Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

НА СЕКОЈА ЛАГА И СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ ПА ТАКА И НА ЛАГИТЕ НА ЕДЕН ОД "УБИЈЦИТЕ" НА РИСТО ШИШКОВ

Иван Бабановски: Не. ПОО “Табакера” БЕШЕ ВО НАДЛЕЖНОСТ НА МОЈОТ СЕКТОР КОЈ ГО РАКОВОДЕВ, НО СО РИСТО ШИШКОВ ИМАВ ПРИЈАТЕЛСКИ ОДНОСИ ПРЕКУ БРАНКО ВАРОШЛИЈА.


ПОО "ТАБАКЕРА" е досие кое е отврено на 09.09.1975 година и е заведено под број 6407.

 
[Image: Photographd52b.jpg]



Бабан не работел на ПОО "ТАБАКЕРА" цело време директно, благодарејки на својата бескрупулозност во уништување на луѓе тој напредувал во кариерата . Tоталитарните едноумни системи такви луѓе секогаш ги наградувале со напредување во службата.
Тоа одење понагоре на Бабан му давало поголема моќ а со тоа и поголема можност да ја искаже својата изопаченост. Изопаченост која се должи на условите во кои растел.
Од скенов се гледа дека тој го инструира инспекторот кој го води досието "ТАБАКЕРА" како да се однесува кон Ристо;

 
[Image: Photograph317b.jpg]

 

Иван Бабановски ....И ДВЕТЕ ПРЕКРШОЧНИ ПРИЈАВИ КОИ МУ БЕА ПОДНЕСЕНИ НЕ БЕА ПОДНЕСЕНИ ОД ОВР ВО СКОПЈЕ ТУКУ, МИСЛАМ ДЕКА БЕА ОД СТРУГА И СТРУМИЦА,


Не е битно кај се поднесени, битно е КОЈ ДАЛ НАЛОГ да се гони Ристо, да се суди, да оди во затвор а со та да живее под стрес, да остене без работа и така да му се уништи животот. 

 

 
[Image: Photograph070c.jpg]



За да се добие малку појасна слика за карактерните особини на Бабан еве едно сведочење:

 
[Image: Photographba0b.jpg]



Секоја лага во денешни услови кратко трае, па така и лагите на Бабана.
Ристо имал досие пред "ТАБАКЕРА", од тоа досие комисијата за лустрација не даде ниту една службена белешка. Но го даде доказот за постоење на тоа досие:

 
[Image: Photograph38cd.jpg]



Тоа досие е отворено на 07.03.1972 година

 
[Image: Photograph2878.jpg]



и е под број 6002.

 
[Image: Photographdccd.jpg]



Причината за отворање на досието лежи во бобашките напади:

 
[Image: Photograph486a.jpg]



Оперативните Акции "ПЛАСТИКА":

 
[Image: Photograph87da.jpg]



На УДБа, луѓето со болните умови кои обично ги вработувала УДБа, заради градење на свои кариери биле подготвени да правт местенки за да апсат и судат луѓе со име, луѓе кои недозволувале да ги контролира УДБа, системот. Луѓе кои се почитувале себеси. Во предходниот текст напишав а сега пак ке повторам , целта на Оперативните Акции "ПЛАСТИКА" била исклучиво да се наместат и осудат НЕВИНИ И НЕСКРШЛИВИ луѓе. Оперативни акции "ПЛАСТИКА" имало 4 или 5 и биле под посебни имиња: "УНИОН", "БАНКАРИ" зависно преку ког е правена местенката, поточно во која група на судеи за ВМРО , УДБа имала свој соработник, но Дане Поповски и Ристо Шишков, биле главна цел во нив.

 
 
[Image: Photographaeba.jpg]

 

 
 
[Image: Photograph62ad.jpg]

 

 
[Image: Photographc11a.jpg]



Во "БАНКАРИ", соработникот е "КОРЧАГИН" на кого УДБа за да му обезбеди идеално алиби му води и досието на "прогонуван" во кое "КОРЧАГИН" бил под псевдоним "СМИЛЕВАЦ".

Дека Ристо бил од голем интерес на УДБа и на испекторот Бабан говори и оваа службена белешка. Заради просторот не ги пренесувам цели:

 
[Image: Photographd1af.jpg]

 

.
[Image: Photograph7d98.jpg]




Како се викала акцијата во која е НАМЕСТЕН и осуден поетот Јован Котески незнам, акција која е дел од серијалот "ПЛАСТИКА", "серијал" кој започнал по се 1970 година, а по се завршил 1986 година, ке биде добро керката на поетот Јован, Јасна да прикачи делови од досието, да прикачи службени белешки и да помогне во разобличувањето на монструмот УДБа кој сеуште неприкосновено ја владее Македонија.
Се надевам дека слободоумните Македонци, слободоумните граѓани на Македонија, независно од идеолошките определби ке согледаат дека лустрацијата на Груевски е само добро смислен план на УДБа да се сокријат нејзините злодела и ке го кренат гласт против таквата лустрација.
Додека не се поведе судска постпка за местенките: "ПЛАСТИКА", "СИНА ПТИЦА", "БУГАРСКА АМБАСАДА", УДБа ке ја владее Македонија , УДБа ке е сопственик на душите на сите луѓе кои живеат во Македонија.

ps.многумина ке се запрашат зошто нема мој одговор на обинувањата кои Бабан ги искажува за мене лично. Нема, тоа е стара и веке излитена УДБАШКА пракса, цел на тие обвинувања е да ја сврти дискусијата на кон мене, јас да дематирам а тој да иазмислува нови лаги и така во недоглед. Во поранешните обинувања од Бабан бев соработник на УДБа, сега гледам сум бил соработник на КОС, сигурно ке стасам и до соработик на ЦИА, БНД, МОСАД ... а можеби и на ИСИС. За лажго како Бабан не е проблем да смисли лага.
pps ако Саше и после овој мој текст побара коментар од Бабан би му препорачал да го запраша Бабан кога го добил академското звање Професр, кога магистрирал, кога доктоирал, кога гопоминал патот од асистет до Професор на Факултет за Безбедност.

Јордан Петровски