Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

КОИ БЕА КОДОШИТЕ??

 

Јордан Петровски 19.02.2015

-"Форумот на слободоумни патриоти го прашува режисерот Љубиша Георгиевски член на Граѓанското движење за одбрана на Македонија кога во неговата изјава вели: ,,граѓаните на РМ се соочени со една хистерија на кодошки менталитет” дали се сеќава на времето кога се формираше ВМРО ВМРО и ќе го каже ли јавно името на кодошот кој ја предаде идејата и се испазари со Љупчо Георгиевски?
КООРДИНАТИВНО ТЕЛО НА
ФОРУМОТ НА СЛОБОДОУМНИ ПАТРИОТИ"


[Image: keken-ljubbad0.jpg]

Единствен кој има морален кредибилитет да постави прашање за тоа КОИ БЕА кодошите а не КОЈ БЕШЕ КОДОШОТ и на Љубиша Георгиевски и на Координативното тело на Форумот на слободоумни патриоти е КУМАНОВСКАТА ГРУПА позната како "ДОКТОРСКОТО КРИЛО". Групата која веднаш по обзнанувањето на кадровските решенија на Љупчо 1998 godina, крена глас дека таквата кадровска политика е напуштање на принципите на ВМРО.

ЗОШТО ГЛАСАВМЕ ЗА ВАС!?”

Фокус 19.03.1999 година

Веднаш по изборите 1998 година, онаа од што најмногу се плашевме, СРБИЗАЦИЈАТА И КРИМИНАЛИЗАЦИЈАТА, го зафати ВМРО ДПМНЕ. Затоа, пред се како луѓе загрижени за Македонија, а потоа и како загрижени членови-ветерани за партијата, решивме да се обидеме да сториме нешто. Напишавме писмо - петиција што го потпишаа преку сто и триесет члена и тоа само за два, три дена .....


Групат испрати и петиција до партискиот врв, петиција потпишана од 137 члена, 95% членови од 1990 година. Во петицијата се укажуваше на напуштањето на ИДЕАЛОТ на ВМРО и србизацијата на ВМРО и тоа беше причината за петицијата и револтот. Наместо одговор од партискиот врв ангажираше, ни беше пратена елитата на разузнавачи и соработници на Тајната Полиција-УДБа, за да ја разбие групата. Тогаш го видов, го доживеав и преживеав системот на мерки кои ги употребува УДБа во битка против идеја која го загрозува тоталитарниот едноумен систем, тогаш видов кршење на луѓе со ненасилни методи кои го применува тајната полиција.

Кон Групата меѓу другите се приклучи Љубиша Георгиевски ... Но да не пишувам многу сега, ке цитирам делови од текстови кои сум ги напишал тогаш, 1999-2000 година.

ЗОШТО ГЛАСАВМЕ ЗА ВАС!?”
Фокус 19.03.1999 година

(Отворено до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Љубчо Георгиевски)

Ви се обраќаме уште еднаш за да ве известиме за состојбите во ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Куманово и за вкупните состојби во градот по победата на парламентарните избори 1998 година. Ви се обраќаме свесни за ризикот дека оваа информација нема да допре до Вас. Првото јавување беше на 16 јануари 1999, кога темелно ги образложивме мотивате на петицијата потпишана од 137 членови.




ОД БИВШИ РОБИЈАШИ И СИЛЕДЏИИ ДАРАВЕЛСКИ НАПРАВИ ДРЖАВНИ ЧИНОВНИЦИ!

Фокус 16 јули 1999 година бр.213

Понатаму, Јордан Петровски тврди дека “проблематичен” е и началникот на УВР Куманово Таса Богдановски, кому што Томислав Стојановски му е вујко, иако не е по прва линија. Инаку, тој е машински инженер, па така, многумина во Куманово се прашуваат зошто, во еден многу ризичен момент и во едно од најризичните подрачја во земјата, на таа функција е поставен човек без никакво искуство во таа работа.



ДОСТА ДИМОВСКА РАБОТИ ПРОТИВ ВМРО – ДПМНЕ

Фокус 06. август 1999г

РЕЈТИНГОТ НА ВМРО–ДПМНЕ ОПАДНА ПРЕД СЕ ЗАРАДИ КАДРОВСКАТА ПОЛИТИКА

Фокус 06. август 1999г

Целокупната состојба во ВМРО – ДПМНЕ, по победата на изборите во 1998 г. се влоши. Основна причина за тоа е крајно лошата кадровска селекција. Општинските координатори, поставени главно од Генералниот секретар Борис Змејковски, со поддршка на главниот партиски кадровик Доста Димовска, преку ноќ се трансформираа во локални градски моќници. Непотизам, устоличуванје на поранешни робијасши во државни чиновници, силеџии и членови на комунистички и пројугословенски партии, како и луѓе со поданички менталитет станаа основен критериум во составувањето на локалните градски кадровски листи. Тоа не се поединечни случаи: така е во Куманово, но, истото се случува во Битола, Прилеп, Гевгелија, Свети Николе, Штип, Делчево и други градови. Промоцијата на такви кадровски критериуми стана генерална политика на партискиот кадровик Доста Димовска. Како резултат на тоа се случи катастрофално опаѓанје на рејтингот на партијата.


РАСКОЛОТ ВО 1997 Е ФИКТИВЕН

Спорот меѓу Димовска и Змејковски од 1997 г. е фиктивен. Голем дел од потписниците на петицијата против Димовска се унапредени од неа самата. Дел станаа пратеници, а на дел од нив Димовска им подели високи позиции во новата власт ( Пане Велев, Филип Петровски, Александар Пандов, Рубенс Наумовски, Звонко Трајковски итн. ). Идејата на фиктивниот спор, според мене, беше да се зацврстат позициите на еден од нив (Доста), а другиот (Змејко) да остане како резервна варијанта.
Последно што го направи Димовска со кадровската политика, само посебе е доволно за да се извлече заклучок за нејзиното штетно работење. Ваквата лоша кадровска политика може да биде одраз или на краен дилетантизам, или на незаинтересираност, или пак на свесна намера.



КРИМИНАЛИЗАЦИЈА НА ВМРО ДПМНЕ

СВЕДОК 04.05.2003
КУМАНОВСКИ БУЛЕВАР 04.07.2003


ЉУБИША ЗА ПРЕДСЕДАТЕЛ

Соочени со зголемената криминализација на Македонија, која претставува опасност, како и засегнати со опстанокот на Македонија
како држава, група луѓе околу Љубиша Георгиевски, решаваме да ја поддржиме неговата независна кандидатура за Претседател на државата на изборите 1999 год.

Во отсуство на трет силен политички блок кој би можел да се бори против двете партии со инсталирани криминални структури, ние тргнавме од позицијата претседателот да е силна личност, која би дејствувала позитивно на политичките настани во државата. Оваа идеја прво се јави меѓу мене и Љубиша Георгиевски во летото 1999 год. во Охрид. Во почетокот на август, Љубиша Георгиевски замина за Лазарополе.
Таму тој беше посетен од Борис Стојменов кој покажал знаци за поддршка на нашата намера, зашто тоа беше сметано за елегантно одвојување од ВМРО-ДПМНЕ. Околу таа идеја почнаа да се собираат се повеке луѓе. Повеке од дваесетина интелектуалци се јавија да дадат јавна поддршка. Поблиска соработка му беше понудена од Мартин Панчевски ( брат на Милан Панчевски), Ѓунер Исмаил,Сашко Ордановски и. Љубомир Фрчковски (од “Форум” групата), Борис Змејковски и Иван Соколов. Тоа беше чист знак дека Љубиша Георгиевски нема да ги собере потребните 10 000 потписи.

Така, во Куманово , човек близок на Борис Змејковски (Мики Заовски) створи атмосфера на непотпишување, велејки дека кандидатурата на Георгиевски би значела смрт за партијата.Слични активности се случија и на други места....

На денот на вториот круг на претседателските избори, недела, јас се сретнав со Љубиша Георгиевски и Борис Стојменов, тогаш сеуште министер за финансии. На собирот дискутиравме за моменталната ситуација на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ. Јас и Љубиша заедно предложивме да се формира нова партија, додека предлогот на Стојменов беше да се формира фракција во рамките на ВМРО-ДПМНЕ. Моето мислење во врска со предлогот за фракцијата беше дека таква шанса имавме за Претседателските избори и остана неискористена, и тоа покажа дека таквата идеја е осудена на пропаст од самиот почеток.


БРАНКО СЕ ОТКАЖА ОТКАКО ГО ПРАШАВ ЗА ДРАГАН


За време на тие мои интензивни патувања во Скопје, преку еден мој роднина, на негово барање имав неколку пати видувања со таткото на Бранко Црвенковски. Тој се понуди да посредува во разговорите со син му, кои одеа во следнава насока: во случај новоформираната партија да преземе дел од пратениците и ако се формира нова влада, Бранко Црвенковски премиерското место да му го отстапи на Борис Стојменов. Но, откако го замолив да го праша својот син Бранко, кој го штител Драган Далаверски во судскиот процес против Народна Банка на Македонија и кој му овозможил да е дел од државниот шверц на цигари од почетокот на 1996-1998 год. човекот повеќе не ми се јави!
Во меѓувреме, на групата и се приклучи и Борис Змејковски. Се искристализира идеја за формирање нова партија. Името го даде Љубиша Георгиевски ( ВМРО – Вистинска - македонска реформска опција), а тој ги подготви и основните документи и платформата за новата партија.
Се беше готово... повторно да не се успее!

ps. делот на текстот во кој не е опфатено моето досие го напишав 2000 година, но немаше кој да го обајви. Оваа се делови од тој текст кој е објавен 2003 година.



СТОЈМЕНОВ САКАШЕ ДА БИДЕ ПРЕМИЕР ВО ВЛАДАТА НА ЦРВЕНКОВСКИ!



Фокус 07.10.2010

Се обидовме да издејствуваме прием кај Премиерот Љупчо Георгиевски, но свативме дека нема теоретска шанса за таква средба. Кога не успеаја да не скршат со закани, почнаа со посуптилните методи на УДБА: посети од Скопје, де Гроздан Цветковски, де Ставре Џиков, де Александар Цветковски... де нови "подржувачи" како што се А.А., брат му на шефот на ДБК во Куманово М.А. кој потоа станал началник како награда за успешното растурање на групата, па внучето на Роте Заовски, капетанот на КОС, Б. С. ..... беа како пијавици, ќе се залепеа за некого и додека не го одвлечкаа од групата не го оставаа. Она што не го сторија со револвери и ќотек, го сторија со интриги и оговарања.....


... Како што и е познато на македонската јавност, наместо една партија се формираа неколку. Дојде до недоразбирања помеѓу мене и Стојменов. Повод беше неговиот наум за купување на пратеници. Околу купувањето на пратениците разговаравме јас и Борис. Повод беше прашањето колку пратеника ќе и пријдат на партијата, а јас го пренесов онаа што го знаев од нашата група, а тоа е, дека Ненад Ристевски сигурно ќе се придружи на новата партија и дека реални проценки од онаа што сме разговарале со Ненеда е седум - осум пратеници. Ненад беше сигурен дека и Александар Бато Талевски ќе замине со него.Стојменов ми одговори дека тој е решен и дека ќе купи доволно пратеници.
Во тој момент ги сврзав средбите со татко му на Бранко Црвенковски и неговата понуда и решеноста на Стојменов да се купат пратеници и ми стана јасно дека моето место не е тука.