Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ГЛИГОРОВ ПРЕГОВАРАЛ СО НЕГОВИТЕ АТЕНТАТОРИ!!??ДАЛИ ЗАТОА НЕ ДОЗВОЛИ ДА БИДАТ ПРОНАЈДЕНИ

Митот за Киро Глигоров и неговата чесноста и бранењето на интересите на Македонија чии председател беше полни 9 години, го урна неговиот син Владимир Глигоров. Со следната изјава:

"Мојот дедо не бараше спогодба со оние кои подоцна ке го убијат. Мојот татко бараше....."

Со кого можел да преговатра Киро Глигоров? За Македонија во Дејтон, кој се случи набргу, немаше за што да се зборува. Ама Дејтон значеше крај на санкциите и крај на потребата од шверцот на цигари. Македонија беше важна алка во ланецот. За политичкиот врв, Киро Глигоров,  во Македонија шверцот во период 1992-1995 бил оправдан и го дозволувале, го организирале бидејки парите оделе за финасирање на војната, војна за "спас на Југославија".

Ке цитирам што напишал Момир Булатовиќ во неговите мемоари. Цитатот објаснува многу:

".. го прашав Мило Ѓукановиќ дали е свесен дека сега мора да се прекрати со шверцот на цигарите. Одговорот беше потврден. Дали тоа е можно да се стори за еден месец, беше моето следно прашање? "Јас тоа можам да го сторам за еден ден" возврати отсечно. Ми се чини дека тој ден не го дочекавме. Самоуверениот Мило заборави дека не е лесно да се излезе од тоа оро. Мафијата не го толерира прекинот на дотокот на парите. Не е важно дали на некој зел доволно, па лично не му требаат повеке. Парите мораат секојдневно да пристигаат, инаку ... мафијата не му простува никому."