Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ДРАГАН БОГДАНОВСКИ СОРАБОТНИК НА УДБА!!??

Јордан Петровски 20.08.2015

Посетата на Драган Богдановски на Канада помеѓу двата изборни круга е многу нелогична, нелогична е од причина што диаспората не гласа, значи целта на посетата не е изборна кампања.
Што било толку битно Драган да е во Канада а не е во Македонија и да учествува во изборната кампања на ВМРО ДПМНЕ?? Многу битно прашање !!
Од видеово се гледа дека целта на посетата била и дискредитација на Дане Поповски преговарачот во име на ВМРО за спојување на ВМРО и ДПМНЕ.
 


 Драган во видеото вели дека Дане не бил член на ВМРО ДПМНЕ!! Но доказите говорат сосема нешто друго. 


[Image: Dane-Stefk4402.jpg]

На фотографијата од ОСНОВАЧКОТО СОБРАНИЕ одржанао на 17.06.1990 година, Дане присуствува со неговата сопругата, Дане е десно од жената, неговата сопруга во љиљаково.


[Image: danec272.jpg]

На фотографијава Дане и држи говор на ОСНОВАЧКОТО СОБРАНИЕ


[Image: Dane-kiche77f1.jpg]

Дане со сопругата Стефанија на Основачкото Собрание на Општискиот комитет во Кичево, тука присиствува и Драган Богдановски.

Дане со сопругата Стефанија на Основачкото Собрание на Општискиот комитет во Битола, тука Стефка и држи говор.

Драган во видеото изнесува и едно многу сериозно обвинување, обинување дека Дане е член на МПО. Да потсетам Драган е во Канада во ноевмри 1990 година, службена белешка во која Драган го кодоши Данета за наводна припадност на МПО, Дане му понудил на Драган да стане УРЕДНИК на "Македонска Трибуна" гласилото на МПО е од септември 1990 година.

Кој може да даде понуда за да некој стане УРЕДНИК на весник?? Драган на многу перфиден начин укажува дека Дане е во самиот врв на МПО.


[Image: dragan-slu760c.jpg]

[Image: dragan-slu254e.jpg]

Се наметнува прашање, ако Драган знаел дека Дане е член на МПО зошто го ставил, без знаење и дозвола на Дане, во координативното тело на ДПМНЕ.

[Image: Draganmlad14a0.jpg]


20 фебруари 1990 година Стохолм
За Координативниот комитет на Демократска партија на македонско национално единство
Председател ДРАГАН БОГДАНОВСКИ
Потпреседател ПАНКО СТАМКОВСКИ
Секретар ДАНЕ ПОПОВСКИ
Благајник БОРИС ПЕТКОВ

Сведочењето на Дане дека не бил консултиран за функција во координативното тело на ДПМНЕ

Драган не присуствува на Основачкото собрание на ВМРО ДПМНЕ одржано на 17.06.1990 година, во Скопје.
Причина за неприсуството е наводно немање на пасош.
Во писмото од 17 мај 1990 година кое Драган го праќа на Гоце Македонски алијас Гојко Јаковлевски, Драган објаснува дека добил виза за патување во Австралија. Виза се добива во пасош. На средбата во Минхен 30 мај-3 јуни 1990 година, Драган е присутен иако тој живее во Шведска!!! Значи да допатува од Шведска во Германија морал да има пасош.
Зошто е целата таа лага пласирана од Драган, Мане и Гојко Јаковлевски??

[Image: Dragan-Viz39b1.jpg]

[Image: 200563_194149e.jpg]
Драган во видеото од Торонто го обвинува Данета дека правел раздор во ВМРО ДПМНЕ. досега не сум сретнал докумет со изјава на Дане од тоа време. Дане сведочи дека кон крајот на август 1990 година, Драган доаѓа на почетокот на август во Македонија, добива понуда од Драган, тој-Дане, Змејковски, Диана заедно со Драган да зминат во Шведска и таму да прогласат дека тие се восдтво на партијата и партијата ја водат од таму. Дане го одбива тој предлог.
По се тоа е причината за Драгановото кодошење на Данета во ДБК и искажаните лаги на трибината во Торонто.
ако некој работел на дискредитирање на партијата тоа бил Драган со неговите настапи на МТВ, со писмата во Нова Македонија



[Image: DraganNM-1a008.jpg]

Писмото кое е пронајдено во станот на Драган Богдановски а кое го презентира Ставре Џиков јасно потврдува дека Драган Богдановски по инструкции на службата работел за разбивање на партијата.

Quote:Драган Богдановски живееше во Малме, Данска. На 29 јули шведските службеници од Социјалното одделение во Малме, со помош на сосетката Јованка Ѓоревска, влегле во неговиот стан кој бил празен.

Во станот не била пронајдена никаква архива туку само едно писмо за партијата ВМРО-ДПМНЕ, кое сакал да го објави во весникот „Нова Македонија“. Тоа било негово последно писмо кое не го објави, па еве ги неговите последни проштални зборови:

Прошталното писмо


„Досегашната историја на ВМРО-ДПМНЕ јасно покажува дека таа со многубројноста на своето членство, со своето семејство во демократскиот систем на македонскиот парламентаризам, е најголемата и најзначителна македонска партија.Ни една друга партија не ги изразува стремежите и надежите на македонскиот народ за една посреќна утрешнина како што тоа го изразува ВМРО-ДПМНЕ. Македонската младина е сплотена како авангардна комуна (?) во ВМРО-ДПМНЕ. За ВМРО-ДПМНЕ може слободно да се каже дека е партија на македонската младина, бидејќи младината на секој народ е негова иднина. Затоа и ВМРО-ДПМНЕ е партија на македонската иднина.

Во ВМРО-ДПМНЕ се организирани најпатриотските политички сили на нашата македонска нација затоа е чест и гордост да се биде член или симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ. Преку ВМРО-ДПМНЕ блескаат во нова историска содржина идеалите на славниот Илинден 1903.

Секој глас даден за ВМРО-ДПМНЕ, е глас за македонска Македонија, глас за Гоце, Даме, Никола Карев и за сите други херои на македонскиот народ кои се бореле или умреле. Македонија да живее слободна и независна. И покрај колапсот на тоталитарниот комунизам и создавањето на независната македонска држава и покрај воведувањето на повеќепартискиот систем во нашата македонска држава, а сé уште не е воспоставен вистински демократски систем. Македонија денеска целата липа под србокомунистичката диктатура и ропство кое ни остана во наследство од титовистичката Југославија. Србоманскиот врховизам кој беше озаглавуван од Лазар Колишевски, денеска сé уште живее и владее во Македонија, но заглавен од новиот Султан Абдул Хамит - Киро Глигоров.

Во Македонија не може да има вистинска демократија сé додека македонскиот народ со демократски средства, не со борба, не ја испрати од власта србокомунистичката диктатура на Киро Глигоров во чиј состав влегува и денешната македонска криминална мафија. Затоа, неминовно е потребно да ја закрепнеме нашата ВМРО-ДПМНЕ. За тоа ни е потребно единство во нашата партија. Јас, како еден од основачите на нашата партија, честит вмровец што со некои мои избрзани и непромислени пишувања придонесов за создавање неединство и истребување (?)...на нашата партија.

Претсмртното каење за Љубчо и за Партијата


Со ова писмо го повлекувам како невистинито сето она што го имам напишано против нашата партија особено против нејзиниот смел водач Љубчо Георгиевски. Ги молам членовите на нашата партија да ми простат за сторениот грев, а јас од моја страна сакам искрено да се сплотам во редовите на нашата славна партија и особено ги молам од мојата смртна енергија да ги повикаме за нов и уште поуспешен став на нашата партија.

На крајот, ги поздравувам сите членови и симпатизери на нашата партија и им порачувам уште повеќе да се сплотат околу Љубчо Георгиевски, кој е гаранција дека ќе се остварат идеалите на нашата партија. Сакам да подвлечам дека опасноста за интересите на Македонија не се состои во наводната и непостојна бугароманија на Љубчо Георгиевски туку во србоманијата на Киро Глигоров- диктатор, наследник на српскиот диктатор Лазар Колишевски. Нека ова поздравно писмо биде сфатено како моја искрена исповед и како грижа на мојата совест. Идејно и со своето полувековно политичко минато припаѓам на ВМРО-ДПМНЕ. Како вмровец сакам да умрам и да бидам испратен во гробот од мои вмровци – пишува Богдановски.