Што е еврообврзница, колку веќе должиме и кога и како ќе враќаме

Владимир Петрески во својот текст: Што е еврообврзница, колку веќе должиме и кога и како ќе враќаме"на многу разбирлив начин ја објаснува погубната политика на задолжување на Груевски. Сајтот КОТЛЕ чувствува обврска да го објави овој текст. Се надеваме дека НОВА ТВ објавувањето на текстот нема да го разбере како пиратско дело бидејки КОТЛЕ не е комерцијален сајт/портал туку ке го разбере како обид вистината да допре до што поголем број на читатели.

3A61032C8D228C4A99C77C6ADE3EC0DA

Пишува: Владимир Петрески

Задолжувањата на власта постојано растат, јавниот долг постојано расте, каматите на долговите постојано растат, буџетскиот дефицит постојано расте. И што имаме од тоа? Куп железа и камења на националниот плоштад во Скопје, куп непотребни трошоци, корумпирани избори и сериозна политичка криза.

Што претставува еврообрзницата

Владата реши да се задолжи со нови 650 милиони евра. Тоа ќе го изврши, како и неколку пати досега, со издавање на хартија од вредност, која ќе претставува гаранција за овој долг пред кредиторите, односно оние што ќе ѝ дадат пари, а која се нарекува еврообрзница.

Името е такво зашто се издава во Европа и главно со неа ќе се тргува на европските пазари на капитал. Тргувањето, пак, значи дека оној што ѝ дал пари на владата, не мора да чека да измине целиот договорен должнички период,туку ќе може таа хартија од вредност, таа еврообврзница, да ја продаде и порано, односно да тргува со неа за пари или други хартии од вредност, ако така сака.

Износот на задолжувањето е најголем досега, иако владата пред само 2 години, во 2014-та,се задолжи со 500 милиони евра. Задолжувањето ќе биде на 10 години, што значи дека овој долг, Владата ќе треба да го врати во 2026 година. Долгот од 2014 ќе треба да се врати во 2021, а има и уште една еврообврзница, која владата ја издаде лани, во износ од 270 милиони евра, која, пак, беше со рок на враќање (или доспевање) од 5 години и таа треба да се врати во 2020 година.

Како се враќа и колкави се каматите

Еврообврзниците, за разлика од кредитите, не се враќаат на рати, туку се враќа целиот износ одеднаш. Во меѓувреме, должникот, во овој случај Владата, плаќа годишна камата. За Македонија, таа се очекува да изнесува околу 5 отсто, при што каматите на македонските задолжувања постојано растат. На еврообврзницата од 2014 каматата изнесуваше 3,98%,а во 2015 4,625%.

Она што е важно да се каже е дека ваквите камати се над остварениот економски раст на земјава лани, а далеку над планираниот за годинава. Ова значи дека „добивката“ (растот на економијата) што го остварува Македонија е пониска од каматите што се плаќаат за да се обезбеди таквиот раст.Каматата е, исто така, многу повисока и од каматите на долговите наразвиените европски земји зашто со себе носи поголем ризик.

Што е кредитен рејтинг?

Тоа го прават кредитните агенции како „Стандард и Пурс“ и „Фич“. Тие ова го прават и за потребите на кредиторите и на должниците. Одредувањето на кредитниот ризик се врши преку нешто што се нарекува кредитен рејтинг. Кредитниот рејтинг содржи оценка до која се стигнува преку анализа на резервите, задолженоста, но и економската и политичката состојба и стабилност на земјата што сака да се задолжи за да се одреди колкава е нејзината кредитоспособност, односно нејзината способност да ги врати долговите.

Оценките што овие две агенции ѝ ги имаат дадено на Македонија значат, во поширока смисла, дека земјата во моментов има способност да ги враќа долговите, но лесно можат да се случат потреси, кои би довеле до тоа таквата способност да се изгуби. Оценката на „Фич“е повисока од онаа на „Стандард и Пурс и тоа е такавеќе 3 години. Но, со оглед на тоа што во земјава се соочуваме со тешка политичка криза на која не ѝ се гледа крајот и која има посериозни последици и врз економијата, „Фич“ во своето образложение од минатиот месец по вторпат најави дека ќе ја намали оценката на македонскиот кредитен рејтинг и се очекува тоа да го стори кон крајот на оваа или на почетокот на идната година.

Токму ова е една од причините зошто власта сака токму сега да се задолжи, односно да го претекне намалувањето на кредитниот рејтинг, што, пак, би довело до зголемување на каматите. Тоа е и причина за ваквото големо задолжување одеднаш, а не на двапати во период од две години, на пример. Владата сака да земе што е можно повеќе пари сега со пониска камата, за да не мора да се задолжува и идната година со повисока камата.

Потрошеното наспроти заработеното или што е буџетскки дефицит

Друга причина е што на Владата објективно ѝ требаат пари далеку повеќе од оние што ќе влезат во националниот буџет. Некакво задолжување мораше да има, ако ништо друго тогаш заради враќањето на старите долгови и финансирањето на буџетскиот дефицит. СДСМ, на пример говори дека 250 милиони евра ново задолжување би поддржале.

Со години наназад власта троши повеќе отколку што добива средства во буџетот. Разликата меѓу потрошеното и заработеното во буџетот се вика буџетски дефицит. За разлика од првите 2 години од владеењето на оваа власт, кога буџетски дефицит или немаше или беше незначителен, тој во 2009 година почна да се зголемува и оттогаш постојано расте и тоа од 178 милиони евра таа година, на 359 милиони евра лани. Бројките покажуваат дека власта за 9 години потрошила вкупно 2,217 милијарди евра.

grafik dolgovi

После ваквото долгогодишно трошење повеќе отколку што на Владата и „била долга чергата“, таа има две опции. Да почне да ја намалува ваквата експанзија на трошењетои да започне да враќа повеќе отколку што се задолжува, или, пак, да продолжи да се задолжува со засилено или со исто темпо. Очигледно е дека е избрана втората опција. И за годинава Владата предвиде буџетски дефицит од 343 милиони евра (нешто слично како и минатите години), а од старите долгови треба да врати вкупно 349 милиони евра во земјава и во странство, од кои над 100 милиони евра се камати.

За земја како Македонија оваа сума  е огромна. Ваквото задолжување изнесува дури 6,7 отсто од бруто домашниот производ (БДП – што претставува вкупна вредност на сите стоки и услуги обезбедени во период од една година во една земја) или 22,6% од приходите во националниот буџет. Ако навистина оваа еврообврзница потрае во период од 2 години, тоа значи дека:

Во овие две години, секој 1 од 10 денари што владата ќе ги плаќа кон граѓаните и фирмите во следните 2 години, ќе ѝ биде незаработен, односно ќе биде резултат на ова задолжување од 650 милиони евра.

Следна причина за ваквото големо задолжување одеднаш се изборите. Точно дека идната година напролет ќе има локални избори, но не се знае точно кога ќе бидат парламентарните избори. Тие можат да се случат есенва, но, како што стојат работите, можат да се случат и напролет во 2018 година кога им е редовниот термин. Со оглед на ваквата несигурност, власта сака во следните 2 години да биде обезбедена со средства кои ќе ѝ стојат на располагање во секое време за да може да ги искористи кога и да се случат изборите.

Но, тоа не е оправдување што Македонија влезе во една ризична финансиска операција во која Македонија немаше потреба да влегува. Да се потсетиме дека првата евробврзница на оваа власт во износ од 175 милиони евра беше издадена во екот на светската рецесија во 2009 година, кога задолжувањето беше многу скапо и каматата изнесуваше дури 9,87 отсто. По три години, кога ова задолжување беше вратено, од буџетот беа платени 51,8 милиони евра само за камати освен главнината од 175 милиони евра. И покрај тоа лекцијата не беше научена, туку во истата таа година, насред рецесија (која во глобални рамки се смета за најтешка од Втората светска војна) власта започна и со изградбата на проектот „Скопје 2014“.

Колку непродуктивното задолжување е штетно покажуваат и новите економски истражувања според кои високата задолженост на една земја натежнува и врз нејзиниот економски раст. Едноставно, средствата кои секоја година треба да се плаќаат на име на главнина и камати се толку високи што државата која треба да ги плаќа се превисоки, така што мора да се редуцира трошењето на области какви што се образованието, здравството, поттикнувањето на важните економски гранки и слично, па таквата земја почнува да заостанува. Со оваа еврообврзницавкупниот јавен долг на Република Македонија ќе порасне на 51,7 отсто од БДП, или над 5 милијарди евра, односно над 2.500 евра по жител. Никогаш јавниот долг на земјата не бил олку голем и тоа посите 3 параметри. А, ако оваа Влада остане на власт подолго време, не би требалода чуди ако задолжувањето продолжи.

Сиромави и богати должници

Од рокот на доспевањето на двете поголемиеврообврзници, се забележува дека власта гледа тие да доспеваат на 5 години (2021 и 2026 година), но тоа не значи дека таа не може да продолжи да се задолжува и со издавање на еврообврзницисо подолг рок на доспевање како на пример на 15, 20, па и повеќе години. Задолжувања на 15 години власта веќе врши на домашниот пазар на капитал план со издавање на домашни државни обврзници, при што со нив се задолжува кај осигурителните компании и пензиските фондови. Развиените земји имаат обврзници и на 30, па и повеќе години.

Не би требалода зачуди ако оваа власт почне да госледи ваквиот пример од развиениот свет и да започне буквално да ги задолжува и нашите внуци. Проблемот е само што развиените европски земји и САД се презадолжени (за ваквиот став постои консензус меѓу економистите – затоа и имавме европска должничка криза), но, од друга страна, станува збор за богати земји, кои ваквото задолжување и можат да си го дозволат: имаат далеку повисоки девизни и златни резерви, како и имоти и други добра во странство, а имаат и должници во странство. Со оглед на фактот што ние ништо од тоа немаме и сме далеку посиромашни, не сме членки ни на Европската унија, а уште помалку на евро зоната во која валута е еврото, не можеме да користиме поволности од Европската централна банка и тн., слободно можеме да кажеме дека македонското државно задолжување е на грнаицата на дозволеното.

Не мора да е грчки за да биде опасен долг

Власта знае да каже дека ние сме далеку од било какви проблеми или од било какво грчко сценарио со оглед на фактот што јужниот сосед има јавен долг од дури 171% од БДП (сега веќе распределен на мали парчиња во следните 50 години), но ние дури и кога би сакале да се задолжиме толку многу не би успеале зашто би банкротирале многу пред да го достигнеме тоа ниво на задолженост. Ова значи дека не ни треба толкаво големо задолжување за да влеземе во многу тешка ситуација од која ќе ни биде тешкода испливаме. За работите да тргнат на полошо доволно е многу малку.

Уште една светска рецесија, нова должничка криза во Европа во која економскиот раст е минорен со години, нов должнички судир меѓу Грција и остатокот од еврозоната, кои како да се повторуваат на секои 2-3 години, засилување на политичката нестабилност во Украина и на Блискиот Исток или, пак, запирање на економскиот раст во земјава и евентуална национална рецесија заради успорување на странските инвестиции или нивно замирање од разни причини – како, на пример, одолговлекување на актуелнава политичка криза. Било кој од овие настани може да нѐтурне до работ од амбисоти да мораме да одвојуваме сериозни средства од буџетот за да можеме да го сервисираме нашиот долг за сметка на нашиот развој, па дури и за сметка за задоволување на некои до основните потреби на македонските граѓани.

Токму затоа, под итно ни е потребен нов ребаланс на буџетот, но овој пат таков кој ќе го минимизира буџетскиот дефицит, ќе не ослободи од сите непотребни трошења, ќе ја намали сумата на ова задолжување, не обраќајќи внимание дали ќе има избори или не, ќе стави крај на оваа непродуктивна експанзионистичка економска политика од која имаме само куп железа и бетон на националниот плоштад во Скопје, редица непотребни финансиски обврски, корумпирани избори, сериозна политичка криза на која не ѝ се гледа крајот и ништо друго. Доста е.

Read 1109 times