Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

РЕВИДИРАНИ СТАЉИНИСТИ, ВАНЧОМИХАЛОВИСТИ И АНАРХО ЛИБЕРАЛИ ЈА „ДЕМОКРАТИЗИРАА“ И „ОСАМОСТОЈУВАА“ МАКЕДОНИЈА I

Пишува Јордан Петровски

„Ревидирањето“ на лица е специјалитет на комунистичката инквизиција. На македонско тло, за прв пат овој метод бил применет почнувајќи во 1948. год. за време на таканаречениот период на Информбиривците кои биле испраѓани на на Гoли Оток. Бидејќи методов се покажал како многу успешен се применува до денешен ден. Дека е така имаме свежи примери во Филип Петровски, Марјан Додовски и Валентина Божиновска, помеѓу другите. Ревидирањето означува промена на „ставот“ за кој дотогаш предметот на ревидирање бил непрекорен борец. Суштински, ревидирањето значи убивање на човекот во човека. Тоа означува благодарност кон ОЗНА/УДБа/КОС/СДБ за фактот што таа му овозможила на предметот да свати дека е виновен, и дека тие му дале шанса „вината“ да си ја покае со „Баци Рака“ на врховниот водач, за потоа да може ја докажува вернооста секој ден со кодошење, соработка со неа во „откривање“ на новите неосознаени виновници. Ревидирањето значи значи лојалност кон ОЗНА/УДБа/КОС/ СДБ, односно духовно потпишување на доживотна соработничка оданост. Во многу случаи—да не речеме во 99% од нив—одданоста се пренесува од колено на колено.

Знаеме дека текстов нема да промени ништо во однесувањето на Власта, ниту на „опозоцијата“ во начинот на спроведувањето на лустрацијата што претставува основни услов за демократизација и национално помирување во Македонија.

Текстов има сосема друга цел: да остави сведоштво, од автентичните учесници на обидот Македонија навистина да се осамостои и демократизира. Се надеваме она што ќе биде запишано тука ќе послужи на генерацијата што доаѓа конечно да го оствари вековниот сон барем еден дел на Македонија да биде навистина самостоен, слободен и националното (но и граѓански) помирен.

Кон крајот на 1989. год. две групи на стари борци за обединета, самостојна, суверена и демократска Македонија, независно една од друга, следејќи ги случувањата во светот после падот на Берлинскиот Ѕид и веќе неминовниот распад на Југославија сакаат да го остварат нивниот многугодишен сон, заради кој дел од младоста го провеле во Идризово, Зеница и другите КП домови на Југославија, а зрелите години под постојан прогон од УДБа во Македонија и низ Европа, Северна и Јужна Америка.

Групата во Македонија освен идеја неправи ништо поконкретно. Свесни се дека за УДБа ќе се прелесен залак.

Групата што е емиграција е исклучиво составена од членови на ВМРО ПРАВДА. Овој состав е решен да оди до крај во својата заложба. За да го елиминираат најсилното оружје на УДБа, етикетата која ја им е закачена од раните денови на титова Југославија—а за која се свесни дека УДБа повторно ќе ја употреби за да ги неутрализира: Ванчомихајловизмот—Костадин Смичковски оди на разговор кај Ванчо Михајлов. Помеѓу другото, разговорот има за цел да се постигне согласност со Михајлов тој да не ја оспорува употребата на името ВМРО. Михајлов беспоговорно ги прифаќа барањата на Смичковски. За прифаќање и поддршка на идеата, пресудно кај Михајлов е што и тој е свестен зошто УДБа, за разлика од неговите еднакви од движењата на Хрватите, Словенците и Србите, го остава жив: за да биде „Баба Рога“ со која УДБа не само што ќе го плаши граѓанството во Македонија, туку и да биде пословичната кал со која ќе ги валка сите лица кои се неподобни по Режимот. „Деца вие бевте и останавте Македонци,“ ќе заклучи Михајлов. „Правете, но знајте дека УДБа ќе ве попречи. Јас сум веќе престар да го менувам онаа што сум го тврдел за себе сиве овие години.“

На кратко ќе се навратиме подалеку во минатото за да оставиме уште едно многу важно сведочење. Имено, кон крајот на шеесетите и почетокот на седумдесетите години на дваесетиот Век, откако водачите на ВМРО ПРАВДА еден по еден излегуваат од затвор и постингуваат каква таква консолидација на своите животи низ светот и во Македонија, заклучуваат дека ВМРО ПРАВДА треба да згасне. Истите сметаат дека движечката сила кон македонското осамостојување повторно треба да стане ВМРО—Организацијата, која е единственото тело кое континуирано се залага за третман на Македонецот како еднаков на секој друг човек на светов. Предвониците на ПРАВДА се свесни дека доколку на чело на Организацијата остане Ванчо Михајлов, тогаш таа нема да биде успешна во својата заложба. Затоа, истите заклучуваат дека е неминовно да се постави нов водач на истата. Нивни избор е Др. Костадин Смичковски, човек кој долги години е во самиот врвот на ВМРО, поради што Ванчо Михајлов одлично го познава. Братот на Костадин, Бранко е човекот кој се грижи за безбедноста на Михајлов.

Но, како што му е познато на секој читател, транзицијата од Михајлов до Смичковски нема да се случи. Промената нема дојде благодарение на дворските игри на луѓето околу Ванчо Михајлов. Тука мора да се издвои Вида Боева (сестрата на Проф. Георги Боев и лична секретарка на Михајлов), чија основна грижа и задача е Ванчо да остане на чело на Организацијата, при што етикетата за пробугарскиот карактер на ВМРО би останал негибнатa. Од колкава важност за УДБа е да не дојде до промена во врвот на Организацијата зборува и фактот што луѓето на УДБа во овој период прават обид да го ликвидираат Костадин Смичковски. „Смичко“ ќе мине цели две години во Германија сокривајќе се од џелатите на УДБа. Откако се стекнува со впечаток дека заканата по неговиот живот е мината, Смичковски се враќа во Лугано. Кратко по неговото враќање во Лугано го напаѓа чудна болест за која ниту тој иако бил лекар до крајот на животот не ја утврдил диагнозата. Интересно е што истата болест го зафаќа и зетот на Анте Павелиќ со кој Костадин е многу близок пријател. Смичковски е убеден дека болеста е резултат на обид за негово труење од страна на УДБа. По долгодошно боледување од оваа мистериозна болест, Доктор Костадин Смичковски конечно ја губи борбата во зимата 2012. год., но не пред да остави вредни сведочења за неговото учество во делувањето на групата од ВМРО ПРАВДА.

Да се вратиме на случувањата од 1989./90. год. Многу бргу по средбата на Смичковски со Михајлов се случуваат два битни настана, кои по наше видување се клучните во попречувањето на македонското осамостојување, а со тоа и демократизација. Покрај другото, настаниве прејасно укажуват дека Ванчо Михајлов бил под контрола, односно, опсервација на УДБа.

Драган Богдановски во почетокот на 1990. год. најавува формирање на партија Демократска Партија на Македонија по иницијатива на еден Академик и двајца универзитетски професори од Скопје кои тајно се среќават со него во Шведска за да му ја изложат идејата.



Во тоа не би било ништо чудно и спорно доколку во Координативниот Одбор на партијата не ги вклучува Дане Попоски и Данчо Бојковски, без да ги извести и да добие согласност од нив. Попоски и Бојковски се луѓе од врвот на ВМРО ПРАВДА, десничари чија идеа била Македонија под протекторат на Америка. Првичното име на ВМРО ПРАВДА е ВМРО С.Д.Р.М.А. (Слободна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка). За овој потег Богдановски за прв пат ги известува двајцава во февруари 1990. год. Во тој разговор Дане, Јоне, Данче, Петре и Киро го условуваат своето учество во формирањето на партијата со тоа да пред ДПМНЕ да стои ВМРО. Богдановски го одбива предлогот. Кај Драган Богдановски постои одбојност кон ВМРО. Тоа може да се заклучи и од неговите пишани работи . Тој скоро никаде не го споменува ВМРО, ниту пак се повикува на ВМРО како историска Организација со заложба за поедначување на Македонците со останатите светски народи. За тоа сведочи и Дане Попоски.

Драган Богдановски иднината на Македонија и по распадот на Југославија, ја гледа и понатака со комунистичка идеологија како дел од „Обединета Советска Македонија“ или „Балканска Федерација.“



Ова не треба да зачудува или пак да предизвика посебно изненадување. Проучувајќи ги подлабоко гледањата на Богдановски, тој по сѐ бил левичар:

„Всушност Драган Богдановски за првпат ќе биде оквалификуван како противник на Југославија, по состанокот со Владо Дапчевиќ, еден од творците на ‘Нова КПЈ’, формирана со подршка од тогашниот СССР, кој на таков начин сакаше да ја преведе Југославија во тогашната социјалистичка заедница и Варшавскиот договор.“

По разидувањето помеѓу Богдановски и ВМРОците, 15.03.1990. год., тој во „Млад Борец“ го ојавува Манифестот на ДПМНЕ без да направи корекција во Координативниот Совет, односно, без да ги повлече Дане Попоски и Данче Бојковски.



Во тој период Богдановски прави обид ДПМНЕ да се формира во Македонија.
Ѓорѓи Доцев сведочи за тој обид за основање на ДПМНЕ и вели:
„Во Април 1990. год., на основачкото собрание на МААК, јас, Бужаровски, Б.Змејковски, Панко, Звонко Станковски внукот на Драган Богдановски како луѓе блиски со Драган Богдановски и со идеја ДПМНЕ да се формира во Македонија се обидовме наместо движењето МААК, да се формира ДПМНЕ. Бужаровски го образлози предлогот, но тој не наиде на одобрување од покренувачите на иницијативата за формирање на МААК, Г. Тодоровски, А. Поповски, Б. Јосифовски.“

Откако пропаѓа и тој обид на ДПМНЕ да му се даде национален каркаткер и со тоа да се елиминира опасноста од формирање на партија со ВМРОско обележје, повторно се актуелизираат преговорите со ВМРО.

Дане Попоски од САД пристигнува во Битола. По некукодневен престој во Битола на 26.4. 1990. год. оди во Ресен, за да продолжат со преговорите. Уште при слегување од автобусот е пречекан од Борис Змејковски и Дијана Транталовска. Попоски се наоѓа изненаден од пречекот и од сооштението дека тие се овластени од ДПМНЕ да преговараат со него.

Во тие денови, крајот на април 1990. год., во куќата, поточно во дворот на Дане Попоски е постигнат конечен договор за спојување на ВМРО со ДПМНЕ. На договорите како представници на ВМРО присуствуваат: Наум Андоновски од село Перово, професор по Англиски; Гоце Андоновски од Царев Двор и Митко Николовски од село Перово, сите од ресенско.

Општопознатото одење во Минхен е договарано во хотелот „Метропол“ во Скопје. За Минхен треба да одат: Дане Попоски, Владимир Голубовски, Љупчо Георгиевски, Борис Змејковски и Владо Транталовски.

Драган Богдановски не присуствува на основоачкото собрание, наводно нема пасош за да дојде. Но, на 17.06.1990. год., на денот на основачкото собрание Дрган Богдановски пишува писмо до Гоце алијас Гојко Јаковлевски, во кое сеуште не го прифаќа договореното соединување помеѓу ВМРО и ДПМНЕ, во писмото тој зборува за ДПМНЕ, но и објаснува дека поседува валиден пасош! Во писмото Драган вели дека "вчера добив туристичка виза за Aвстралија". Како е можно да добие виза, ако немал пасош??



Драган Богдановски во Македонија доаѓа во август 1990. год., и не останува долго. За време на тој предстој се среќава неколку пати со Дане Попоски и на тие средби Богдановски го убедува Дане да заминат заедно со Дијана Транталовска и Борис Змејковски за Шведска и од таму тие да ја раководат партијата. Попоски таквата идеа ја отфрла бидејќи негледа никаква логична причина за таков потег.

По одбивањето на предлогот на Драган Богдановски во септември 1990. год.,Драган Богдановски за Дане Поповски ќе даде изјава на инспектор на СДБ „дека припадниците на ванчомихајловизмот во СРМ настојувале да влезат во ВМРО и ја преземат власта ... и дека од Дане Попов имал понуда да стане уредник на гласилото на МПО ‘Македонска Трибина’.“ Дане Попоски никогаш немал авторитет во МПО.



Средбата помеѓу СДБ и Драган Богдановски е остварена по иницијатива на Драган Богдановски.



Дане Попоски со неговата сопруга Стефка останува во Македонија и присуствува на формирањето на скоро сите Општински Комитети. Со тоа ја исполнува обрската која ја добил од соборците од ВМРО ПРАВДА.

Чудно е што од академикот и универзитетските професорите нема ни трага ни глас, целиот координативен совет е составен од луѓе од дијаспората. Уште почудно е што до ден денешен никаде не се споменати имињата на Академикот и двајцата универзитетски професори.

Ова е составот на Координативниот Совет:

1. БОГДАНОВСКИ ДРАГАН, претседател на Координациониот, совет, Шведска;
2. СТРАХИЛ ПЕЕВ, потпретседател на Координативниот совет, Шведска;
3. ПАНКО СТАМКОВСКИ, потпретседател на Координативниот совет, Австралија;
4. ДАНЕ ПОПОСКИ, секретар на Координативниот совет, САД;
5. БОРИС ПЕТКОВ, касиер на Координативниот совет, САД;
6. ЈОНЧЕ ТРАЈЧЕСКИ, член на Координативниот совет, Австралија;
7. ДАНЧО БОЈКОСКИ, член на Координативниот совет, САД;
8. СТОЈАН КОВАЧЕВ, член на Координативниот совет, Франција,
9. МИЛЕ ИЛИЕВСКИ, член на Координативниот совет, Шведска.

Дали биле известени, и дали дале согласност останатите на авторот на овие редови тоа не му е познато. Но, она што наведува до констатација дека составот на Координативниот Совет е направен така, е поради тоа што УДБа не знаела кој сѐ е вклучен во иницијативата за возобновување на ВМРО. Затоа Координативниот Совет е составен исклучиво со луѓе од дијаспората.    

Продолжува