Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

КРИМИНАЛОТ НА ГРУЕВСКИ И ФАМИЛИЈАТА !!??

 

Отворивме бунар без дно, видете што правеле во Скопје 2014!

Прес конференција, СДСМ
Петре Шилегов, портпарол
Скопје, 17.01.2015 год.

Почитувани граѓани,

2014 заврши. Се прават пресметки, анализи, на повеќе полиња како поминала годината па ред е да се погледне и во скопското камено поле Проектот Скопје 2014. Што донесе, што однесе, што ни остави. И што да се види! Бунар без дно! Денеска ќе зборуваме за само 5 примери.

Ова е објектот на Македонската филхармонија. Според официјалните изјави дадени лани требаше да чини околу 7.000.000 евра. Сеуште не завршена, оваа зграда, не однесе двојно повеќе пари, не однесе тројно повеќе пари, не однесе ни четири пати повеќе. Зградата на Македонска филхармонија, од Проектот Скопје 2014 година, во 2015 година сеуште се гради и до сега има изедено околу 41.000.000 евра (40.900.000 евра) народни пари!

Споредбите со изградени концертни сали во регионот, дури и во светот шокираат.

Ова е Концертна сала во Фрибург, Германија по којашто е граден објектот на Македонска филхармонија е двојно поголема а чини помалку!

Да одиме и во поблиското соседство: Концертната сала  во Солун, изградена на двојно поголема површина чини дури помалку од недоизградениот објект на Македонска филхармонија во Скопје.

Еве го примерот со незавршениот проект Карпошово востание. Според основниот договор, плоштадот Карпошово востание требаше да чини 5.000.000 евра. До сега се потрошени двојно повеќе пари, 10.300.000  евра. За 4-те фонтани, само хонорарот на омилената скулпторка на власта на Груевски, Валентина Стефановска, е плус 1.500.000 евра (1.487.900 евра)! Вкупно до сега Карпошово востание однесе близу 12.000.000 евра! Ама камо да беше тоа се. Оваа година се земаат нови 760.000 евра пари од Буџетот на РМ, со што плоштадот ќе достигне трошоци од околу 13.000.000 евра, ако имаме среќа да заврши годинава.

Ова е паркот Пионир Плаза во Далас, Тексас, на 17.000 м2, со 73 споменици чини 9.000 долари или најмалку 5.000.000 евра помалку од нашето Карпошово востание.

Реконструкцијата на објектот на Стариот театар беше најавена дека ќе чини 6.000.000 евра. Но реконструкцијата заврши за околу 40.000.000 евра! Повеќе од 34.000.000 евра од предвиденото!

Музејот на ВМРО според основниот договор требаше да чини 4.500.000 евра. Еве колку чини. Околу 15.000.000 евра повеќе! 20.596.000 илјади евра!

 


Мост ОКО првично требаше да чини 1.500.000 евра. Потрошени се 1.500.000 евра повеќе. 2.700.000 само за изградба, плус со спомениците и хонорарите сумата се издига на околу 3.000.000 евра (2.959.178 евра)

За споредба, не во светот, не во регионот, во истиов град, Скопје, двата моста, на Вардар кај Хром и мостот Близнак, низ кој се вози, чинат според објавеното двојно помалку од пешачкиот мост ОКО.

Почитувани граѓани, ова што денеска го објавивме не е ништо во споредба со она што ќе го слушнете и видите документирано во следните неколку дена за наводно патриотскиот проект Скопје 2014.

сабота, 17 јануари 2015

 

Обично не превземaме париски пресови, но оваа, барем по наша оцентка мора да се пренесе, вакви информации и во иднина ке превземаме!!