Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ДАЛИ НА 15 МАРТ НА МАКЕДОНИЈА КЕ И СЕ СЛУЧИ СРПСКИОТ 5 ОКТОМВРИ

Јордан Петровски

14.03.2016

Повикување на протест во овој момент е само пружање на рака на спасот на тоталитраниот Едноумен Комунистички Систем а со него и спас на Тајната АНТИМАКЕДОНСКА Идеолошка Полиција.
Дали ке се спаси Греувски и Фамилијата зависи од "рекомпонирањето" на силите во МВР а посебно во УБК, рекомпонирање кое било дозволено/извршено од ...

За да се вратам на битното ке потсетам на изјавата на Ванхауте:

-Проблемот не е една партија да се замени со друга, односно да се тргне ВМРО-ДПМНЕ и да дојде СДСМ.
-Вие имате системски проблем и тоа е она што треба да се промени.

Ке потсетам и на фактот дека веке нема преговори за исполнување на договорот "ПРЖИНО". Договор кој не е исполнет во најбитното, избирачкиот список, медиумите, задолжувањата ...

Ке потсетам и на тоа дека мегафоните на СДСМ не убедуваат дека Фуере и Ванхауте се исти во желбата да и помогнат на Македонија. Обидот да се изедначат Ванхауте и Фуере е преголема манипулација. Манипулација е заради тоа што го изедначува Ванхауте, човек кој јасно и гласно укажа на вистинскиот проблем кој го има Македонија-КОМУНИСТИЧКИОТ СИСТЕМ и Фуере, човекот чија битка беше да го врати на власт тврдокорното комуњарско крило во СДСМ.

Овие неколку работи на кои потсетувам ме плашат дека протестите се закажани за да дојде до судир. Веројатност за судир помеѓу протестантите на Заев и контарапротестантите на Грујо, "организирани" и предводени од Стевица подржикоњски се можни. 

Судирот, Македонскиот "пети октобар" е единстевен начин да се "прекине", без исполнување, на договорот "ПРЖИНО" кризата во Македонија  и Тајната АНТИМАКЕДОНСКА Идеолошка Полиција чуварот на СИСТЕМОТ да продолжи да ги влече конците и понатаму.