НОБЕЛОВЕЦОТ ОД МУРТИНО

Martin Trenevski

М-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор

02.02.2019
Светската метропола Муртино, која во историјата даде многу светли ликови, пред се во политиката (!?), но и во ептен многу други области, деновиве беше почестена со уште една возвишена акција: иницијативата за прогласување на личноста со иницијали ЗЗ (се разбира не станува збор на ЗаЗа Габор), туку за "црпнатиот од нива", како што самиот се претставуваше ва јавноста, Зоран Заев!?

Треба ли сега сите ние - граѓаните на Република Македонија, да паѓаме во неола (како што би рекле Прилепчани), заради оваа иницијатива? Напротив, оваа иницијатива самата по себе отвора многу сериозни прашања заради несироизноста и необјективноста!

Пред се: Нобеловиот комитет за мир со седиште во Осло, Норвешка, секоја година добива најмалку 350 иницијативи за доделување на високото признание од сите страни на светот за доделуванје на ова највисоко светско признание за мир на лица и организации што реално придонеле за мирот во светот. Скоро три децении долгата налудничава и фашизоидна блокада на Македонија од страна на Грција заради името на нашата земја и наводното решение (Според мене: акт на капитулација на нашата земја) од Нивице не се вклопува во критериумите на Нобеловиот комитет бидејки тие не ја доделуваат награда за политички дешавки.

Но нешто што посебно иритира во оваа заврзлама околу номинацијата на лицето ЗЗ е сознанието КОЈ СТОИ ЗА ИСТАТА, а тоа се некои идивидуи од еден од петпарачките приватни универзитети што се намножија како печурки во нашата татковина. Имено, иницијаторот на оваа лакрдија во функција на ректор на дотичната образовна установа (каде за опредлена тарифа можете за кеш да купите факултетска диплома , магистратура, па и докторат) е професор по некакви си социјални прашања, а сега изиграва експерт за маѓународна политика. Дотичниот дури беше и амбасадор во НАТО каде највисок дострел му беше шверц на парфеми и автомобилски гуми. Но исто така и лажно се претставуваше за некаков си "амбасадор на година во НАТО". И самиот поминав четири години во тој фамозен НАТО и категорички тврдам дека такво признание едноставно н е п о с т о и! А доколку воопшто би постоело, такво признание би се доделувало на амбасадори од земјите членки, но не на амбасадори од земји партнери каков што моментално е статусот на Република Македонија!

Дотичниот ректор дури се забра со сопствненикот на приватниот универзитет да појдат до Атина за лично да го известат и Грчкиот премиер Ципрас за нивната иницијатива дека, според нив, двајцата премиери на Грција и Македонија се номинирани заедно, рамноправно за светски високото признание за мир. Ректоров, ај што се прошета до Атина, но барем да не не брукаше со настапот што го видовме од фотографијата со Алексис Ципрас: со раскопачана кошула, искривена кравата и распетлано сако - небаре е кафански пејач, а не универзитетски професор, одозгора ректор, а од неодамна дури и академик и член на МАНУ!? Да видиш и да неверуваш!!!

Погоре изнесеното доволно зборува за самиот иницијатор за номинација на лицето ЗЗ за Нобелова награда за мир! Но му се чудам на умот на ЗЗ што детински наивно наседнува на вакви иницијативи!? А не му е прв пат! Па како можеше да наседне и на самопрогласениот "Принц на Црна Гора и Македонија" (таква институција едноставно не постои!!!), кој го прогласи есенва за: "Витез од редот на Св. Ѓорѓи". Патем за промоторот на тој настан - лажниот "Принц на Монтенегро и Македонија" има многу кривични пријави за неплатени високи сметки за негово луксузирање во скапи хотели, без да плати сметки.

И што да кажам на крајот: Па добро бе луѓе, има ли некој нормален меѓу стотината и повеќе скапо платени специјални советници на премиерот да му укаже да не се брука самиот тој, но да не не брука и сите нас бидејки тој не е приватно лице туку моментално е на многу висока позиција во државата.

Од друга страна не би сакал да поверувам дека ЗЗ е толку многу занесен од функцијата на која го устоличи "длабоката држава" од САД, за да не може критички да приоѓа на вакви иницијативи? Или можеби таквите иницијативи и самиот ги посакува за да си го дополни својот СиВи и да мафта со нив во контекст на важните избори што ни престојуваат во текот на 2019 година!? Впрочем, времето ке покаже што е работата!