина птица", ќе го емитуваме на телевизијата и ќе ја искомпромитираме ВМРО - ДПМНЕ како терористичка. Ако треба и ќе ја забраниме.

 

 ВМРО ДПМНЕ од 25 години "самостојност" 14 години е на власт, во тие 14 години водството на партијата не се ни обиде да поведе истрага и таа истрага да заврши со судска постапка за аферите: " БУГАРСКИ ЛЕТОЦИ", "СИНА ПТИЦА", "ДУВЛО", "СТУДЕНСКИ ПРОТЕСТИ", "БУГАРСКА АМБАСАДА", "РУШЕЊЕТО НА ВЛАДАТА НА ГЕОРГИЕВСКИ", "ГОЛЕМОТО УВО" ....
Заклучокот ЗОШТО не го сторило тоа водството на партијата го оставам на читателите!!