НЕ ОСТАВКА, ТУКУ ДОЖИВОТЕН ЛИДЕРСКИ МАНДАТ ЗА ЗАЕВ!

Душан Петровски 13.12.2016

Без разлика за тоа какви ќе бидат резултатите после разгедувањето на жалбите на СДСМ, Заев и компанија се губитници!

Цели две години тие баратаа со неверојатно тешки компромитирачки материјали за власта, и пак, во најдобар случај ќе усепат да освојат можеби 50-52 мандати, а соодносот со ДПМНЕ ќе биде горе-долу 1:1. Но, за разлика од гавазите на Грујо, јас не барам оставка од Заев, оти тоа само ќе даде некаква лажна надеж дека во СКМ-ПДП, т.е. СДСМ сепак постои некаква ронка од човекчко достоинство.

Да не заборавиме, злосторничкото здружение позато како Сојуз на Комунисти на Македонија, денес преименуван во СДСМ, е причината зошто воопшто имаме недоквакани адбали во раководството на дражвата--а секако тука се подразбира и патријата ВМРО-ДПМНЕ. Благодарение на систематската опака и пакосна анти-интелектуална и анти-пазарна политика која Македонија ја води од нелегитимното отстранување на Ченто до денес е причината зошто некој како Груевски воопшто може да стаса до позиција на премиер, иако всушност нема ак'л ни бавча да копа.

Секој интелигентен Македонец бил, и највериајтно сеуште е, мета на одредите на црвените Кмери од УДБА. Да не заборавиме дека денешното ВМРО ДПМНЕ е раководено од суријата која токму УДБА го инсталираше во 1996-98 преку настаните отпочнати со текстот на разурнувачот Александар Диневски "Чакам те да дојдеш," а кои што завршија со "Раскол '97" и коалицијата со Тупурковски.

Македонизмот и анти-комунизмот секогаш тлееле во нашата татковина, а упорното бојкотирање на изборните процеси во модерна Македонија е доказ дека македонскиот отпор е жив и здрав.