Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

РЕВИДИРАНИ СТАЉИНИСТИ, ВАНЧОМИХАЛОВИСТИ И АНАРХО ЛИБЕРАЛИ ЈА „ДЕМОКРАТИЗИРАА“ И „ОСАМОСТОЈУВАА“ МАКЕДОНИЈА II

Пишува Јордан Петровски

„Ревидирањето“ на лица е специјалитет на комунистичката инквизиција. На македонско тло, за прв пат овој метод бил применет почнувајќи во 1948. год. за време на таканаречениот период на Информбиривците кои биле испраѓани на на Гoли Оток. Бидејќи методов се покажал како многу успешен се применува до денешен ден. Дека е така имаме свежи примери во Филип Петровски, Марјан Додовски и Валентина Божиновска, помеѓу другите. Ревидирањето означува промена на „ставот“ за кој дотогаш предметот на ревидирање бил непрекорен борец. Суштински, ревидирањето значи убивање на човекот во човека. Тоа означува благодарност кон ОЗНА/УДБа/КОС/СДБ за фактот што таа му овозможила на предметот да свати дека е виновен, и дека тие му дале шанса „вината“ да си ја покае со „Баци Рака“ на врховниот водач, за потоа да може ја докажува вернооста секој ден со кодошење, соработка со неа во „откривање“ на новите неосознаени виновници. Ревидирањето значи значи лојалност кон ОЗНА/УДБа/КОС/ СДБ, односно духовно потпишување на доживотна соработничка оданост. Во многу случаи—да не речеме во 99% од нив—одданоста се пренесува од колено на колено.

Знаеме дека текстов нема да промени ништо во однесувањето на Власта, ниту на „опозоцијата“ во начинот на спроведувањето на лустрацијата што претставува основни услов за демократизација и национално помирување во Македонија.

Текстов има сосема друга цел: да остави сведоштво, од автентичните учесници на обидот Македонија навистина да се осамостои и демократизира. Се надеваме она што ќе биде запишано тука ќе послужи на генерацијата што доаѓа конечно да го оствари вековниот сон барем еден дел на Македонија да биде навистина самостоен, слободен и националното (но и граѓански) помирен.

Подстоеле два концепта за зачувување на Југославија, едниот на воениот врв:

Admiral Branko Mamula, u svojoj knjizi “Slučaj Jugoslavija”, detaljno je objasnio idejni, programski i provedbeni pristup JNA kao političkog čimbenika u jugoslavenskoj državnoj zajednici...."U drugoj polovini 1986. i početkom 1987. g. razrađene su političke osnove, kriteriji procjena za odluku i počele su operativne pripreme. Pripreme su pokrivale mjere budnosti i povišene borbene gotovosti održavane po zvaničnim odlukama Predsjedništva SFRJ i planovima Saveznog sekretarijata za narodnu odbranu i Generalštaba". (str. 88.) Daljnji razvoj događaja, osobito sukobi u komunističkom rukovodstvu zemlje, narastanje velikosrpskog nacionalizma te "separatizam" sjeverozapadnih republika, učvrstili su u vrhu JNA spoznaju o neizbježivosti vojnog udara. Štoviše, "? bili smo posve odlučni. Osnovni planovi i jedinice su bile spremne" (str. 102.),. Mamula piše kako je namjera "bila da dobijemo vrijeme za minimalno političko sređenje i odlaganje sporova, a najkrupnija rješenja zajedničke države odložiti dok ne protutnje turbulencije koje su zahvatile istočnu Evropu: očuvati Jugoslaviju, a reformirati je u mirnijim uvjetima." (str. 8.) To znači zadržati "status quo" dok se ne smiri protukomunistički pokret u Europi, dok nacionalna individualizacija istočnoeuropskih naroda ne posustane i dok iznova ne ojačaju suprotstavljanja između Istoka i Zapada. Tada će se Jugoslavija moći nametnuti kao geopolitički i geostrateški čimbenik kakav je bila u razdoblju nakon 2. svjetskog rata. “


За спроведување на концептот за кој зборува Генерал Мамула е избран Aнте Марковиќ:

"Ante Marković je dobio ulogu mađioničara koji će omogućiti bivšoj komunističkoj eliti privatizaciju sve imovine bez novca, kako bi oni postali nova klasa krupnih kapitalista...."

И вториот на Слободан Милошевиќ, преку воведуање на системот "еден човек - еден глас" , централизација на Југославија или попрецизно изразена српска доминација, легализирање на Голема Србија под името Југославија.!

Во Македонија и двата концепта се толкуваа на исто, СРПСКА доминација. Доказ дека е така, Милошевиќ воопшто не се ни обиде да организира митинг "на вистината" за да го собори режимот во Скопје. 
Но искусните апаратчици за да не се згреши, можеби ке победела концепцијата на ЈНА а со тоа ке биде елиминиран големосрпскиот нацинализам, бараат човек кој ке го управува бродот во разбрануваното море. Имали посигурен човек од оној кој опстанал 50 години покрај Тито, ги преживеал сите чистки, сите дворски игри:

„‘Се собравме во вилата на Михајло Апостолски, кој беше оженет за сестрата на Киро Глигоров, Цвета. Таму бевме јас (Кљусев), Ѓорѓи Наумов, Јордан Мијалков и Борис Змејковски. Ние одлучивме дека, преку Пане Велев, треба да го вратиме Киро во Македонија, зашто тој има доволно искуство да ја води државата’.“

Кога ке се погледне кој се присуствивал на "собиранката" во вилата на Михајло Апостолски се наметнува прашањето по која основа се состанале овие луѓе, што ги поврзувало. КОЈ ГИ ПОВРЗАЛ.
Состанокот по се се одржал пред да завршат првите повекепартиски избори или пак по самото завршување на изборите. Но едно е сигурно состанокот се случил пред решението на ВМРО ДПМНЕ да се преговара со Андов, Реформските Сили и Гошев СКМ ПДП за поделбата на власта по изборите. 
Зошто Змејковски на состанокот на езерото Младост кога се договараше стратегијата на партијата за преговорите и кога беше побарана и добиена оставка од Голубовски заради слично деание, преговори со членови на стариот извршен совет за формирање на ВМРО-вска влада, не спомена дека и тој имал слична мисија но со други структури. Змејковски со присуството на "собиранката" во вилата на Михајло Апостолски исто како Голубовски ја прекршил одлука на партијата. 

Одговорот денеска сам по себе излегува на виделина. Обелоденувањето на преговорите на Голубовски и "жртвувањето" на Голубовски е направено за зацврстување на позицијата на Змејковски. Истото сценарио е употребено и 1997 година кога требаше да се зацврсти позицијата на Доста Димовска, тогаш "жртва" беше Змејковски 

Prekid suradnje KOS-a i republickih SDB-ova je znacio da se preslo na teren specijalnog rata.
Tako se 1991 formira OPERA-odjeljenje za propagandni rat, sa sjedistem u Domu avijacije u Zemunu. 

 

 

 

  

 

 

 

Во Македонија раководството на чело со Глигоров е за концептот на воениот врв, односно за спроведување на планот "ОПЕРА". 

Но во структурите на тајната полиција во Македонија, доминантна улога имале луѓе од просрпска -промилошевиќевска определба. Дека тоа е така и дека не се работи за случајност зборува однесувањето во Македонија кон лицата пензионирани по Брионскиот пленум, лица блиски до великосрпската политика на Ранковиќ. Голем дел од нив, оние најверните во Македонија беа поставувани за директори, стечајни управници и се разбира нивната соработка со ДБК никогаш не престана. А кого ке кодошеле тие, подржувачите на великосрпската политика сигурно не. Интересно ке биде да се прочепка каде се нивните деца. 

Пред да продолжам понатака ке напишам збор два за причината зошто судирот помеѓу КОС и УДБа или поточно КОС и следбениците на Mилошевиќевата визија за Македонија, досега не излезе со сета жестина на виделина. Имено, додека во ВМРО ДПМНЕ, ВМРО имаше влијание, односно имаше членови кои беа вистински следбеници на идеата и мотото на ОРГАНИЗАЦИЈАТА ВМРО, и КОС и УДБа водеа битка ВМРО ДПМНЕ да ја исчистат од ВМРО вци и така да да ја исправат сопствената лоша проценка за ефектот од спојувањето на ДПМНЕ со ВМРО ПРАВДА, односно ефектот кои кај Македонците ке го предизвикаат четирите златни букви ВМРО. 
Чиската на ВМРО вци во ВМРО ДПМНЕ почнува со мал интензитет после Прилепскиот конгрес, по Кичевскиот зема потполн замав и завршува некаде по изборите 2008 година 
Бидејки ВМРО, единствениот и вистинскиот чинител кој ги загрозуваше интерестие на СРБИЈА во Македонија беше поразен, неминовно беше да дојде до борба внатре во СРПСКИТЕ ИНСТАЛАЦИИ. Богоевски уверен сум се надеваше дека со активирањето на екипата од УЈДИ, формирањето на "Балканска Транзициона Правда", "РЕКОМ", .., Тадиќ ке победи во Србија и така ке го врати приматот на КОС за тргнување во конечна пресметка сo службата сo промилошевиќевска определба, која веке почна да се најавува: РЕЖИМОТ НА МИЛОШЕВИЌ КОРИСТЕЛ 150 АГЕНТИ ВО МАКЕДОНИЈА. Богоевски и неговите како да не ја истолкуваа јасната пораката која им беше упатена преку Груевски, од нивните противници, порака во форма на "одбивањето на Груевски" да го номинира Керима за председателски кандидат 2009 година.

"Во октомври 1991 година, два месеца пред трагичното загинување на првиот министер за внатрешни работи во плурална Македонија, од одредени структури во МВР била подготвена посебна информација за соработниците на некогашната КОС, кои дејствувале на територијата на Македонија. Со степен на државна тајна таа била подготвена во два примерока - еден бил доставен до тогашниот претседател Киро Глигоров, а другиот до архивата на МВР.

- Точно е, постои таква информација. Не ми е позната нејзината понатамошна судбина, но верувам дека примерокот за претседателот Глигоров се наоѓа во архивата на оваа институција. Колку што се сеќавам, на списокот имаше околу 96 лица од разни безбедносни, политички и економски структури. Тие тогаш се наоѓаа на раководни функции и беа членови на двете водечки наши партии. Некои од нив и ден-денеска држат политички функции, а некои се и во најблиското опкружување на премиерот Никола Груевски - вели Александар Диневски, кој во времето на подготвувањето на информацијата бил помошник-началник во секторот аналитика на МВР.
За информацијата дознава и КОС, ја добива во копија и во Белград веднаш се закажува вонредна седница на Генералштабот на ЈНА. "

Оваа е аларм за "ОПЕРА" и "ОПЕРИСТИТЕ", ваква информација може да се прави само по налог на министерот Мијалков, бидејки Глигоров преку Богоевски кој е подсекретар на СДБ и Трајанов потсекретар за јавна безбедност и се луѓе од висока доверба на Глигоров ја контролира МВР и министерот Мијалков и со сигурност Глигоров не би дозволил луѓето кои треба да ја работат "ОПЕРА" да бидат откриени.

Трајанов и Богоевски - „верни сенки“

Тој беше робусен, наивен и несмасен политичар, кој за еден полицаец, во деликатното време на сукцесија на Хрватска и Словенија и премногу зборуваше и автономно настапуваше, што не беше по волја на претседателот Глигоров. За време на едно радио промовирање, интервјуто на Мијалков будно го следеа тогашните потсекретари Павле Трајанов и Слободан Богоески, првиот за јавна безбедност, вториот на СДБ. Двајцата произлегоа од тимот на прославените осуммина, кога во предвечерјето на плурализмот се конфронтираа со тогашниот квартет во Извршниот совет: Гоговски - Трпеновски - Беличанец - Климовски. Во таа конфронтација за департизација на МВР осумтемина ја добија поддршката од Васил Тупурковски.

- Мијалков од седница на Владата беше повикан на телефон од Киро Глигоров, за да оди на состанок кај Грачанин. Фактички не бил закажан никаков состанок, бидејќи подоцна проверивме. Мијалков претчувствуваше нешто. Ми рече: "Бате Коле, не ми се оди". Па не оди - грубо му реков јас. Се вратив на седница, а него повторно го повикале, заминал дома, зел пижами и тргнал. Потоа се случи сообраќајката кај Бујановац. Имаше изјави од сведоци дека тркалото се вртело пред несреќата. Други велат дека не се знае што имало во колата. Трето, не е јасно зошто потсекретарите Трајанов и Богоевски отидоа на местото на настанот, за да ја преместат колата без присуство на членовите на тогаш формираната државна комисија. По една таква несреќа не смее да се преместува возилото и од него да се земаат чанти и материјали. Зашто, јас знам какви материјали носеше тој.

- Глигоров и Андов ми вршеа силен притисок да го сменам Мијалков. Тогаш мислам дека тој тргна по некои материјали за нив, за да ги прикаже во вистинското светло. Во таа "лабораторија" не знаеме што се можело да има.

Затоа следи и казната кон Мијалков. 
Дека тоа е така зборува сведочењето на Богоевски:

"Ни кажа дека во времето кога бил директор на УБК негде година или две по осамостојувањето во Македонија ќе се случел скандал без преседан – на Табановце со црвена потерница имало налог за апсење на тогашниот актуелен министер за внатрешни работи. Онака тивко развлечено промрморе дека лично тој требало да го сочека на границата а обвинението било за издавање државни тајни на странски тајни служби и субверзивни дејствија. За жал тогашниот министер беше ликвидиран според претпоставките на Цобе од службите кај кои бил оти разбрале за црвената потерница во Македонија. "

И случајно на местото на несреќата ПРВИ пристигат лица на ЈНА:

-Во службениот џип пух бевме јас и возачот, како и полковникот Алексиќ и заставникот Докмановиќ”, вели Шкрбина.
-Шкрбина опишува што се случувало по самата несреќа: “Ние дојдовме на местото на настанот по 30-ина секунди, бидејќи бевме на неколку стотина метри од местото на несреќата.

Црвената потерница можел да потпише Глигоров или Кљусев. 
Кога Андов се обиде 1993 година да го напушти Глигоров и политичкиот курс на Глигоров, доживеаа сообраќајка кај Тетово, ке немаше ништо поврзувачко со сообраќајката на Јордан Мијалков ако и за сообраќајката на Андов не беше ВИНОВНА истата СИНА ЛАДА со Гнилански таблички која ја предизвикала и сообраќајката на Мијалков. 

Ке посочам еден многу битен настан а кој досега никаде не е споманат. 
Есента 1991 година, Јордан Мијалков му упатува покана на Костадин Смичкоски* да стане министер во влада. ??? 
Смичковски вели:

"Тој ми се јави овде да ме вика да одам таму влада да праиме на времето. Абе ајде реков ние....(неразбирливо)...па после еден месец го отепаа "

Малку е "чудна" таа покана, бидејки во тоа време СДСМ поднесува интерпелација за Јордан Мијалков, односите помеѓу Мијалков и Глигоров се заладени. Глигоров сакал да го отстрани Јордан Мијалков од владата а ваму Мијалков се обидува да формира влада!! Сево оваа наведува на вербата на Мијалков дека концептот на "ОПЕРА" нема да успее наспрам концептот на Милошевиќ.

Од каде е врската на Мијалков со Смичковски?

Смичкоски - Тој си беше нивни човек. Во времето јас го запознав како студент, а Нада, мајка му на Никола ми беше ученичка во средно медицинско. Него ми го претстави Саво Коцаре. Тогаш само што излезе од затвор се запиша на Правен и заедно студираа. Арно ама после тој тргна таму во Чешка, беше преставник на голема фирма

Ке посочам неколку детали кои ке посведочат за улогата на Глигоров во планот "ОПЕРА"

-Второто наше подобро запознавање беше во 1990 година, во времето кога тој беше советник на претседателот на СИС, Анте Марковиќ. Економската програма на сојузната Влада или на Анте Марковиќ, како што се нарекуваше, во која значаен удел имаше и Глигоров

Zašto ste na kraju odabrali Graz?

- Dok sam bio u Beogradu, razmišljao sam o Italiji, da odem tamo preko Makedonije, čak sam se i dogovarao s Kirom Gligorovom. No, to mi nije bilo sigurno, nisam znao hoće li to proći, mogu li uopće tuda pobjeći. Čak sam razmišljao i o tome da ostanem u Makedoniji. Onda sam zaključio da to ne bi bilo najbolje.

S Gligorovom ste bili prijatelj?

- Bio sam s njim dobar. Na kraju sam odlučio ići u Austriju.

И најбитниот доказ, спасувањето на Раденко Радијчиќ еден од творците на "ОПЕРА":



За крај на овоаа продолжение :

Ако списокот е правен да се прочисти МВР од луѓе на КОС тогаш морал да се направи список и на луѓе кои ја подржуваа политиката на Милошевиќ, луѓе кои организираа одења на Македонски граѓани на митинзите на "ВОЖДОТ", луѓе кои дадоа налог да се прислушкуваат и набљудуваат просториите на ВМРО ДПМНЕ. 
Таков список до ден денеска не е направен. Неправењето на таков список јасно зборува во кои води плови македоската лаѓа во овие дваесет и кусур години

Во идното продолжение за улогите на: емисарот на К. Црвенковски, Блаже Ристевски, Генерал Аџиќ ...