ОТВОРЕНО ПИСМО ЗА ПРЕДСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ ГОСПОДИНОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОВСКИ прв дел

 

13 јули 2018 година

 

Почитуван Господне Мицковски,

 

отвореново писмо кое Ви го упатувам не е со цел да Ви делам ум или да се наметнувам како човек кој единствено ја знае вистината. Писмово е да бидам чист пред себе и пред Господа со тоа што ќе пренесам што научив и што ми оставија во аманет да го пренесувам понатаму луѓето кои во 1947 година ја обзнанија идејата за самостојна демократска Македонија под протекторат на Америка. Овие исти во 1989 година ја обзнанија идејата за обединета Македонија во обединета Европа или кажано со денешен јазик, самостојна демократска Македонија членка на ЕУ и НАТО. Тоа се луѓето со кои се дружам откако сум во егзил, а кои се основачите на ВМРО СДРМА. Луѓе кои цел живот беа прогонувани за таа нивна прозападна идеја од луѓе кои сега станаа оденднаш поборници за ЕУ и НАТО. 

Поводот зошто Ви го упатувам отвореново писмо е Вашата изјава дека ќе ги поддржите уставните промени за промена на името ако на референдумот граѓаните му дадат подршка на договорот за смена на името!

Секоја форма преку која се изразува волјата на граѓаните мора да се почитува, но само ако таа волја е изразена слободно во фер и со Устав пропишани правила согласно со меѓународните правила и стндарди!!

Дали можеме да веруваме дека Заев и Ахмети, кои сѐ досега што направија заедно го направија кршејќи ги Уставот, законите, и собранискиот деловник, ќе дозволат фер и слободен Референдум? Мое мислење е дека само човек кој извршува нечија агенда – да глуми контролирана опозиција – или човек кој е премногу наивен ќе им поверува на Заев и Ахмети!!

Затоа господине Мицковски апелирам уште денеска да ги употребите сите политички средства да спречите неслободно изразена, односно фалсификувана, волја на граѓаните. 

Денеска, дал Господ, сите карти се во Ваши раце. Вие сте тој кој може без проблем да си обезбеди секакво алиби пред домашната и светската јавност ако го бојкотирате референдумот и ако после бојкотот не ги прифатите неговите резултати. На тој начин пратениците на ВМРО ДПМНЕ легитимно ќе можат да гласаат против уставните измени без кои договорот за менување на името не може да влезе на сила.

За бојкотот да биде легитимен треба да побарате референдумот да го спроведе техничка влада, бидејќи член 12 од законот за Референдум вели:

 

(1) За референдум овластениот предлагач може да води јавна пропаганда на свој трошок.

 

Бидејќи во случајов коалиционата влада на СДСМ и ДУИ е предлагач на референдумот, очигледно е дека пропагандата за референдумот ќе се води од Владата, а со буџетски средства. Проблемот тука е што тие стредства им припаѓаат на сите граѓани.

Ова не смее да се дозволи. СДСМ и ДУИ мора да бидат овластени предлагачи, а не Владата, и тие да си го финасираат пропагирањето на референдумот!!

Бидејќи СДСМ и ДУИ нема да се согласат на предлогот за техничка влада, и ќе инсистираат да го спроведат референдумот во својот препознатлив насилнички стил, Вашата одлука за бојкот ќе биде видена како легитимна во очите на правдољубивиот свет.

Ќе набројам неколку принципи до кои референдумот мора да се придржува за да биде строго почитувана слободата на граѓаните (превземено  од фејзбук статус на професорката Тања Каракамишева, член на Венецијанската комисија): 

- Прашање што е спротивно на меѓународното право или на принципите на Советот на Европа не може да биде ставено на референдум;

- Власта мора да се воздржи од хулиганско навивање, од медиумско силување на граѓаните и од секојдневен пресинг на пропагандни агенти, особено во однос на апокалиптички закани дека референдумскиот неуспех ќе придонесе до катастрофална состојба во државата;

- Еднострана и прекумерна кампања на тормозење на народот е спротивна на принципите на слободните општесвта каде што владее правото;

- Референдумското прашање мора да биде ЕДНО, а не СТО И ЕДНО во едно (како што беше случај на 8 септември 1991 година);

- Забрането е да се трошат буџетски пари за референдумска кампања.

Од постапките на власта за референдумот до денеска јасно е дека власта ќе стори сѐ, од заплашувања, уцени и жестока пропаганда па до онаа, „не се важни гласачите, важни се бројачите,“ за да преку референдумот се добие „легитимитет“ за договорот за промена на името.

Ова подолу денеска кружи на социјалните мрежи, и е сериозно ме загрижува.

 

 

Јордан Петровски

Комитет за демократизација на Р Македонија

Сент Катеринс, Онтарио, Канада