Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

Колумни

ЗМИИТЕ ВО ГУЧИ И ВОЛЦИТЕ ОД ВОЛ СТРИТ




[Image: 333btar.jpg]
Некни го гледав „Волкот од Вол Стрит“ со Леонардо Ди Каприо во главната улога. Филмот има контроверзна, издржана, динамична приказна, со исто таква монтажа и режија. Просто го лепи гледачот за себе, без разлика што трае три саати, што не е случај да кажеме ако гледате некој од поновите македонски филмови каде гледачот заспива уште у прво полувреме, без никаква шанса да додржи до третото. Ама сега нема за тоа да тупам. Нека се занимаваат со тој проблем големите македонски филмаџии.



[Image: 35jftdj.jpg]

Нема муабет, филмот на Скорсезе е добар, само што конотира многу опасна порака која обичен гледач тешко може да ја прочита и по третото гледање, зашто е убаво скриена зад онаа очигледната која е лесно сфатлива. Разговарав со неколку луѓе кои го гледале филмот и секој од нив како главна поента на филмот го извлече токму она лесно видливото за кое не треба некој посебно голем напор да се открие, а тоа е дека АЛЧНОСТА НЕ СЕ ИСПЛАТУВА и секој кој ја злоупотребува моќта која му ја носи богатството и кој живее без никакви ограничувања, еден ден ќе заврши во прдекаана (затвор). За овие површни гледачи тоа што главниот лик на крајот на филмот доби казна од само три години затвор е доволна за сите зла и измами што ги направи за да стигне на врвот на Вол Стрит. Јас не мислам така. Напротив. Сметам дека тој филм е направен во слава на алчноста, бескрупулозноста и крволочноста на оние кои ги имаат парите и моќта во светот на финансиите, без разлика дали станува збор за Вол Стрит или Некоја Наша Стрит каде се распослани банки, берзи и други гомненици за лесно богатење на неколкумина на штета на мнозинството.

Во филмот и премногу експлицитно беше прикажан задкулисниот живот на тие богаташи, далеку од очите на јавноста, исполнет со секакви овоземски задоволства и разврат во споредба со кој Содома и Гомора би изгледале како игротека. Колку се оние од нас кои не би сакале барем пет минути да бидат ко волкот од Вол Стрит, да ги дерат најзгодните жени на светот, да шмркаат цртки од нивните похотливи задници, да живеат во милионски вили на Флорида, да имаат луксузна јахта и да можат секому да му се какаат на глава? Која жена не би сакала да носи Прада или Гучи, дијамантски бразлетни и медаљони, да купува чевли од 2000 долари, да вози бесен двосед кабриолет и после секс да се кисне во млекце од млада биволица? 

Погледнете го филмот и нема да видите ништо друго освен алчност, измама, пари, дијаболичен секс, дрога и алкохол и пак така од почеток. Рај. Не им ни чуеше за друго на волците од Вол Стрит. Стварно, кој не би сакал да живее толку лудо ако му се може? Арно ама, да не изгледа сѐ така премногу ебоповикливо да се вкуси, тука мислам на пораката на филмаџиите кон гледачите, бесчувствителноста на волците од Вол Стрит кон сѐ наоколу е мајсторски маскирана со една емотивна тим-билдинг приказна за нивната посветеност кон компанијата и нејзиниот харизматичен лидер кој, нели, гине за своите вработени сѐ додека на крајот не ги предаде, ама со тешко срце, само зашто беше присилен на тој чекор од еф-би-ај. Ама тоа не е единствената манипулација наменета за гледачот.

Честопати низ филмот има и сцени од големи говори на лидерот упатени кон своите вработени со кои безгранично го мотивираше нивното его, нарцисоидноста и амбицијата да бидат побогати одошто се. Кој од вас гледал добри холивудски филмови со воена тематика ќе се сети дека тие говори на Леонардо Ди Каприо се еден вид реплика на говорите на актерот Џорџ Скот во филмот Патон, на говорот на американскиот офицер во филмот Мостот на реката Квај, на оние во филмот Големото бегство со Стив Мек Квин, на оној во Вод или на оној во филмот Тенка црвена линија. Само што порано главните ликови во холивудските воени драми зборуваа за длабоки егзистенцијални дилеми на човештвото, за тешки морални одлуки, за големи жртви во име на слободата и правдата, за разликата меѓу доброто и злото, ја проблематизираа војната и нејзината валкана заднина, беа полни со надеж за подобар и поправеден свет. Во говорите на Леонардо Ди Каприо во Волкот од Вол Стрит нема ништо од тоа, туку само поттик за повеќе пари, повеќе дрога, повеќе алкохол и повеќе секс во што помасовна група. За нив секое место е добро за разврат и групен секс. Канцелариите, рестораните, јавните тоалети, јахтите, па дури и приватните авиони за време на долгите летови. И целиот тој разврат е така режиран да биде забавен, да го мами гледачот да проба, ако му се може. Тоа не е никаква критика на немилосрдните богаташки развратници од светот на финансиите, туку филмувана пофална беседа во нивна чест. 

И така доаѓам до мојот заклучок. Што се три години робија на еден таков волк, во споредба со оние илјадници луѓе што ги осиромашил и уништил со помош на своите финансиски сплетки и измами, само со една цел, да се збогати на нивната несреќа. Да бидам појасен. Клиентот на еден мој познаник адвокат беше осуден на десетина години робија за финансиска измама на десетици граѓани. Кога во судот ја чул својата пресуда вака му рекол на адвокатот: „Ме осудија на десет, ќе излезам за седум. Ми конфискуваа десетина милиони евра, ама ми останаа три. Со пола милион евра казната во Идризово ќе ја поминам ко во хотел. После ко ќе излезам ќе бидам доволно богат и релативно млад да си го ладам до крај на живот. Ама онака, да си го ладам до коска!“ Не мислам дека нешто поинаку размислуваат и волците од Вол Стрит од проста причина зашто немаат совест, а како психопати со тапија, од казната не се плашат, особено не, кога е толку мала и безначајна во однос на некоја тајна сметка која ја кријат во фиљан банка на Малдиви.

Затоа сметам, филмот на Скорсезе е типична нарачка од моќниците на Вол Стрит, да се порача на јавноста дека се недопирливи на крајот на денот и дека злото е исплатливо дури и ако се плати со три години робија. Не дека ова првпат се случува кога е Холивуд во прашања, само проблемот е што сѐ почесто се повторува и сѐ повеќе холивудските продуцентски и режисерски ѕверки преку своите дела стануваат мегафони на актуелните владини политики или пак пристрасно претставуваат одредени контроверзни крупни настани и личности од американската историја во сферата на политиката и бизнисот. Една од тие гомненици е Арго кој доби и неколку оскари минатата година, со кој бесрамно се фалсификуваше дел од поновата американска историја преку една лигава патриотска приказна за заложниците во американската амбасада во Техеран во 1979 година. Во една сцена на филмот се кажува дека ЦИА немала поим за подемот на Хомеини. Немала поим дека британската МИ6 го инфилтрира Хомеини на власт во Иран и дека Реган во екот на заложничката криза му шиткаше оружје на Иран, а со тие пари ги финансираше контрашите во Никарагва!? Шијем му га Ѓура! 

Претходно кога Холивуд го филмуваше животот и делото на Хувер, направи слична будалаштина. Најважното за творците на тој филм не е тоа што најпознатиот директор на ЦИА (кој беше на нејзино чело во најтешките години од Студената Војна), задкулисно ги влечел конците на светската историја, туку тоа што бил пешко. Филмот е педерска љубовна драма. Хувер, кој лошо го толкува Леонардо Ди Каприо (каква коинциденција), цел филм има љубоморни кавги со својот сакан. Тоа ли беше најважно да се каже за неговиот бурен живот полн со стресови и тешки одлуки од кои зависеле милиони луѓе? Или Холивуд имаше друга цел. Да протурка теза дека ете, еден од најголемите разузнавачи на сите времиња бил пешко и кога еден Хувер можел да биде пешко, што остана за нас другите.

Ако мислите грешам, гледајте го и овогодишниот добитник на оскарите. Промашување ко врата, ама пораката што ја конотира е посебна приказна. Ако воопшто има некоја порака. Може само така си замислувам. И да не редам понатаму. Како и да е, филмот Волкот од Вол Стрит, не само што ме мотивираше да ја напишам оваа колумна, туку и онаа што ќе следи по неа, а која се однесува на тоа, на кој начин во македонските компании и банки намерно се вработуваат психопати, кои не се толку паметни како волците од Вол Стрит, ама се доволно злобни да го загорчат животот на оние кои работат со нив, меѓу кои, секако има и некои од вас. Е па, до следното читање, поздрав.

Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ

ПАСТИРОТ КО СТАРА МОМА НЕОНАДЕНА




[Image: 333btar.jpg]
Најголем непријател на секоја власт е нејзиниот народ. Затоа таа толку упорно се обидува да го придобие, изманипулира и поткупи, особено за време на предизборните кампањи. Оти кога владее, власта никогаш нема време за својот народ, ниту пак може да му излезе во пресрет да ги оствари сите негови потреби. Напротив, власта е свесна дека нејзиниот народ ѝ треба само онолку колку со негова помош да завладее или пак ако веќе владее, да остане и понатаму на власт. Овој феномен особено е видлив во примитивните и поделени општества како нашето, во економски систем каде капиталот и спрегата меѓу власта и корпорациите се алфа и омега, такашто, глупаво е да се очекува од било која власт дека ќе покаже вистински патриотизам и љубов кон народот што ја избрал.


[Image: fub4ug.jpg]
Македонија се наоѓа пред нови, редовни претседателски и вонредни парламентарни избори. Двата во едно. Спротивно на општото мислење, сметам дека овојпат власта со таа одлука си ја пресече гранката на која седи. Не смееше да побара предвремени парламентарни избори, но таа е толку самоуверена во својот успех на изборите и толку самобендисана во своето владеење што нема таков политичар во неа кој може да сфати дека фајронтот им се ближи, а дебелата крчмарка само што не го донела есапот на нивната наса, кој богами ќе биде мрсен. А можеби има еден од нив кој многу добро разбира дека му се гледа крајот. Погодувате кој? Па кој друг ако не Пастирот! Само на очаен човек може да му падне на памет да го повикува народот против резидентното притаено зло – Албанците и тоа против оние Албанци со кои тој сѐ уште коалицира.
Каква бламажа! Го крие својот очај со самобендисано предвидување и повик да се добијат 62 пратеника за да им ставел крај на уцените на ДУИ? Па после сите скандали што избија од преродбеничкото корумпирано дувло, да очекуваш 62 пратеника треба да си или ненормален или блефер. За Пастирот се знае, ненормален не е сигурно, такашто останува само она второто. Блефер очаен ко стара неонадена мома прегазена од времето. Давеник кој се фаќа за сламката на Албанците (ако не е во прашање нешто подебело), такашто, ние останатите само треба да го проголтаме мамецот и пак да паднеме на старите фори за двоглавиот орел кој само што не ни ги ископал очите и да гласаме за спасителите од ДПМНЕ. Марширен во мајчинен, што би рекле Германците!

Од друга страна, очајниот Пастир е принуден паралелно да оди и на вонредни парламентарни избори, зашто е свесен дека би имал проблеми со цензусот доколку би се одржале само претседателските избори, зашто сите знаат дека функцијата претседател е максимално девалвирана и неважна во нашиот политички систем. За тоа вина носат и самиот политички систем, но и овој сегашниов претседател, кој нема донесено ниту една одлука без таа да биде аминувана од неговиот Пастир. Дури мислам и пред да оди во тоалет, прво бара дозвола од Пастирот. 

И многу беше смешно кога на конвенцијата на ДПМНЕ ги соопштија гласовите кои ги добиле пријавените кандидати за преродбенички претседателски кандидат на изборите. Јове Кекеновски и Ставре Џиков крв немаа во нив, зашто пусти Хорхе, еме утепан од Господа, ем им ги лапна гласовите и убедливо ги победи. Сигурно си помислија: Со што овој копук заслужи да биде избран пак за претседателски кандидат? А бе Јово, а бе Ставре, па затоа и заслужил, дека нема никакви заслуги. Не ме разбирате, а? Кај вас во партијата и Путин да се кандидира за претседател џабе му е, ако не му е по ќејф на Пастирот, а на Пастирот си му по ќејф само ако пред него се однесуваш како да си го оставил мозокот дома, во фрижидер. Да си претседател на Македонија и не е некој штос, особено додека Грујо владее. Од таа позиција не можеш ништо значајно да смениш, колку и да знаеш, колку и да сакаш. Освен тоа, секој два дена треба на Грујо да му поднесуваш рапорт за тоа дали си бил таму кај што те пратил и дали си го кажал она што ти рекол да го кажеш. Налет нека е такво претседателствување. 
Затоа се зачудив што Јове и Ставре беа тажни до смрт, а Хорхе весел ко славеј на гранка што му се даде шанса да победи уште еднаш и да биде претседател уште пет години. На крај ми текна, може плачат зашто ќе останат без сите лични бенефиции што ги носи претседателската функција како и оние што следуваат по завршетокот на мандатот, а кои не се мали. Мора да е тоа причината, оти не гледам друга. Никако да се ослободам од мислата дека во Македонија луѓето влегуваат во политиката само со една цел: ЛИЧНА КОРИСТ. И тие преродбеничките приказни за демократски конвенции на којшто се избира кандидатот за претседател се маде од петел. Врвот на партијата го избира и креира својот кандидат за претседател, на тој начин што го избира најпослушниот и најснисходливиот од сите. Кукла од крв и месо, без трошка идеја. 

Оваа власт одамна не гази цврсто на земја, што значи одамна му го има свртено грбот на својот народ, што во последниве месеци ептен се покажа, кога на виделина излегоа сите нејзини скандали со разни тендерски, станбени, финансиски и други скандали во кои беа вмешани нејзини видни членови. И токму поради тоа што левитира во своето владеење е целосно несвесна за чичко-џелат што ѝ тропа на порти. Поточно, не е само еден чичко, повеќе се. Нејзините џелати ќе бидат илјадници бивши гласачи, кои одамна се заколнале дека нема да гласаат за никого, но кои понекогаш го прекршуваат ветувањето, особено, оној миг кога некоја власт толку ќе се самобендиса и толку ќе почне да го навредува нивното достоинство што одеднаш одлучуваат да излезат и да гласаат против неа. Да не ме разберете погрешно, овие бивши гласачи, излегуваат на гласање не затоа што имаат за кого да гласаат, туку само да ја казнат забеганата и повампирена власт. Затоа се бивши, зашто имаат длабоко спознание дека во вакви ситеми како нашиот, власта е секогаш корумпирана и како таква е противник на сопствениот народ. Затоа никогаш и не гласаат, освен во тие ретки моменти, кога некоја власт со ногата ќе им стапне на вратот. Тогаш ги напуштаат фотелјите пред тв-екраните со индијански урлик: СЕА ЌЕ ВИДИТЕ МАМЕТО ВАШЕ, а кога се такви тешко се манипулираат и тешко може власта да ги придобие штом тргнат кон гласачките кутии. Гилотинираат без око да им трепне. 

Токму тие партиски неопределени гласачи ги гилотинираа своевремено непобедливите СДСМ на изборите во 1998 година. ВМРО тогаш победи благодарение на насобраниот револт кај овие слободоумни свесни индивидуи кои рекоа: Носете се во триста пички мајчини со вашиот елитизам и снобизам, со вашиот непотизам и клиентилизам, со вашата алчност и желба за неограничена моќ! Да, тогаш и јас гласав за ВМРО ДПМНЕ зашто сакав да видам промена и сакав да живеам во поинаква татковина, по можност праведна, иако длабоко во себе знаев дека се тоа само пусти соништа, како што и се покажа. 

На изборите кои следат, истата судбина изгледа им се насмевнува и на овие властодржци. Нивните џелати ќе бидат истите оние кои ги гилотинираа СДСМ во 1998 година, зашто ова владеачко ВМРО ДПМНЕ стана исто како СДСМ своевремено, само помножено со три. Станаа алчни помножено со три, корумпирани помножено со три, непотисти помножено со три, снобови помножено со три, самобендисани помножено со три, брутални помножено со три, а покондурени сељаци станаа на ента степен. Лудилото пак, им е ендемично као охридската пастрмката. Тука не верувам дека некој ќе ги престигне во наредниот милениум, во светски рамки. 

Пред неколку дена, во Скопје предавање одржа познатиот хрватски историчар на уметност Звонко Маковиќ. Го коментираше проектот Скопје 2014 и колку и да се обидуваше да одбира зборови, не му одеше, па на крајот целосно се отвори. Рече тоа што го видел во центарот на Скопје не е лудо туку ХИПЕР ЛУДО и дека такво нешто може да смисли само власт која е составена од широк дијапазон психопати, што значи целиот тој проект според него е резултат на една колективна патологија со која се соочуваме. Кутриот, не можеше да се начуди на која будала ѝ текнало во една плитка фекална канализација како Вардар да заринка бетонски кораби со бетонски темели. За него тоа е лага над лагите, зашто доаѓа од земја која има традиција во правење кораби и знае дека тие се прават од дрво и се прават за да пловат, а не да дремат заринкани во бетон и лајна до палуба. Меѓу редови човекот кажа дека таква лажовна, дубиозна и шизофренична приказна каква што е проектот Скопје 2014 може да смисли само власт со слични симптоми. Власт која е толку корумпирана што не дава ни пет пари за тоа какви трајни ментални последици кај генерации и генерации ќе оставаат нивните проекти за манипулација на народот, каков што е проектот Скопје 2014.

Човекот во десет реченици ги опиша владеењето на оваа патократска влада и го разоткри изворот на сета духовна беда во која западнавме како народ, станувајќи мета за потсмев на светската јавност, а не само на регионалната, балканска. Пред тоа понижување не смееме повеќе да замижуваме и да се правиме луди дека не постои. Зашто ако оние кои владеат се хипер луди, а ние и понатаму затвораме очи пред нив, нивното лудило ќе нѐ проголта док трепнеш. Не смееме да станеме како нив. Оти премногу опасни лудаци на толку мал кораб како нашиов, лесно ќе го превртат или пак, ќе го заринкаат, налик на оние бетонски кораби на гомнопловниот Вардар. 

Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ

Д.ПОПОВСКИ-Ј.ПЕТРОВСКИ ВС СТОЈАН АНДОВ НА ТЕМА ВМРО !!!


[Image: 29mt9o8.jpg]

Апсурдно е ,но, сепак, според програмските документи на ВМРО-ДПМНЕ и според моќната етноцентрична пропагандна машинерија што е во служба на тие документи, се добива претстава како оснивачите на Македонската револуционерна организација, веќе на состанокот од 23 октомври 1893 година, да биле членови на ВМРО-ДПМНЕ. Но, ако објективно се следи историскиот процес, тогаш се покажува сосема друга логика и се осветлува сосема друга вистина.
Кога на 23 октомври 1893 година се сретнале Иван Хаџи Николов, Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров , Даме Груев и Христо Батанџиев, тие биле решени целта на нивната организација да биде Македонија да се ослободи од османлиската власт. Но, исто така, тие биле на чисто со сознание дека Организацијата, колку и да била силна, нема реална можности сама, во директен судар со Османлиската империја, да победи и да го оствари ослободувањето.
Според тоа, тие однапред знаеле дека основен услов за успех на Организацијата ќе биде нејзината способност да обезбеди моќни сојузници за свијата мисија. Притоа, ним им било познато дека Македонија во целата историја на владење на османлискта империја не успеала да воспостави реални односи со која било од тогашните големи европски сили, кои во таа историка фаза биле во судир со империјата. Затоа Македонија не била во состојба да обезбеди елементарни форми на партнерство или закрила од страна на тие сили.
Европските големи сили, во вековните судири со османлиската империја постепено создавале услови за партнерски односи со народите под османлиите и нужно им давале подршка за нивно ослободување и создавање нивни споствени држави. Но, тоа ни во еден момент не е случај со Македонија и со македонскиот народ. Хабзбуршката империја од една, и царска Русија, од друга страна, раководени од своите империјални интереси, цврсто се определиле во кои правци ќе го вршат својот продор во потиснување на Османлиите од Европа.
Царска Русија се стремела да дојде на отвореното Средоземно Море и затоа основна цел на нејзината политика била запоседнување на Босфорот и на Дарданелите. Тој правец ја водел преку тогашните вазални кнежества Молдавија и Влашка и преку Бугарија, која била под Османлиите. Паралелно со тоа, Русија, со Букурешкиот договор од 1813 година обезбедила доволно предуслови за ослободување на српскиот народ од Османлиите, и тоа, во прво време, со прогласување на вазалното кнежество Србија.
Хазбуршката империја, чии интерси во Србија непосредно се судирале со руските, се ориентирала на продор кон Солун преку Босна и Херцеговина, Санџак и Албанија, бидејки и нејзе не и одговарала затвореноста на нејзиниот јадрански брег. Врз основа на таквите интереси на овие две големи сили и со нивна помош, обединетите Влашка и Молдавија, кои од 1866 година станале една држава-Романија, кнежеството Србија и кнежеството Црна Гора, на Берлинскиот конгрес во 1878 година добиле независност, а Бугарија станала вазално кнежество, додека еден дел од неа добил статус на автономна област, Источна Румелија.
Ниту српскиот, ниту црногорскиот, ниту бугарскиот народ, без оглед на херојството и безбројните жртви, не ќе можеле да се ослободат од Османлиската империја само со сопствена сила. Понатаму , продорот на војските на царска Русија при крајот на третата деценија од 19 век, што допрел речиси до Истамбул и ги покренал интересите на Велика Британија и на Франција, па и тие, заедно со Русија, му овозможија на грчкиот народ да создаде своја независна држава во 1830 година. Без таа помош грчките востаници, и покрај своето херојство, ќе беа изложени на масовен колеж, а слободата ќе им беше недостижна.
Географската положба на Македонија, за несреќа, доведе низ нејзината територија да минува линија на разграничување на интересите на царска Русија и Хабзбуршката империја. Секое движење за ослободување на Македонија од османлиската империја претставувало опасност, не само за таа империја, туку и за интересите на спомнатите две империи.
Кога почнала активноста на Македонската револуционерна организација, гледајки ја опасноста за своите интереси, царска Русија и Хабзбуршката империја веќе во 1897 година се договориле таквите движења да ги сметаат за непријателски , а намерите Македонија да биде ослободена од Османлиите двете спомнати империи ги оцениле како реална опасност за своите интереси. Царот на Русија, потпирајки се на својот договор со царот на Хабзбуршката империја, енергично барал од султанот во Османлискта империја во сите форми и по сите поводи да биде забранета употребата на зборот “ Македонија“.
Основачите на Македонската револуционерна организација уште пред да го преземат тој потфат, знаејки дека нема да имаат разбирање и помош од која било голема сила , ги проценувале можностите да барат потпора и сојузништво кај соседните мали балкански држави. Но, ним, исто така, им било познато дека грчката држава, набргу по осамостојувањето, објавила, дека таа, со помош на нејзините пријателски големи сили, ќе ја ослободува Македонија од османлиите бидејки “ Македонија е грчка“. Токму поради тоа, основачите на Организацијата биле убедени дека нивната организација ќе дојде во директен судир со прокламираната политика на грчката држава.
Со Србија биле слични состојби. Српската државна стратегија , по истиснување на Османлиите од Балканот, очекувала на Србија да и припаднат сите земји што биле во состав на Душановот царство. Некои од оснивачите на Организацијата, како Груев и Поп Арсов, добро ја познавале српската политика и ним им било јасно дека нападот на српските војски врз Бугарија во 1885 година имал превентивен карактер. Тој пред се, не бил толку упатен кон обединувањето на Кнежеството Бугарија со Автономната област Источна Румелија , туку бил преземен како мерка на предострожност за во иднина да се спречи Бугарија истата операција да ја изведе и со Македонија.
Поради поразот што го претрпела во таа војна, Србија во текот на извесно време ги смирила своите амбиции, но со својата политика поддржувала ситуацијата “ статус кво“ утврдена на Берлинскиот Конгрес. Дека Србија ги следела состојбите во Македонија и настојувала да изгради свои упоришта таму, како пандан на Бугарската егзархија и бугарските училишта , покажува фактот што таа, Србија, успеала во 1892 година со подршка на Русија , од султанот да добие согласност во Скопје, покрај бугарскиоот , да биде поставен и српски владика.
Сите тие знаци , на основачите на Организацијата, уште кога тие се решавале да ја донест својата одлука, укажувале дека Организацијата ќе се судри и со интерсите на Грција и со интересите на Србија, и дека отпаѓа секакава надеж за било каква можност и толеранција на тие две земји кон Македонската револуционерна организација и нејзините цели.
Значително подруги биле состојбите со Бугарија. Уште кога султанот ги утврдувал со својот ферман границите за новопоставената Бугарска егзархија во 1870 година, во тие граници главно се нашла и Македонија. Во мачните преговори меѓу европските сили и Османлиската Турција во 1877 година, во сите варијанти што биле договарани , Македонија била третирана како бугарска земја.
По победата на војските на царска Русија врз Османлиите, блиску до Истамбул , е заклучен познатиот Сан Стефанскиот договор, според кој , во границите на новата држава Бугарија се наоѓала и територијата на Македонија. Но, некои од големите европски сили , особено Велика Британија и Австроунгарија, со нескривено разбирање поддржани и од кајзеровата Германија, успеале да ги променат границите на новата бугарска држава.
Во сeверниот дел од Бугарија создадено е вазалното кнежество Бугарија, а во јужниот дел од Бугарија е создадена Автономната област Источна Румелија, каде што поради претежно бугарското население е овозможено силно бугарско влијание. Тоа довело во 1885 година до обединување на кнежество Бугарија и Автономанат област Источна Румелија.
Во Македонија има денес некои стручњаци кои тврдат дека таа бла присутна со своите барања на Берлинскиот конгрс. Тоа не е точно. Но, таа, сепак, се спомнува во членот 23 од договорот заклучен на Берлинскиот конгрес во 1878 година, каде се навестува можни реформи, како обврска на султанот.
Тие четири настани-утврдувањето на границите на бугарската егзархија, циркулацијата на документите на преговорите на претставниците на европските сили во Истамбул пред Руско-турската војна, во кои Македонија е внесувана во границите на идната држава Бугарија, Санстефанскот договор со кој Македонија, како дел од Бугарија, требало да биде ослободена од Османлиите, како и обединувањето на кнежеството Бугарија и Автономанат област Источна Румелија, биле најважните потпорни точки кои давале надеж за ослободување на Македонија од Османлиите, и во тие рамки основачите на Македонскта револуционерна организација гледале можност за својата револуционерна акција и за ослободување од Османлиската империја.
На основањето на Македонската револуционерна организација во Солун влијаеле и други фактори. Бугарската држава, особено во времето кога лидер бил Стефан Стамболов, водела политика на пријателство со Турција, што и овозможило, заедно со Егзархијата, да создаде голема мрежа на бугарски училишта во Македонија за воспоставување бугарска национална свест кај населението.
Па падот на Стамболов било можно да се создаваат револуционерни организации во Бугарија и од Бугарија во Македонија, не водејки сметка дека таквата бугарска политика ќе ги заостри односите со Турција. затоа дури во 1893 година е основана Македонската револуционерна организација, а тоа е сторено во Солун, на територија на Македонија во границите на Османлиската империја, бидејки ако била основана во Бугарија таа ќе била обвинета за уште едно прекршување на Берлинскиот договор со преземање директни субверзивни активности против Османлиската империја.
Целта на оснивачите била да се ослободи Македонија од османлиската власт , така што ќе добие автономија , а потоа да се обедини со кнежеството Бугарија. Според тоа, не се точни ставовите во нашата историографија дека основачите на Македонската револуционерна организацијаво 1893 година имале за цел создавање независна македонска држава. Македонија од датумот на основање на оваа организација мина низ многу сложени, тешки и херојски фази, се до денес. Неспорно е дека формирањето на македонската револуционерна организација на 23 октомври 1993 година има значајна улога во поголем дел од развојните фази на националната борба, но при основањето, создавањето независна македонска држава не било цел на Организацијата.

Стојан Андов

 

ОДГОВОР НА ТЕКСТОТ НА СТОЈАН АНДОВ, ФОКУС бр. 957, 07.02.2014

ГОСПОДИНЕ АНДОВ, ВМРО Е САМОЦЕЛ, ОД СЕБЕ, ЗА СЕБЕ, СО СЕБЕ, ЗА МАКЕДОНИЈА! ТОА Е ЕДИНСТВО. НЕШТО КАКО СВЕТО ТРОЈСТВО !


Да се полемизира на темата ВМРО со човек кој кариерата ја изградил газејки: врз труповите на убиените ВМРОвци, врз голготите на затвораните ВМРОвци, врз голготите на прогонуваните ВМРОвци е неблагодарна работа. Неблагодарна од причина што кај таквите луѓе непостои чувство на вина, непостои желба да си ги преиспитаат сами постапките и последиците, по нацијата, државата од тие постапки. А кога човек сам не е подготвен да си суди себеси, нема шанса да прифати аргументиран суд на друг човек а пак да прифати аргументиран суд од идеолошки и нацинален противник е нешто што ниту еден комунист не би го сторил и по цена да ја изгуби државата. Велам да ја изгуби државата бидејки ако од тој суд му зависи кариерата, личниот бенефит ке прифати со песна.

Господине Андов, ВМРО е самоцел, од себе, за себе, со себе, за Македонија! Тоа е единство. Нешто како Светото Тројство! Сето друго е манипулација.

ВМРО, господине Андов никогаш не побарало помош од никого !! А не пак како залог за таквата помош да ја понудило Македонија или дел од неа. Левицата која се обиде и да го открадне и името ВМРО е таа која заради идеологија безброј пати од Македонците правеше топовски месо за интереси на комунистичката идеологија а од Македонија монета за поткусурување помеѓу соседите. Да ве потсетам само на Септемвриските настани во Бугарија, Народноослободителната војна во Македонија по Меморандумот 1943 година, Сремскот фронт, Кале, Куманово, Велес, Ресен ... идеолошката граѓанаска војна во Грција ... војната при распадот на Југославија!!!.

Заради се погоре споменато му нудиме на господинот Андов да полемизираме за периодот од 1946 година па до денеска. Период во кој причината за судирот помеѓу левицата и ВМРО, судир кој започнал од скоро самото основање на ВМРО, е многу лесно воочлива. Затоа сме убедени дека причината за судирот од неиндоктрираните Македонци од комунистичкиот вирус ке биде многу лесно разбрана а со тоа и ке се види, ке се верификува конечно за што се борела левицата а за што ВМРО во минатото и денеска.

Кога после 1945 година, стана јасно дека од национлната слобода и Обединета Македонија нема ништо, група на македонски националисти во која спаѓа и еден од пишувачите на текстов поведена од надежта дека комунистите барем во почитувањето на словото на уставот кој само го донесоа, ке се разликуваат од режимот на кралска Југославија, се поврзаа со дејците на ВМРО и ја основа ВМРО СДРМА и со тоа го превзедоа КОНТИНУИТЕТОТ на ВМРО, за да по кратко време ја преименуваат во ВМРО ПРАВДА.

[Image: 14k9kb9.jpg]
Основачите на ВМРО ПРАВДА од кои дваица се сеуште живи

Во името на партијата, ВМРО Самостојна, Демократска Република Македонија под протекторат на Америка, јасно се исцртани заложбите на Македонските Националисти, заложби за исполнување на вековниот сон, Обединета, Самостојна и Демократска Македонија!!! Тоа е историска вистина која господине Андов и покрај сите ваши, мислам на левицата, апсења, тортури , прогони не ги задушивте ниту ке ги и задушите. Тие заложби ке постојат се додека постои ВМРО а тоа значи се до денот кога Македонија ке стане Самостојна и Демократска!!

На тој пат, на патот за исполнување на вековниот сон на Македонците по кој знае кој пат пак се испречивте вие од левицата. Иако нашата партиска активност беше дозволена со уставот на ФНРЈ, СФРЈ вие соодветно на вашето поимање на практикување на власта тргнавте во бескрулозна битка за наше истребување, дас господине Андов во поход за наше истребување. За неколку месеци уапсивте преку 7 илјади наши членови, поголем дел од нив ги осудивте на затворски казни. Во затворите ги кршете физички и психички тие шеседумнаесетгодишни голобради момчиња, се со единствена цел, да го убиете во нив МАКЕДОНЕЦОТ а и од дел од нив да направите ваши соработници. Соработници кои ги користивте по две основи, да не кодошат нас кои останавме нескршени во казаматите и кои продолживме кон нашата цел, Обединета, Самостојна и Демократска Македонија и втората ги присилувавте да се експонираат како бугарофили за да на таков начин ја одржувате вашата лага дека ВМРО е партија во која членуваат Бугарофили и партија која работи на присоединување на Република Македонија кон Бугарија. Класична верзија на онаа кога крадецот, во вашиот случај присоединувачот на дел од Македонија кон Србија, на сиот глас вика држте го крадецот.

За периодот 1946-1986 година, осудивте и затворивте околу 22 илјади Македонци заради идеите за Обединета, Самостојна и Демократска Македонија, поточно заради идеите на ВМРО. Осудивте 22 илјади Македонци за да ја зачувате комунистичка Југославија. После тој период ја менувате доктрината, веке нема судења и затвори, за да не правите херои од ВМРОвците изјава на ваш идеолог.
Има само следења со тортура, репресалии во ракавици!! Тие тортури и следења траеле се додека следениот не прифатил да стане ваш соработник. Целта на системот на работа на службите е да се здобие со нов кодош - при што од секој "противник" прави "свој" човек, бидејќи, целта е, нели, Едноумие! Заради оваа е и молкот од многумина кои имаат досие, кои биле прогонувани...

1988/89 година, кога на сите им стана јасно дека Југославија ке се распадне, ние, македонските националисти, поточно носителите на континуитетот на ВМРО, кои никогаш не сме го гледале личниот интерес кога била во прашање нашата животна определба: Македонија, Македонци, македонизам, па затоа и сме дозволувале нашите лични жртви, да бидат третирани како придонес кон општествениот долг, како лична водилка на единката, тргнавме пак со демократски средства да ве победиме, конечно да ја ослободиме Македонија од вашата смртоносна прегратка. Тоа наше сваќање го обзнанивме 1990 година, со недраго прифатенато "обединување" со ДПМНЕ, во време кога вие господине Андов продолживте со слугување на Белград!! Да ве потсетиме, на вашата громогласна промоција на Реформските сили на Југославија на чие чело и застанавте. Тогаш сеуште бевте опиени од моќта и убедувањето дека вашата мила УДБа го уништила ВМРО. Но кога вие и вашиот ментор Анте Маковиќ бевте дочекани во Македонија од Македонци а не од Југословени како што бевете убедени, вие преку ноќ се трансформиравте од Југословен во Македонец, трансформации можни само за луѓе кои ги поминале и училиштата на УДБа, КОС, СИД !!! ... го сменивте и името, станавте Рефорски сили на Македонија, станавте македонист господине Андов ...

Нема да се задржуваме на игрите и манипулациите кои ги правевте како председател на собранието. Само ке ви поставиме едно прашање зошто не проговоривте ниту еднаш за вашата блиска средба, чиниме беше 1993 година, со сината гиланска лада. Онаа лада со која во декември 1991 година имал блиска и по него кобна средба тогашниот министер на полиција Јордан Мијалков.

Можеби не проговоривте заради стравот од обзнаување кој ја употреби или поточно зошто е употребена сината гиланска лада па затоа кога стана јасно дека во Македонија ке мора да се спроведе лустрација вe избраа вас да правите квазизакон за лустрација.

Законот кој го направивте беше првенстено во фунција да го сокрие работењето на службите, односно политичките центри кои преку службите работеле во попречувањето на осамостојувањето на Македонија. Да ја сокрие вистината за целта на прогонот кој го правеше комунистичката елита употребувајки ја службите во континуитет од 1945 па до 1998 година, потврдено со веродстојни докази. Но по некои сериозни индиции прогон кој трае и до ден денешен. Да го сокрие судирот во службите, односно судирот на левицата, судирот помеѓу Југословените и големосрбите во Македонија кој ескалира во последно време , да ја сокрие улогата на сината лада.

Вие господине Андов добро знаевте дека во Македонија прогонот поточно судирот, не беше, а и денеска сеуште не е исклучиво од идеолошка природа. Напротив, сржта на судирот е национална. Дејци за независна и суверена Република Македонија, против колаборационисти на соседите, чија цел одсекогаш била за Македонија според конформациите на Букурешкиот договор! Значи веќе ја лоцираме причината, станува јасно и видливо каде бил и каде е Македонскиот проблем.

Во скоро сите посткомунистички држави се спроведе лустрација. Таму се лустрираа носителите на Комунизмот - значи таму имаше идеолошка борба помеѓу идеолошкaтa левици и десницa. За да лустрацијата во Македонија биде целисходна и од полза на народно помирување и обединување, таа мораше да зафати многу подлабоко и тоа вие добро го знаевте господине Андов, знаевте дека во Македонија прогон не е вршен само на идеолошки неистомисленици, туку најголем дел од прогонуваните (околу 90%) се по национална основа. Прогонувани се Македонци, кои беа за Самостојна и Демократска Македонија.

Исто така господине Андов бевте човек , заради функцијата која ја имавте, кој го имал во раце ПРАВИЛНИКОТ за работа на СДБ 10/92, правилник во кои беа отворени неколку нови линии за работа на СДБ. Меѓу кои и линијата за прогон за МАКЕДОНСКИ ЕКСТРЕМИЗАМ И ВРХОВИЗАМ. Линија на работа која есплицитно е вперена против сите оние кои решерние на Македонското прашање го гледаат во формирање на МАКЕДОНСКА Самостојна Држава.

Кога ке се направи споредба што сте знаеле, за што се сте имале информации и што предложивте во законот за лустрација јасно е дека задачата ви беше да го сокриете злосторот на левицата.
Заради читателите, за да им дадеме можност сами да донесат суд, ке пренесам членови од Резолуцијата 1096 на советот на Европа, Резолуција за осуда на комунистичкиот тоталитарен режим.

Параграф 4 вели:

-"Затоа, за отстранување на наследството од поранешниот комунистички тоталитарен режим, демократска држава која е заснована врз владеењето на правото мора да ги примени процедуралните средства на таква држава.
Демократската држава не смее да примени никакви други средства, бидејќи тогаш тоа не би била подобра од тоталитарниот режим кој треба да биде укинат, размонтиран. Демократска држава заснована врз владеењето на правото има доволно средства на располагање за да обезбеди спроведување на правдата и да ги казни виновниците - но демократската држава не може и не смее да подлегне на желбата за одмазда, наместо правда. Наместо тоа, демократската држава мора да ги почитува човековите права и основните слободи, како што е правото на фер судење и правото на судење, демократската држава тоа мора да го применуваа дури и врз оние кои самите не го применувале врз други, кога тие биле на власт. Државата втемелена врз основа на владеење на правото, исто така може да се брани против оживување на комунистичката тоталитарна закана, затоа постојат голем број на средства кои не се во судир со човековите права и владеењето на правото, и кои се базираат на употреба на казнена правда и административни мерки."

Во демократска држава, освен судот не постои друго процедурално средсво со кое се демонстрира владеењето на правото, само судот и тоа со ПРАВОСИЛНА пресуда може некого да прогласи за виновен тоа е демонстација на владеење на правото господине Андов кое го бара советот на Европа.
Советот на Европа за да потенцира дека судот е тој кои треба да ја процесура лустрацијата ви го дава и параграф 7

Параграф 7 вели

-"Собранието исто така препорачува, казнивите дејства што биле сторени за време на комунистичкиот тоталитарен режим да се гонат и казнуваат врз основа на општоважечките казнени закони. Доколку тие предвидуваат застарување на одредени злосторства, рокот може да се продолжи, бидејќи се работи за процедурално, а не за содржинско значење. Доколку донесувањето и употребата на ретроактивни казнени закони е забрането, но дозволено е судење и казнување лица за дејства или пропуштања, кои во време на сторувањето не биле казниви според домашното право, казниви се во согласност со општите начела на правото на цивилизираните народи. До толку повеќе; доколку лицето ги прекршувало човековите права, неговиот приговор дека само извршувал наредби не ја исклучува ниту противправноста, ниту неговата индивидуална вина."

Во тоталитарните комунистички држави кога се сакало да се забошоти некоја афера, злостор за кој е виновна комунистичката елита обично се формирала комисија. Вие господине Андов како прекален апаратчик на таков систем што можевте друго да понудите за да не преведете жедни преку вода освен комисија.

Дане Поповски и Јордан Петровски

ЦИЦКАТА НА ЛОШАТА МАЌЕА


[Image: 333btar.jpg]
Секој во Македонија чиј мозок не е испран, избришан и оставен на една цртка ѓоа апче аспирин, живее со некое непријатно чувство ко некој да му го отрул кучето. Чувството не е толку последица на елементарната непогода што нѐ снајде, олицетворена во ПРЕРОДБАТА на Мали Груица, туку повеќе е резултат на нашето длабоко спознание дека живееме во земја која стои на раце и во која сѐ е газ-преку-глава. Сите знаеме дека играме во натпревар кој е секогаш наместен, во кој судиите секогаш се поткупени и во кој лошите дечки секогаш победуваат. Сите знаеме дека во бродот Преродба одамна навлегува вода и сите знаеме дека капетанот лаже.

[Image: 2jfabyg.jpg]

Штета што кога ги дава своите лажни ветувања, некоја камера, да кажеме од Сител или Канал 5, не го снима отпозади за да видиме дека прстите ги држи прекрстени. Исто така знаеме дека дилот помеѓу ДПМНЕ и ДУИ е вештачки создаден по наредба од ЕУ и како таков е крајно непринципиелен и расипан. Знаеме и дека, овде, за кражба на точак можеш да бидеш осуден на пет години затвор, додека за проневера на милиони евра или за прегазување на пешак со смртни последици, да бидеш ослободен. Сѐ зависи од тоа КОЈ ТИ Е ОТПОЗАДИ. Поточно, зависи од тоа кој ти го чува грбот. Знаеме и кој на кого му наместил убиство, знаеме кој на кого му продал плац за евро по квадрат, знаеме кој купил станови за цела фамилија, а знаеме кој на кого му фафа за да не лежи робија за гревови од минатото. Со еден збор, СИТЕ ЗНАЕМЕ ДЕКА СМЕ ВО ГОМНА ДО ГУША.

Ама маката не е што го знаеме тоа, туку што ништо не правиме за да испливаме надвор, а ништо не правиме зашто доброволно се откажавме од нашата слобода во име на некакви нереални очекувања дека ПАРТИЈАТА Е ТУКА ДА МИСЛИ ЗА НАС. Партијата ќе помогне, партијата ќе ги вработи нашите блиски, партијата ќе ни обезбеди бизнис, партијата ќе даде и цицка ако треба, само ако сме лојални кон неа и секогаш редовни ко треба да се гласа. Ете, оттаму е она чувство дека некој ни го отрул кучето. Тоа е почеток на будењето на свеста дека сме измамени по сите основи и прописи. 

Сектата наречена ДПМНЕ изминативе месеци мака мачи со своите разочарани членови. Сите оние јадници кои пристапиле кон неа со мисла дека сектата-партија ќе им излезе во пресрет да им ги реши егзистенцијалните промени, сега, одеднаш сфаќаат, барем оние попаметните, колку биле во заблуда и полека се аутираат кон јавноста. Зборуваат и пишуваат по социјалните мрежи за сите оние полуидиоти, раководители по општинските партиски штабови на кои морале да им трепкаат за да останат во игра за работно место или во трката за социјален стан. И беше очекувано оние попаметните секташи од ДПМНЕ да кренат џева кога сфатија дека џабе рмбале за партијата и џабе верувале во неа толку време. Џабе носеле гласови од дома, џабе агитирале, џабе лепеле постери од Пастирот, џабе го фалеле во своите коментари и колумни, кога за тоа време, други, помалку вредни од нив, кои до вчера биле за некоја друга партија, одеднаш застанале до нивниот Пастир и како негови најголеми пријатели добиле сѐ што посакале. Вработувања за сите од потесната и пошироката фамилија, фирми, пари, коли, станови и милионски тендери. Ама како викаат: Во секое црно има и бело! Големата добивка на маргинализираните членови на ДПМНЕ од обелоденувањето на финансиските скандали на нивните повластени партиски идоли во последниве месеци, е во тоа што конечно сфатија дека ПАРТИЈАТА Е ЛОША МАЌЕА. Од неа можат да цицаат само нејзините деца, (читај: блиски роднини) и никој друг. Останатите се тука слепо да ѝ служат и да го перат нејзиниот валкан долен веш. Толку.

И не е ова ендемичен синдром што се случува само кај преродбениците. Тој синдром на изјаловени очекувања се јавува кај секоја партија на власт. Го имаше и во СДСМ кога таа беше на власт. Во тоа време познавав неколку нејзини најпосветени активисти кои ѝ го завртеа грбот оној миг кога сфатија дека секогаш има некој што има предност пред нив, без разлика што тие се докажале и гинеле за имиџот и доброто на партијата. СДСМ почна да ги губи своите позиции кај народот токму кога овие, наизглед неважни луѓе почнаа да ѝ го вртат грбот разочарани што не го добиле она што им било ветено од врвот на партијата. Така е кога кај нас партиите се сфаќаат како сервиси за остварување на личен интерес, а не за добро на сите. Нормално е што тие гласачки балони кои ги создава врвот на партијата со неограничени ветувања за секој и секого, еден ден мора да пукнат, зашто ако тргнат да ги исполнуваат желбите на секој нивни член, за нив и нивните блиски нема да остане ништо. Сега истото се случува и во ДПМНЕ и затоа ќе се соочат со истата судбина со која се соочи СДСМ во 1998 година. Не мислам тука на претстојните претседателски избори, туку на оние кои ќе следат по нив. Тогаш преродбениците ќе го кркаат граот скиснат.

Тогаш пак Мурто ќе го смени Курто и голем дел од оние кои сега цицаат од цицката на преродбеничката партија, ќе се навртат на онаа социјалдемократската, а повеќето од оние кои сега трчаат за социјалдемократите ќе останат со прстот во уста. Не одма, ама со тек на време ќе сфатат дека се изиграни на сметка на некогашните социјалдемократи кои после станаа преродбеници, за пак да се вратат во СДСМ ко ќе рикне режимот на Грујо, поточно ко ќе рикне режимот на Големиот Братучед, зашто и Грујо е безгласна буква. И така ќе се вртиме во круг.

За тоа време Украинците се ослободија од оној кого го сметаа за диктатор кој лошо управува со нивната земја. Со стапови во рака масовно тргнаа на војската и полицијата кои требаше да го бранат. Беа убивани од снајперисти и крвареа на улиците на Киев. На крајот нивниот диктатор посран од страв, под закрилата на ноќта ја напушти земјата со своето семејство и своето злато. Се изгуби во непознат правец соочен со силата на она што се вика народ. Тоа сценарио е научна фантастика за нашата општествено-политичка реалност. Македонците немаат психичка сила за такви бурни пресврти и радикални реакции зашто премногу слепо веруваат во партиите и нивните лидери со надеж дека ќе добијат трошки од нивната богата трпеза. Подготвени се на секаков компромис, дури и со нивните непријатели, само за да извлечат лична корист или да го зачуваат својот каков-таков мир и платичката од 200 евра. Тоа не е одлика на витален народ со слободарски дух, туку на народ кој е комплетно загубен и дезориентиран во поглед на својот опстанок. Таков народ секогаш чека на друг да му ги реши проблемите. А кога се чека на друг да ти ја понуди цицката и да ја заврши работата, се знае што се добива. Чекан по глава наместо цицка! И патем, некој нов диктатор. Стопосто.

Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ

БРУС ЛИ ПРОТИВ МАЛИ ГРУИЦА И НЕГОВИТЕ ПРАСЕНЦА



[Image: 333btar.jpg]

Брус Ли не само што добро тепал со карате, туку знаел да каже и умни работи во паузата меѓу две тепачки. „Онака како што размислуваш, таков ќе станеш.“ е една од тие мудрости. Значи ако постојано размислуваш на пари и моќ, многу е веројатно дека еден ден ќе станеш моќен парајлија, но исто така неизбежно ќе станеш и алчна свиња, зашто парите и моќта се дрога и го тераат човека да прави разни свињарии во нивно име. Не случајно за умните прадедовци на Брус Ли, старите Кинези, свињата била симбол на човековата опседнатост со парите и материјалните добра.

[Image: 13zo044.jpg]
Сега отприлика знаете за кого гласате кога го давате својот глас на македонските транзициско-политички ѕвезди сиве овие години. Гласате за свињи благо речено. Тие политката не можат ни да ја разберат поинаку освен како алатка за лично богатење и злоупотреба на моќта која ја носат парите. Затоа и толку грофтаат и касаат кога некој ќе ја демаскира нивната корумпираност или вплетканост во разни бизнис-афери. Знаете зошто плаче прасето? Зашто мајка му е свиња! Затоа и нашиве прасиња од власта цвикаат кога некој ќе ги спомне десетиците станови и фирми кои самите ги изнакупиле и припишале на нивните мајки, божем да ја заметнат трагата дека они немаат врска со тој имот. Е така е, за да се родиш како прасе мора да е мајка ти свиња. Или мајка ти или некој друг од најблиските роднини. Свинштината во карактерот обично генетски се наследува исто како кривиот нос или долгиот пенис. Затоа денес нашата политичка сцена наликува на кочина во која прасињата на некогашните свињи, напорно се трудат да станат свињи како нивните татковци и мајки и добро им оди право да ви кажам. Во актуелниот политички свињарник околу нас главна улога имаат прасенцата на некогашните социјалистички политичари, директори на фирми, шефови на тајните служби, крупни ѕверки од полицијата и војската. Ете за нив гласате кога одите пред изборните кутии и после се прашувате зошто Македонија покрај тоа што нема море, нема ни име, а како тргнало, наскоро ќе нема ни народ.
Претседателските избори ене кај се ближат, а претседателските кандидати кај шефовите на партиите се лижат. Да се стане кандидат за претседател на Македонија, денес тоа не подразбира ни храброст ни мудрост, ни чесност, туку само лигав опортунизам кон шефот на партијата кој го кандидира. Го изнагледавме тоа особено последниве четири години откако Хорхе квакна на претседателската фотелја. Ако се навратиме пак на онаа мудра крилатица на Брус Ли, Хорхе не мора да се плаши дека ќе се претвори во она за што најмногу размислува, зашто Хорхе како претседател на Македонија не мисли ништо, не прашува ништо и не прави ништо, такашто ако се претвори во нешто, ќе се претвори во НИШТО. Зашто тој е најочевидниот доказ дека претседателот на Македонија е обичен постер од ефтина фолк-певаљка на ѕидот во собата за трофеи на шефот на преродбениците Мали Груица. Стандардите на неразмислување и неправење ништо кои ги постави Хорхе кога стана претседател се толку високи што ќе бидат вистински предизвик за новиот претседател за да ги достигне па дури и надмине. Затоа не се надевајте дека новиот претседател ќе биде нешто поразличен од овој. Ниту пак ќе биде различен оној што ќе дојде после него. Вашиот избор на претседателски кандидат драги мои читатели секогаш се сведува на избор помеѓу топло и ладно гомно кое ви го сервираат шефовите на големите партии. Тоа не го заборавајте кога ќе излезете дотерани, заплакнати и намирисани на гласачкото место.
Затоа ми е многу смешна онаа креатура од човек, преродбеничкиот Гебелс за пропаганда кога вели, неговата партијата најдемократски го избирала својот кандидат и дека не се сомнева дека ќе бил квалитетен. Квалитетен за што, бе прасенце? За дудлање? За цицање? За шмукање? За фафање? За упикување во најтемното место на Мали Груица? Па уште и едните и другите (преродбениците и розите) глумат лудило и не го откриваат името на својот кандидат, за стекнат наводно некоја предност и да ја загреат атмосферата!? Големи јајца од нилски коњ! Знаете колку сум потресен што уште не го знам името на вашите дудлачи, пардон, кандидати?
А слушам, Мали Груица толку се попалил што сакал покрај претседателските да има и предвремени парламентарни избори, зашто пресмета дека трансформацијата на неговите прасенца во бишки ќе биде потполна ако владее барем уште четири години, оти осум очигледно не биле доволно за да се постигне тој ефект. Не би било лошо за Мали Груица да ја читне оваа колумна и она што сега ќе му го кажам како најпријателски совет: Држи се брату до претседателските избори ако сакаш да победиш за последен пат, оти ако одиш и на предвремени парламентарни избори ќе го јадеш кочанот, зашто тогаш ќе излезат многу од оние што ти го собираат одамна и ќе гласаат против тебе од чист македонски инает, а не затоа што се со опозицијата. Ќе гласаат против тебе зашто им е доста од свињариите што ги направија твоите прасенца, секако со твоја дозвола. Вака, ако одиш само на претседателски избори многу од нас нема да излезат да гласаат зашто знаат дека изборот на претседател на државава има важност исто колку и изборот на бржданска убавица. Ме разбра?
Ако ме разбра, послушај ме и еден ден ќе се гордееш со мене. Кај и да ме сретнеш нозе ќе ми бакнуваш, а може и споменик ќе ми направиш некаде низ градов, ако остана празно место. Иако по мило би ми било ако ми подариш еден од тие вашите преродбенички станови од 140 квадрати на улица Димче Факинг Мирчев, ако се земе предвид дека со три деца сум поголем патриот од сите твои неженети функционерчиња и друга багра, кои во своите станови во таа зграда, носат разни скопски кол-герли за да им ја вадат маста, да шмркаат кока од нивните мазни вагини и таму да пикаат банкноти од петсто евра зашто им се може, зашто се без мозок и зашто ти им даде власт и моќ тоа да го прават, за еден ден, да станат свињи со педигре. Само што никој од вас изгледа уште не е свесен дека патот на секоја свиња секогаш завршува кај касапот. Ама баш секогаш. 

Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ

МАКЕДОНЦИТЕ ПУШАТ, БОСАНЦИТЕ РУШАТ


[Image: 333btar.jpg]
Некој убаво рече, под итно од нашата химна треба да се исфрли стихот: „Македонците се борат за своите правдини“, зашто од Марс се гледа, Македонците не знаат да се борат за правдини. Ниту за своите, а уште помалку за универзалните. Дајте да се погледнеме еднаш во очи и машки да признаеме: Не постои друг народ на Балканот освен македонскиот кој толку долго живеел под туѓа сенка и на кој толку долго му требало национално да се освести и да направи своја држава! Грците, Бугарите, Србите, Албанците уште во 19 век им рекле чао-пријатно на османлиите и создале свои држави и национални програми. Хрватите, Босанците и Словенците исто. За тоа време Македонците се делеле на бугараши, србомани, гркофили, врховисти, анархисти и социјалисти, играле меѓусебе камај и ставале цртки за тоа кој повеќе ликвидирал од своите браќа во другиот табор. Целата генеза на нерешеното македонско прашање и конфузната национална свест се дефинира со една позната реплика: МАКЕДОНЕЦ УБИ МАКЕДОНЕЦ ЗА МАКЕДОНИЈА. Така било во турско, така е денес. Ништо не се сменило, освен актерите и историскиот контекст.

[Image: 348iybt.jpg]

Затоа отсекогаш сме биле народ за спотер, паричка за поткусурување на поголемите и поспособните од нас. И не треба да се навредуваме ако некој ни рече дека Александар Македонски не е наш предок, оти не е сигурно. Да беше наш, верувајте, до сега, во последниве дваесет години барем еднаш ќе ни прекипеше млекото и ќе разбуцавме сѐ што ќе ни дојдеше под рака. И Грци и Бугари и Срби и Албанци. А ќе разбуцавме и барем една од оние владеачки гарнитури кои сиве овие транзициски години нѐ држат во беда и нѐ понижуваат. Или ќе ги разбуцавме или ќе нѐ разбуцаа, ама барем ќе бевме чисти пред нас дека нешто сме се обиделе да направиме. Вака, дваесетикусур години ги минавме во страв од полошо утре, во страв дека ќе останеме без работа, во страв дека некого ќе налутиме, во страв дека некој ќе нѐ истепа. Ем постојано се плашевме, ем пак секое утре стануваше полошо, пак останувавме без работа и пак нѐ тепаа, газеа, шиканираа, понижуваа. Зошто тогаш се плашевме? И зошто сѐ уште се плашиме? Кое дно треба да го допреме за конечно да се разбуди човекот во нас и да им го порачаме на сите оние манипуланти од целата македонска политичка сцена, истото она кое Босанците овие денови, преку молотови коктели им го порачаа на своите водачи: Изгубете се за навек и оставете да си ја средиме државата по наша мерка!
Она што го бараат Босанците во екот на својот бунт, не е просто менување на власта, како што е обичај во оваа наша недојдија, во смисла да замине актуелната власт, а да дојде опозицијата. Не, не... Босанците побараа да се тргнат и тие и тие, еднаш засекогаш, зашто мајчините луди и глупи Босанци како што ги знаеме од вицовите го сфатиле она кое генијалните и паметни Македонци уште не можат да го сфатат дури и некој со инка да им го става во тимбата, а тоа е дека, во сите балкански држави кои се создадоа по крахот на СФРЈ, владеат корумпирани, несовесни политички структури кои само си ја примопредаваат власта, без ниту трошка желба нешто драстично да сменат во полза на својот народ. Босанците, драг мој преплашен македонски народе, не побараа друго идеолошко срање од мислење за хроничните проблеми, туку побараа ДРУГ ПАМЕТ, друга парадигма за менаџирање со босанската стварност, зашто сфатија дека политичките опции во нивната земја се во принцип идентични и целат кон иста цел – лична корист, наместо општо добро!
Безброј пати и кај нас за овие две децении излегуваа работници од пропаднати фирми да ги бараат своите правдини и неисплатени плати. Дали некој од нас сочувствуваше со нив? Дали им се придружи во знак на поддршка? Боже пази! Додека тие блокираа сообраќајници, плачеа и кукаа, шоферите ги пцуеа, ги туркаа со своите автомобили или излегуваа да се пресметаат со нив со безбол палки, зашто медиумите и власта ги претставуваа во јавноста како расипувачи на прекрасниот македонски амбиент во кои останатото мнозинство ужива. Или она што беше актуелно последниве години, на секој групен и јавен израз на незадоволство, големиот водач Грујо одма организираше контра-протести во кои партиципираа негови партиски фанови кои требаше да ја убедат јавноста дека тие од другиот табор лажат само колку да му наштетат на нивниот идол. Секогаш некој ги вртеше Македонците против самите себе, за да може лесно да ги држи уздите на своето владеење. Уште ко ќе туреше кордон полиција меѓу закараните табори, сѐ одеше како подмачкано, зашто секој што владееше беше свесен дека не смее да дојде до ескалација на немирите и сметаше на вродениот страв кај Македонците да кренат рака против власта. Така мирољубиво се демонстрираше со години, а властите уште помирољубиво продолжуваа да ја ограбуваат ова земја и да уништуваат цели генерации. И никогаш не ни беше јасно како тоа, таму некаде во Украина или Босна студентите, нивните професори, деканите, уметниците, цветот на интелегенцијата секогаш се на страната на угнетените и бедните, додека кај нас сите овие групи секогаш се во положение на власта и во нејзина одбрана. 
Деновиве факелот на побуната во Босна се запали кога грст обесправени работници во Тузла побараа од власта да ги третира како луѓе, а не ко нејзини робови. Нивниот повик за помош го слушна народот на кого му припаѓаат и тоа беше доволно лавината да тргне низ сите градови во земјата. Немаше контра-протести организирани од власта и немаше медиумски подготвен театар во корист на власта, зашто имаше народ кој покажа сила и сериозна намера да ја менува стварноста од корен. Додуша медиумите во првите два дена се обидоа протестите да ги минимализираат како бунт на хулигани и навивачки групи, но тогаш на сцена се појавија и босанските интелектуалци и студентите. Пензионерите и целата осиромашена поранешна средна класа. Власта се обиде и нив да ги заплаши кога го замоли нејзиниот ЕУ-тутор да се закани дека ако не се разотидат по дома ќе ги викне своите Австријци со тенкови. Малку се зезна, зашто Босанците одма му порачаа дека ако ги вика Австријците со тенкови, да ги потсети да понесат со себе и мртовечки сандаци зашто ќе им требаат. Тогаш и босанските власти и медиумите конечно ја потсобраа чергата, кога сфатија дека ѓаолот ја однел шегата.
За разлика од нашиот антички и паметен народ, глупите Босанци изгледа ја научиле најважната работа на светот дека ПРИРОДНО Е КОГА ВЛАСТА СЕ ПЛАШИ ОД СВОЈОТ НАРОД, А НЕ ОБРАТНО. Природен конфликт во социјална смисла е оној помеѓу граѓаните и власта која и да е, а не конфликт меѓу граѓаните поделени во разни партиски табори или поделени во разни етнички групи каков што е случајот кај нас. Босанците очигледно го научиле тоа, затоа беа спремни да застанат заедно, без разлика на нивната етничка и партиска припадност и со голи гради да тргнат на полициските кордони, да ги палат нивните возила и државните институции како симболи на нивната угнетеност и понижувањето во кое живеат со години по фамозниот Дејтон. Нашите медиуми, по сугестија на нивните грујовци и мијалковци тие чинови исто ги опишаа како вандалски. Демек, глупи хулигани, рушат имот што е направен со нивни пари и утре пак од нивни пари треба да се обнови. Тоа го направија од чиста превенција, да не му текне на некој да го копира босанското сценарио. Само џабе се плашеа од такво нешто, зашто нашиве луѓе со овчи душички одма го проголтаа тој спин и продолжија истото да го пеат во меѓусебните муабети за настаните во Босна. Стварно еј, гледајте Босанциве колку се глупи, го палат она што е нивно! 
Просто е неверојатна таа наша неспособност симболички да го сфатиме чинот на Босанците кога ги рушат симболите на оние кои систематски ги рушат нивните животи. Веројатно доволно настрадаа во нивната граѓанска војна за да сфатат дека полошо од тоа не може да ги снајде и дека стравот е само состојба на свеста. Па, не може грст технократи во скапи одела да бидат поопасни од сите оние ракети, колежи и снајпери кои ги прекрцкаа на почетокот на деведесетите од минатиот век. Властодржците босански многу добро го разбраа тој очај на својот народ кој премина во бестрашен бунт. Затоа како попчиња после ден-два од почетокот на бунтот, почнаа да даваат оставки од своите премиерски места во кантоните. Беа со право преплашени дека толпата може да им влезе дома и да ги истресе од гаќи. Последното барање на босанскиот народ гласи: Оставка на целата федерална влада во рок од два дена и воспоставување на непартиска влада. Ултиматум, ами како. Нема заебанција. Или ич или брич. 
Слушам наоколу и идиотски тези од некои наши маломадести аналитичари дека некоја трета страна, како ЦИА да кажеме, го поттикнала бунтот во Босна. Аха, малку утре! Она што се случува во Босна е класичен народен бунт против бедата и воспоставениот економскиот систем кој им оди во прилог само на богатите и оние во власта. Тоа е вистината за босанските настани. И знаете што е поинтересно? Истите тие околности се на сила и во Македонија. Беда и перверзен економски систем кој им повладува само на богатите. Само проблемот кај нас е што фали народ. Не постои критична маса за промена на чипот на мнозинството од нашиот народ. Со Македонците во последниве две децении се манипулира со приближно идентична технологија. Онаа на етнички крвни зрнца, на која ѝ се приклучи оваа вмровската за посебноста и избраноста на македонскиот народ и неговото античко потекло. Заробени во овие технологии на манипулација со искривен систем на вредности благодарение на медиумите поттикнати од власта, Македонците се скарани со своите лични, автентични егзистенцијални потреби, такашто, тие повеќе не се тригери на нивното однесување, туку нивното социјално однесување зависи исклучиво од нивната идеологизирана свест. Затоа крајно неприродно, повеќе сметка водиме за спомениците и преродбеничките приказни за нашето потекло од левото маде на Букефал, отколку што сме загрижени за своите загрозени егзистенции.
Ова добро го знаат сите македонски политичари, од сите партии, а особено овие во актуелнава власт. Затоа не сакаат да го слушнат и го потценуваат незадоволството кај македонските граѓани. Безбели си мислат: Никој ништо не ни може, зашто секогаш знаеме како да ги изманипулираме и исплашиме! Обземени од нарцисоидноста на владеењето дури и јавно зборуваат дека народот ним им останал должен за сѐ што направиле... ама во бронза, ќе речам јас. Оти ништо друго не направиле. Груевци се толку залудени во својата апсолутна моќ што дури и безобразно веруваат дека можат да го контролираат бесот и незадволството кај својот народ доколку би се манифестирал. Затоа ги создаваат оние партиски тампон-групи поткупени со вработувања, со покачување на пензиии, со бесплатно скијање и бања, со субвенции и други работи, за кога ќе дојде густо да ги свртат лесно против своите земјаци и сопаталци. И уште повеќе ќе работат на тоа во блиска иднина, зашто дури и Грујо сѐ потешко ја крие својата неспособност да управува со земјава, ниту пак може да ја скрие сѐ поизразената корупција во своите редови. Царот е гол и неговото царство не функционира. Неговата власт веќе е колабирана, а ако наскоро не се тргне од тронот, ќе колабира и државата.
Арно ама, сме ја утнале работата ако оваа умоболна демохристијанска десница ја замениме со онаа превртлива и преплашена опозиција. Она што ни треба за да ја спасиме државата и себеси како народ е комплетно нов модел на стварноста. Потребен ни е друг памет и генералка, ама од корен. По неа нема да има повеќе место за за ниту една политичка гарнитура од овие што ги познаваме денес. Треба веќе да ние јасно дека тие корумпирани политички стрктури, заедно со нашата вкоренета навика за лешперење и снисходливост не нѐ однесоа никаде. Напротив. Станавме заробеници на нашиот страв да се соочиме со сопствените грешки и неспособноста. Затоа поразите се наше секојдневие во секоја сфера. И незадоволството од тој амбиент со години тлее и се насобира, но се прашуваме што е тоа што треба да се случи за таа лавина да се придвижи и да почне генералката. Зашто само таква, затркалана социјална грамада од пркос може радикално да ја промени политичката филозофија и свеста кај народот и оние кои ќе го водат во иднина. Постоечкото незадоволство мора да го артикулираме во смислена општествено-политичка акција, инаку ќе се загубиме засекогаш.
Не верувам дека тоа брзо ќе се случи, зашто имаме уште до допирањето на дното. Нашето овчедушие и понатаму ќе нѐ турка надолу, а ние и понатаму ќе ги бараме нашите пастири и ќе се тепаме и зајадуваме во нивно име. Ај, па може еден ден, кога ќе стигнеме таму, на самото дно, ќе ни дојде акалот и храброста кои денес ги немаме за да ги срушиме оние кои ги рушат нашите животи. А дотогаш голтајте драги мои Македонци сѐ што ќе ви принесат до муцката и очудувајте се на секој друг кој одбива да голта работи против својата волја. Само запаметете, тоа што биолошки им припаѓаме на цицачите, не нѐ обрзува да бидеме цицачи и по карактер. 


Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ

СЕКСБУК ИЛИ ФЕЈСБУК





[Image: 333btar.jpg]
Што убаво беше кога не знаевме ни за мобилни телефони, ни за интернет, ни за фејсбук. Требаше да бидеш или премногу зрел или премногу луд за да се ожениш на крајот на осумдесетите и во девеесетите години на минатиот век, зашто Скопје тогаш живееше со полни гради, особено навечер. Сѐ уште постоеше изразена субкултура и групи кои имаа свои места за забава, своја музика и препознатливи кодови на идентификација. Шминкерите и снобовите дремеа во „Чао“ и „Змија“, рок-психоделиците и блуз-рокерите филозофираа во „Ван Гог“ и „Зи-Зи Топ“, ВИП-фаците се драпаа и шмркаа кока во „Пијано“ и МЦМ, металците локаа и рокаа во „Бесна кобила“, а новопојавените техно и електро-панк фрикови лапаа ексови во тоалетите на „Спутник“ и „Тиква зелена“ или пак трипуваа на журките на пи-ем-џи. Само оние старите, класични панкери, немам поим кај беа во тоа време. После разбрав, пола од нив кои не скончаа оверени од хорс, станале бизнисмени и врзале кравати околу гуша. Не е важно. Важно, секој знаеше каде припаѓа и се обидуваше да го живее својот стил доследно.

[Image: 2j4bmog.jpg]

Јас бев еден од тие рокерите. И беше многу рокерски да се свири на гитара, да се пуши „мара“ и да се бркаат сојки (девојки) во секое време и на секое место. Рокерски беше да ѝ пристапиш на девојка во полн автобус на пример, во доцна пролет кога е жешко, додека она се држи за горната шипка, а од голата мишка, нејзиниот дезодоранс те милува по носот. Или пак нешто те штипе, ако дезодорансот изветреал во меѓувреме. Ама кому му беше гајле за тоа, ако девојката е екстра. И така, рокерски, ќе почнеше некој муабет со неа и ако она ти рече, се симнувам на оваа станица, одма следуваше најрокерски одговор: Еееееј, замисли и јас се симнувам тука! Па ние ептен комшии сме биле! Можам да те испратам! И така до нејзиниот влез. Тогаш, ќе ѝ побараше бројче од домашниот телефон, зашто мобилки нели, немаше. Е сега, ако ти го дадеше бројот од фиксниот, можеше да бидеш сигурен 99%, девојката ќе излезе со тебе кога ќе ја побараш и да бидеш барем 90% сигурен дека успешно ќе ја заведеш истата вечер. Нели, освен ако, не треснеш нешто од типот: Замисли, вчера кога мочав ми се лизна од раце и ко ми падна на плочки, ги искрши!
И девојките не беа ништо покуси од мажите во желбата да ја манифестираат својата страст и техника на заведување. Знаеја да демонстрираат безброј шармантни курназлаци за да пленат без многу керефекање и без да изигруваат монахињи. Ќе ти пристапеше некоја со која си се кибицирал цела вечер во кафиќот и смело ќе ти предложеше да одите во диско, ако претходно ѝ правиш друштво да тркне до дома, да ги сменела кондурите, зашто овие наводно ја стегале, па нема да може да денса. И така, ако не си глуп, ќе сфатиш колку е саат, па најкавалерски ќе ја испратиш, ќе влезеш кај неа дома и штом видиш ја соблекла едната кондура, одма ѝ се џиткаш ко лав на зебра и ѝ ги зариваш катниците во врат или една педа подоле. После почнуваш да ја дереш, ама во тек на чинот мислиш да ѝ напрајш и друга дупачка кога ја прашуваш: Нели дојдовме да ги смениш кондурите за да одиме у диско да денсаме, а она ти вели: Па и сега денсаме, али у вертикала! Затоа не сери, само продолжи да денсаш врз мене! А бе милина од дружба, ко ви велам.
Или во некој кафиќ, да кажеме, запознаваш девојка, почнуваш да ја муваш и ако по некое време ти рече: Ај испрати ме до тоалет, да не одам сама... а бе штом излезе од тоалетот и штом се затвори вратата зад неа, одма ја лепиш тука на врата и ја оставаш без зборови. А богами имало дешавки и кога она сама те повлекува за раче пак во тоалетот, а потоа во една од кабините пред три четири збунети женски сведоци кои ја поправаат шминката. ИСПРАТИ МЕ ДО ТОАЛЕТ, тие се волшебните зборови што го омекнуваат мажот во срцето, а го стврднуваат на друго место! Нема поебоповиклива покана за маж од оваа! И девојките беа храбри и често ја користеа.
Да не тупам. Ја сфаќате поентата. Луѓето се бараа и се наоѓаа. За добро, за лошо, за во кино и театар, за оди-ми-дојди-ми, за секс. Комуникацијата беше директна, особено кога хормоните работеа. Ако се сплеткаш пред девојка при првиот контакт, отиде јабана. Ако не знаеш цело вечер со неа да правиш џагара-багара, подобро не ни приоѓај. Ќе умреш невин, ако мајка ти во меѓувреме не ти најде некоја мома заборавена од господ, преку колешки-стројници. Имаше такви смотани типчиња. Се криеа по дома и ретко сексаа, ако не ич. Е таквите ко нив после го измислија фејсбукот за да се одмаздат за нивните ноќи непроспиени, минати под јорган со стојко во рака! Мала шала. Да не ме разберете погрешно. Не сум неолудист или некој сличен лудак. Напротив. Новите технологии и измислици се кул, особено во информатиката. Но некои работи, ми се чини, излегоа малку од колосек, барем фејсбук кога е во прашање.
Еден мој познаник од старо маало, ме викна на кафенце кај него во фирма. Влегов, се поздравивме, седнав. Гледам на плазмата што му зафаќаше цел ѕид, тече седница од нашиот парламент, а нема тон. Му реков да смени на некоја музичка програма и да пушти тон. Башка, знам, не е човек што следи политика. На мојот предлог се насмеа и рече: Чекај, сега ќе видиш зашто гледам седница без тон... и го зеде мобилниот телефон. Почна на фејсбук четот да ѝ пишува порака на една пратеничка од власта која во тој момент беше присутна на седницата, а колешката до неа зборуваше, такашто повремено ја даваа во кадарот и нашава хероина. Пораката што ја прати беше брутално секси: Кај мене во канцеларија те чека една сочна цврста банана за да те освежи по седницата! Штом ѝ ја прати, познаников се разгоропади. Рече, гледај сега, кога камерите ќе ја покажат како ми одговара на пораката. И навистина после две минути, во кадарот делумно се појави политичарката во мигот кога нешто типкаше на нејзиниот телефон, со развлечена насмевка на лицето. Тоа добро се виде. Стигна и нејзиниот одговор. Ама ај сега да не го цитирам зашто беше ѓоа реплика во филмовите со Роко Сифреди и Рон Џереми. Е ова ме пали, викна познаников, кога е на седница да ѝ праќам секси пораки и да гледам на те-ве кога ми одговара на нив! Вака секогаш си пишуваме кога е на седница, ми се пофали. Е браво, реков, од свој џеб ги плаќаме народните избраници во собранието, а тие таму висат на фејсбук и едвај чекаат да дојде крајот на седницата, за да лапнат нечија надрвена банана и да ја омекнат. Само на пријателов, чудно му било тоа што на чет, неговата демохристијанска љубовница е многу поперверзна, отколку кога ќе се сретнат во живо. Тогаш само легнувала на грб и ќутела како риба за време на сексот. Му рекла дека само на фејсбук четот може да се опушти до крај и да зборува валкани работи.
Во друга епизода, после еден мој стендап во еден ноќен клуб, излегов надвор, да ме фати воздух, кога чув како еден јако спастрен тип на триесетикусур години му се обраќа на друг, додека ја симнува бурмата од прст: Еј, ај тргни ја и ти бурмата, пошто на таа од фејсбук ѝ кажав да донесе другарка и дека двајцата не сме женети. После истите тие типови ги видов пак внатре, кога се вратив на шанкот, беа сами цело време, изгледа тие од фејсбук не им дојдоа, па три саати кибицираа други две фуфи на кои им пратија и пијачки, ама не се доближија до нив да се запознаат. Само тој што прв ја тргна бурмата одвреме-навреме, ќе ја кренеше чашата да ѝ наздрави на едната од нив. На крај, кога од некои причини сфатија дека нема да пристапат на девојките, решија да си одат и за малку ќе се истепаа за кој да ја плати сметката, зашто оној кој прв ја тргна бурмата, инсистираше да плати со картичка, зашто немал навика да носи кеш со него, а другиов нудеше кеш зашто конобаров се изјасни дека подобро би било во таа гужва ако му дадат кеш. Каква педераана има во скопјево! Педераана со пун курац картици и кеш, ама без јајца.
Истата вечер ми доаѓаат две девојки во рани дваесети години. Едната посака да се слика со мене, иако не се ни претстави. Реков океј, ама ред е прво да се запознаеме, нели. На тоа типката ми рече: Зошто да се запознавме, ја те знам, дојдов со другарката за она само да нѐ слика за да ги стаам вечер сликите на фејсбук. Ако е така, ѝ реков на заебанција, сликањето го наплаќам пеесет евра од слика. На тоа ми дофрли дека сум сељак и ми го заврте грбот. А бе после таа случка не можев три дена да дојдам на себе, не од што бев навреден, тоа не бев ич, туку од односот, мотивите и недокваканоста на една згодна дваесетикусур годишна девојка кога приоѓа на непознат маж. Да се слика со него за да ги тури сликите на фејсбук??? Да е на дванаесетгодишна возраст, некако да разбереш, ама вака...
Познавам и едно типче кое го напушти доброто друштво во кое бев и јас, само за тоа да се види со некоја што ја запознал на фејсбук. Јас мислев таа живее некаде во странство, а он на одење ми рече дека живее во Скопје, ама се гледаат веќе два месеци само на фејсбук, после полноќ и дека си се свиѓаат и уживаат да четуваат цела ноќ. Добро му викам, сакаш да ми кажеш дека уште не си ја опнал? Е не ја опнал, ама кај и да е ќе ја опнел. Добро, го прашав, уште не ја покани да излезете? Одма ме поучи дека ако предложиш таква работа премногу брзо ќе испаднеш сељак во нејзините очи, зашто ќе ѝ станело јасно дека те интересира само секс. Не му се мешам. Голем е, си знае. Сигурно чека да навршат година од почетокот на чатувањето, па да ја опне, ако она не се омажи во меѓувреме со некој од скајп.
Мој пријател психијатар има дваесетидевет годишен пациент од Скопје кој смртно се вљубил во седумнаесетгодишна скопјанка на фејсбук. Никогаш не се сретнале во живо. Инсистирал да се видат, ама таа постојано го одбивала иако редовно му праќала нејзини фотки од море, на лежалка со мохито во рака, фотки од пилатес кајшто се чепи на голема сина топка, па дури и нејзини валкани гаќички по пошта. Кога преку заедички пријател на фејсбук открил каде живее, почнал да ја следи за да ѝ пристапи во погоден момент, но кога пристапил таа се правела мутава дека не го знае. Типов побеснел и ја нокаутирал. После полицијаа открила дека нокаутираната стварно не го знаела типот што ја нокаутирал, зашто нејзината мајка била таа што контактирала со него на фејсбук во име на ќерка си и користејќи ги нејзините фотки. Перверзно, зарем не?
Во таа смисла, фејсбук и покрај многуте благодети што ги нуди, изгледа полека го покажува и своето друго лице. Не е само алатка која воспоставува релации меѓу луѓето, туку станува и социјална нуклеарка која ги разорува. Создава поделени личности кои живеат лажни животи, скриени зад лажни идентитети и кои се комплетно препуштени на својот егоизам. Успешноста на фејсбук е токму во тоа што го храни егоизмот и нарцисоидноста на денешниот човек и бара од него да ги пречекори сите морални норми, да го покаже своето вистинско лице на первертит, нарцис, жртва или предатор, но и да отстапи голем дел од својот вистински живот во замена за една фиктивна заедница од аватари и други дигитални сеништа. Оттука е таа наша сѐ поголема несигурност и неспособност за комуникација во живо. Оттука доаѓа и нашата немоќ да ја покажеме сопствената автентичност во средбите тет-а-тет. Иако е точно тоа дека фејсбук и кај нас претежно се користи за наоѓање на дискретни сексуални партнери, прашање е дали тоа нѐ направи подобри во кревет и ја ослободи нашата зачмаена сексуалност, обременета од малограѓанштината околу нас. Не верувам. Мислам дека се случува токму обратното. Нашите сексуални нагони и перцепции полека се искривуваат, како што се искривува и нашата слика за реалноста. И сето тоа уште подлабоко ќе нѐ турка во длабоката морничава сенка на социјалните мрежи во која сите сме кобајаги ебоповикливи, кобајаги паметни, кобајаги кул и кобајаги слободни. Лајк за еден и лајк за сите.

Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ

МАКЕДОНСКАТА ЛУСТРАЦИА ИМА ЗА ЦЕЛ ДА ГИ ИЗМИЕ ОКРВАВЕНИТЕ РАЦЕ НА ЗЛОСТОРНИЦИТЕ 3



Благодарение на некои умни,објективни луѓе, Советот на Европа донесе одлуки да ги осуди двата типови на режими кои во дваесетиот век на светот му донесоа дотогаш невиден злостор, запечатен со систематско уништување на животи, наци-фашизмот и комунизмот. Фашизмот беше осуден и забранет а креаторите и извршителите на фашистичките злодела беа казнети. Лустрацијата, онака како ја предложи СЕ има за цел да го стави во центарот на вниманието злосторот на вториот тоталитарен режим . Скоро сите од бившите комунистички држави ја спроведоа листрацијата и го осудија комунизмот, и се разбира ги казнија креаторите и извршителите. Со тој акт покажаа дека го смениле комунистичкиот менталитет.

Академикот Аралица нуди еден многу лесен и едноставен начина за препознавање на менталниот склоп на човекот, на општеството и на системот. Ќе го парафразирам:
Како основ за препознавање на човековиот, односно општествениот менталитет, треба да се тргне од темелот. Да се дефинира разликата на менталитетот кој настанува во демократски општества и од оној што се ствара во тоталитарните.
Вообичаено е да сметаме дека демократ неможе да биде човек кој подеднакво не ги осудува обата тоталитаризми.
Ако на некого комунизмот му е негативе, а кон фашизмот е благонаклон, тогаш тој човек е ментален неофашист. Ако пак фашизмот му е негативе, додека за комунизмот во сите случаеви има оправдувања, тогаш човекот е ментален комунист, па и да се убие од докажување дека е демократ тоа неможе да го смени!
Демократите со менталитет на комунист во Македонија кога ја оспоруваат лустрацијата како една од главните причини го нудат фактот дека „комунистите ја донеле слободата,“ и „ја створиле Македонската држава.“ Веднаш на секој разумен човек му се наметнува прашањето која и каква слобода донеле комунистите. Каква е таа слобода кога се извршени илјадници убиства без судки процеси, без судски докажана вина? Каква е таа слобода кога немало непосредни и демократски избори, кога немало почитување на устав, кога немало почитување на индивидуални човекови права? За каква слобода зборуваме кога зборуваме за класична полициска држава? Ова, повеќе од сѐ ги издава противниците на лустрацијата за тоа што впрочем се.

ДРУГАРИ МЕНТАЛНИ КОМУНИСТИ: БЕЗ СЛОБОДА НЕМА ДЕМОКТАТИЈА!

Менталините комунисти за демократија ја сметаат бескрупулозна борба за власт со своите идеолошки браќа, Сталинистите. Да потсетиме, во 1948 год. за време на озлогласеното Иформбиро југословенските комунисти-Титовисти масовно крвнички прогонуваат илјадници нивни колеги комунсти-Сталинисти.
Каква држава створиле комунистите видовме по распадот на Југославија. Македонија всушност била држава само во рамките на Југославија, а тоа значи била држава само колку да се залажуваат Македонците, оние слепите почитувачи на власта, оние кои не сакале да ја видат реалноста, туку верувале на зборот на партискиот секретар, нешто што впрочем не е искоренето до ден денешен.

Да се вратам на „тестот“ на академик Аралица. Јас сум убеден дека во Македонија нема повеќе од илјада луѓе кои ќе го „минат“ тестот за ментален комунист на академик Аралица. За жал и несреќа на граѓаните на Македонија во тие илјада нема ниту еден новинар, интелектуалец, политичар, пратеник, ниту еден лидер на невладина организација или лидер на организација за заштита на индивидуални човекови права. А, најголемата несреќа е што во највисоките институции на државата седат ментални комунисти, и што законот за лустрација го пишуваат токму тие ментални комунисти !!
Прв на чело на оваа гарнитура на ментални комунисти е секако ЉД Фрчкоки, авторот на Устав на РМ, а воедно и човек кој е тежок прекршувач на истиот. Веднаш зад него се судиите, сегашни и минати, членови на Уставен суд на РМ.

http://www.youtube.com/watch?v=XRxA8SQAFbQ

За да добиеме појасна слика по уставотворецот Фрчковски да го слушнеме лустраторот Благоја Гешоски и се разбира неговите лаги:

http://www.youtube.com/watch?v=jAUlfRf_9KU


Кога се зборува за Уставниот суд мора да се спомене и Стамен Филипов. Човекот кој обжалил и срушил еден куп закони. Околу Филипов се наметнуват две дилеми. Како тоа СДБ никогаш не го прогонувала иако рушел закони кои биле наводно во корист на власта? Дури може да се каже ја исмејувал власта, а останал нечепнат. Тоталитарните системи секогаш фингираат слобода на мисла, па оттука и на критика. Таквите СДБовски творби се препознават кога СДБ ќе ги употреби за своја употреба. Филипов таква улога доби кога заедно со друг соработник на СДБ, Владе Милчин ја оспорија лустрацијата за период после 1991 год. Каде е доказот за моето видување? Зар може правник со толакав стаж, како оној на Филипов да не знае дека сите закони на РМ мора да се во согласност со Устав на Р. Македонија?!

 

http://www.youtube.com/watch?v=f1ZVdMAgz14

Член 51

Во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.
Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.



Законите и уредбите по кои работела СДБ и по кои прогонувала идеолошки и политички противници не се во согласност со Устав на РМ кој е донесен во ноември 1991 год.

Еве ги доказите:

Уставот во Член 17

Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.
Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката.


[Image: 16ie16x.jpg]


Со Правилник за работа на СДБ 10/92 прислушкување се дозволува само со решение потпишано од министерот на МВР.


Член 26

Се гарантира неповредливоста на домот.
Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување, на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето.


[Image: 103wrxw.jpg]

Истиот Правилник за работа на СДБ го крши и овој член на Уставот! Без налог, инспекторите влегувале во домовите на следените и обавувале информативни разговори со нив.



Член 52

Законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.
Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“ најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.


[Image: 2zxpkqo.jpg]

Правилник за работа на СДБ 10/92 е објавен во посебен Службен весник, кој не е достапен до јавноста! Значи правилникот по кој е правен прогонот не постои, бидејќи не е објавен во Службен весник на РМ. Што значи дека службениците на органите на државата не работеле согласно со законите на истата.

Уставн суд и сите мегафони на СДБ расфрлани во разни асоцијации за наводна заштита на човекови права, и се разбира и правникот Стамен Филипов, се повикуват на фактот дека со носење на новиот устав од 1991 год. и воспоставениот плурализам нема прогонети лица на политичко-идеолошка основа. Односно според застапниците на тоталитаризмот немало луќе не биле гонети заради различни идеолошки и политички убедувања, кои биле поразлични од партијата на власт; а ако имало таков прогон, тоа биле ретки случаи, и се работило за самоволие на некој чиновник. Па сходно на тоа, тие поединци вработени во СДБ кои работеле своеволно треба да одговараат крвично за злоупотреба на службена должност. Како и да е, зужбениците на органите на државата мораат кривично да одговараат. Но, тука е проблемот на застареност на делата.
Како и да е, повторно се срешаваме со две големи манипулации. Прво, сѐ до 1994 год. СДБ својата работа ја уредува согласно закони на бившата тоталитарна држава Југославија.

[Image: 20z6u5s.jpg]

Второ, не се работи за поединечни случаи и пречекорување на овластувањата на поединеци во СДБ. Законите, Правилниците и Уредбите кои ги носела владата и собранието, како што се гледа од погоре дадените докази, членови на Уставот и скенирани службени белешки, биле НЕУСТАВНИ а за тоа не реагирал ни Уставниот суд. Значи не се работи за изолирани случаи туку за систематско продолжување на тоталитарното комунистичко владеење!

За да го прикрие сето тоа Уставниот суд два пати го оспорува фактот дека кршењето на човековите права продолжило и по 1991 год. За да обезбеди алиби и вината за третата и по сѐ конечна одлука дека периодот по 1991 год. е демократски, ја симне од себе, Уставниот суд бара мислење од Венецијанската комисија. На прв поглед исправен потег. Но, на менталните комунисти, како и на Данајците, никогаш не смееш да им веруваш. Имено Уставниот суд во писмото во кое ја објаснува ситуацијата во Македонија свесно ги премолчува најбитните елемнти и така ја доведува Венецијанската комисија во заблуда.
Нашиот Комитет за Демократизација на Македонија кога доби информација за случувањата веднаш реагираше и на Венецијанската комисија и ги предочи елемнтите кои Уставниот суд ги премолча.
За прв пат јавно ја обзнануваме аудио снимката од разговорот со Венецијанската комисија.



Еве го и преводот на битните делови од разговорот кои укажуваат дека Устасвниот суд свесно сокрил податоци од Венецијанската комисија и така ја довел во заблуда, односно ја натерал да донесе мислење кое не коренспондира со вистиската ситуација во Македонија!

КДРМ: „Господине Маркерт, дали Комисијата е свесна дека во периодот кој му следи на Устав на РМ од 1991. год. Службата за Државна Безбедност отпочнала да води околу 4.000 досиеа?“

Томас Маркерт: „Ова е покриено со кажаното во Параграф 26 и 27 и претставува ‘посебни историски и политички услови’ во уставно општество. Комисијата дава Мислење чија што цел не е да даде пресуда, бидејќи не ѝ се познати сите детали. Оттука следи дека Уставен Суд треба да го примени Мислењето земајќи ги в предвид сите податоци.

КРДМ: „Значи при формирањето на оваа Мислење на Комисијата не ѝ било познато дека Службата за Државна Безбедност на Македонија обработувала лица при што се служела со Правилник за Работа кој бил објавуван во Посебен Службен Весник на РМ достапен само до државните органи (меѓу кои и Уставен Суд), но не и до јавноста? Притоа, при водењето на досијеата биле користени мерки како прискушкување на телекомуникациски направи и следење без обезбедување на судски налози. Дали на Комисијата ѝ е познато дека откатко беа отворени досијеата во 2000. год. Јавното Обвинителство не превзеде никакви мерки во однос на кршењето на човековите и уставни права во однос на овие досијеа? Дали ви е познато дека кривичните дела кои биле сторени во водењето на досијеата биле затсарени уште при самото отворање на досијеата, при што оштетените немале можност да бараат законски лек?“



Томас Маркерт: „Тука би морал да кажам дека доколку Комисијата била запознаена со овие детали тогаш Мислењето би гласело поинаку, бидејќи во тој случај има смисла за лустрација, и покрај тоа што станува збор за период петнаесетина години подоцна. Сепак, сакам да сме на јасно дека ние даваме општи мислења, и се обидуваме да не носиме пресуди.“

КДРМ: „Тогаш да го заокружиме она што го велите: Со оглед на даденото дека СДБ водела досијеа за граѓани на РМ при што се служела со анти-уставни мерки, и земајќи ги в предвид Параграф 26 и 27, дали има смисла за лустрација во Македонија за пероидот кој му следи на 1991. год.?“

Томас Маркерт: „Земајќи го в предвид она што го велите, би рекол дека тоа ја менува сликата.“



После оваа случка нашите убедувања дека лустрацијата е фингерај, за што сме пишувале многу пати, добија непобитна потврда. Но да објаснам врз кои факти го носиме овој заклучок.
- Во секоја држава каде што власта навистина сака да спроведе лустрација после нашето обзнанување на манипулацијата на Уставниот суд, ќе побараше ново мислење од Венецијанска комисија, документирајќи ги сите докази кои ние во разговорот со Венецијанска комисија ги посочивме. Со тој чин сите приговори на фактот дека со промена на уставот 1991 год. дошло до демократизирање на власта ќе паднеа во вода!
- Нашиот текст наиде на комплетно игнорирање од гласилата финсирани од Владимир Милчин кои и ден денеска шират лага дека се демократски.
- Провладиниот ДНЕВНИК објави делови од нашиот текст, но тие објави беа извадени од контекст и нивната цел беше да се сокрие мислењето на Венецијанската комисија.
Никој од владата не се обиде да нѐ контактира, не нѐ контактира ни ниту еден член од собраниската комисија која го работеше последниов закон за лустрација.

Денеска сите можат да видат зошто. Сите Милчинови мегафони и пратениците на СДСМ се повикуваат на мислењето на Венецијанската комисија, иако знаат дека тоа мислење е невалидно.
Власта, односно Илија Димовски, воопшто не се ни обидува да го дематира повикувањето на пратениците од СДСМ на невалидното мислење на Венецијанската комисија. Не го дематира свесно, остава кај обичните граѓани да се створи уверување дека СДСМ и Милчиновите мегафони се во право.

Ќе останам недоречен ако не го запрашам Стојан Андов зошто тој не побара мислење од Венцијанската комисија ако намерите за спроведување на лустацијата како што денеска проповеда му биле чисти.

Одговорите се наметнуваат сами.
Менталните комунисти и во власта (Сталинистите) и во опозицијата, (Титовистите) иако смртни непријатели, кога е во прашање зачувување на комунистичката идеолигија си ги заборават злоделата чинети едни на други за да не дозволат лустрација по препораките на Советот на Европа преточени во резолуции. Таквата лустрација треба да се одвива во судовите, аниз судските процеси ќе проговорат жртвите. Со тоа до јавноста ќе допрат сведочењата на жртвите за траумите и тортурите кои ги преживеале. Зар не делува чудно што за Голи Оток се напишани еден куп книги, кои сведочат за пеколот низ кои поминале комунистите-Сталинсти кој им го приредиле нивните идеолошки браќа, комунистите-Титовисти.
На Голи Оток биле затворени 16 000 комунисти Сталинисти од што комунисти Сталинисти од Македонија биле околу 1 000.

За идеата за самостојна и демократска Македонија затворени се околу 22 илјади Македонци. Од онаа што официјално се знае од тие на смрт или на затворски казни подолги од 15 години се осудени 242 лица. Но никој не кажува колку од тие 22 илјади умреле во Идризово? Во истражните затвори од тортура, од изгладнување, од мачење со жед, или од премрзнување. Колку од тие од затвор излегле со трајни оштетување на здравјето и починале набргу; колку од тие под притисок прифатиле да станат соработници на СДБ? Од 1945 до 1990 год., следени се преку 14 000 лица и од 1990 до 1998 околу 4 000, а за тоа нема скоро никакво сведочење, ниту пак после 1988 год. е покренато обвинение или судски процес против некој од следените. Зар е можно СДБ да не собрало никаков доказ, а следело преку 18 илјади лица? Или пак следењето имало друга цел?

Да, СДБ имало друга цел. Таа прогонот не го прави за да на Прогонетиот („предмет на Претходна Обработка“) му ги докаже наводните индиции кои формално послужиле како покритие за отворање на досието, и конечно да го уапси и осуди Осомничениот. Да нема недоразбирање, тоа СДБ не го прави од неспособност или од незнаење, туку заради тоа што целта на системот на работа е да се здобие со нов кодош - при што од секој „противник“ прави „свој“ човек, бидејќи, целта е, нели, Едноумие! За да се здобие со нов кодош, СДБ не избира средства или начини. Најчест метод се уцените со нешто од што жртвата, „предметот Претходна на Обработка“, се плашела да излезе во јавноста - прељуба, ситен криминал, лична тајна и слично; како и местенка на некој проблем за кој Службата на „предметот на Претходна Обработка“ ќе му понуди помош за решавање - на пример, задолжување кај лихвар, стопирање на судски предмет и слично. Откако службата ќе го добие новиот кодош, и предметот го става во „Оперативна Обработка,“ со што почнува со поставување на задачи кон истиот, т.е. обработка на нов предмент на „Претходна Обработка.“

Ако се одржат судки процеси сето обва ќе излезе на виделина. Чуварите на тоталитарниот систем кои се далеку од очите на јавноста се свесни дека ќе проговорат обвинетите. Од тие сведочења на обвинетите ќе се стаса до нив. Ќе се стаса до креаторите на злото.
Во таа игра да се сочуваат креаторите на злото клучна улога во овие осум години има Груевски.

На почетокот на текстов реков дека „колку добро да е осмилена манипулацијата таа секогаш му носи многу поголема штета на манипулантот одошто корист.“

Груевски за да ефектно ја изведе ДИФЕРЕНЦИЈАЦИЈАТА и да ги исчисти неговите опоненти, комунистите-Титовисти под превезот на лустрација чија основна цел треба да е осуда на злоделата на комунизмот, важноста на законот ја направи до 2006 год. Со тоа не сакајќи Груевски јасно ни стави до знаење дека прогонот на идеолошките и политичките противници продолжил и по периодот 1998 год. За ваквото мое тврдење има сериозни индиции, па може да се каже и несоборливи докази дека е така.

[Image: 2pt4baq.jpg]

Дека СДБ продолжила да го работи онаа што го работела до 1998 година, продолжила да прогонува Македонци заради нивното залагање за вистиски самостојна и демократска Македонија и за конечен раскин со тоталитарниот комунистички систем.

Груевски не донесе закон за увид во досиеата од периодот 1998-2006 год. Причината за тоа е што во тој случај делата нема да се застарени, а тоа значи дека Груевски не може да ги спречи судските процеси. Во тој случај Грувески не би можел да ги спречи жртвите да покренат кривични пријави кои обинителството не би можело да ги отфрли како застарени. На тој начин Груевски на злостониците им обезбедува сигурна заштита.

Дали лажниот повекепартизам, лажното демократизирање на Македонија со Уставот од 1991 година, лажниот раскин со коминизмот, лажната лустрација, лагите за мислењето на Венецијанската комисија би поминале, дали граѓаните не би го виделе тоа ако медиумите, попрецизно вработените во нив не служеле и за жал сеуште служат на коминистичкиот тоталитарен систем за да опстои.

Јордан Петровски

ПЕДЕРИСУВАЊЕ ВО СТО ЧЕКОРИ


[Image: 333btar.jpg]

Викаат педер не се станувало од првпат или од првиот секс. Можеби. Не знам. Тоа искуство не ми е познато. Ама знам дека педер у душа се станува многу полесно. Од првиот пат кога ќе дојдеш на власт. И тоа искуство не ми е познато, ама знам, не грешам кога го велам тоа, зашто за разлика од она педерисувањето отпозади, ова педерисување во душата го гледам секој ден со години наназад, а многу е актуелно во новава 2014 година. Преродбениците грујови  најпосле широко ја отворија својата душа пред нас. Поточно, некој друг им ја отвори преку


[Image: 1yviqe.jpg]

таканаречените опозиционери од СДСМ. Им ја отвори две педи. И во таа душа видовме дека се криеле многу педерски работи. Корупција на медиуми и новинари, коруптивни зделки со земјиште во Центар, правење и поставување скулптури на диво, а се криеле и многу станови во вредност по 180 илјади евра по комад  и тоа, само во една зграда. Пусти Димче Мирчев, така се вика улицата на која се наоѓа таа зграда, сега мора да се превртува во гробот од толку спомнувања на неговото име во медиумите последниве две недели. Иако, да ви признаам, немам поим кој бил тој Димче Мирчев. Еби му мајката. И за Тодор Александров до скоро не знаев дека е наш, а тоа излезе, херој македонски бил мајчиниот.

Туку, муабетот за душата ми беше. За онаа душа преродбеничка која пред да се прероди со доаѓањето на власт, беше многу скромна, понизна и секогаш полна со милост кон ближните свои. Ама ете, не додржа пустата, па се попедерчи од првпат штом ја освои власта. Иако, од петни жили се обидуваше да ги скрие своите педерски апетити, тие одеднаш бликнаа со сета своја раскош. Станови од 180 илјади евра, хациенди од пола милион евра, возни паркови од милион евра, фантомски фирми со обрт од многу милиони евра и тоа фирми на попедерчени новинари кои ја потхрануваат и штитат таа душа педерска. Излезе дека сѐ било лага. ЦЕЛАТА ПРЕРОДБА Е ЛАГА. И споменците и триумфалната капија и барокот и економскиот раст и субвенциите за земјоделците и покачените пензии и бесплатниот провод на пензионерите по бањите, автобусите и скијачките центри. Голема шарена лага за широките наивни народни маси, на кои преодбениците им ги наполнија очите и ушите со барок, кич, античка бижутерија и псеудо-национална патетична реторика за полесно да поверуваат во неа. Ама, ете, пак се покажа, во лагата се кратки нозете. Не за преродба, туку за БРЗО БОГАТЕЊЕ бил муабетот.

Овие денови мора да е многу тешко да се биде еден од преродбеиците. Особено е заебано да бидеш во кожата на алфа-преродбеникот. Ем е помал од афионово зрнце, ем кожата му е тесна. Неговите силвани, латаси, ивончиња, горданчиња и други цици-маци, изгледа не седеле мадро, додека он наоколу се колнеше во Господ, во чесност и во економски раст. Се колнеше во борбата против корупцијата и против сиромаштијата, во демократијата и слободата на изразување. А ваму излезе дека тие околу него најмалку верувале во Бога, најмалку биле чесни и најмалку отворени за критика, но затоа пак, покажаа најголема бруталност и безмилосна амбиција во походот за богатење. И додека преродбениците купуваат на своите деца станови од речиси двеста илјади евра или ги препишуваат на име на своите мајки за да се измијат пред светот, божем, становите не се купени со валкани пари стекнати од нивното практицирање власт, ЕДНА ПОТПОЛНО РАЗБУДЕНА ПЕНЗИОНЕРКА ОД КОШМАРОТ НА ПРЕРОДБАТА, се јави на телефон во една мала приватна телевизија и низ потресна лавина од зборови и солзи ја праша пратеничката Силванче, како да преживее во месецот со 6300 денари пензија и три возрасни школувани, но невработени деца. Несреќната мајка низ својата исповед како и самата да се обидуваше да одговори на прашањето кое најмногу ја мачеше. Каква е таа социјална, среќна и економски силна држава каква што ја прикажуваат преродбениците, во која најобични пратеници и министри можат да купат на секое свое дете по еден стан од 180 илјади евра, а од друга страна, таа на своите деца не може да им обезбеди ни три оброци на ден со својата мизерна пензија од 6300 денари!?

Еве и јас да ве прашам драги преродбеници, ова е вашата голема економска благосостојба? Цели 6300 денари пензија на мајка со три возразни школувани, но невработени деца! Во секоја нормална земја, 6300 денари не можат да бидат  пензија, туку ПОНИЖУВАЊЕ. Што ќе ѝ се нејзе вашите ебани бесплатни бањи, вашите ебани бесплатни билети за јавен превоз и вашето ебано бесплатно скијање за пензионери, кога гладува со нејзините деца. Подобро дајте ѝ бесплатно јаже да се обеси, зашто таа жена сфатила дека е поразена како родител, не затоа што била лоша и неодговорна мајка, туку, затоа што системот ја поразил кога целиот нејзин работен век го проценил на 6300 денари, а државата пак, ја изневерила кога ги оставила нејзините високо квалификувани деца на улица. Нема поголем пораз за родител кога ќе се фати себеси дека не може да им овозможи на своите деца нормален и достоинствен живот. Не постои поголем ужас од тој.

Па уште пратеничката Силванче, со цел памет, јавно се пофали дека нејзините деца воопшто не се во Македонија, туку работат во туѓина. Со тој гаф за секунда ги покака сите патриотски пропагандни пораки на преродбениците упатени кон младите, да си седат во својата економски развиена татковина, да земаат докторати на домашните универзитети, да отвораат бизниси во татковината и да иновираат ѓоа Едисон и Тесла, зашто успехот, нивната татковина знае да го награди. Марш, копита едни непотковани! За која благосотојба зборувате кога и вашите деца бегаат одовде и од вас? Стварно бе Силванче, зошто становите од 120 квадрати на улица „Димче-Не знам кој-Мирчев“ се на име на твоите деца, кога тие работат и живеат во туѓина. Или им ги купи за кога ќе се вратат дома, како странски пензионери со странски пензии да имаат каде да се разбашкарат? Што знам јас, а може и ќе ги ренташ на петнаесет студентки од Струмица, зашто толкав простор треба да се пополни? Ееееј, во време кога во Македонија огромен процент од младите брачни парови живеат под кирии и не можат ни да сонат дека еден ден ќе купат свој стан барем од 40 квадрати, овие преродбеници купуваат по пет стана, по пет коли, имаат пет швалерки, плаќаат пет илјади евра годишно за основно образование на своите дечиња, а после и до пеесет илјади евра за елитни странски универзитети. Ете, тоа е вашето демо-христијанско  чувство за правда  и грижа кон ближниот свој. Некому три или пет стана од 180 илјади евра и децата на школо во Кембриџ, а некому пензија од 6300 денари и децата на улица во Пробиштип.

Ама пукна тиквата браќа преродбеници. Затоа, денови наназад. вашата матица е помала од зрнце. Сфати дека лагата има крај, исто како и владеењето. Се обиде додуша да го прикрие срамот на своите полтрони со нивните скриени станови, наместени тендери и фантомски фирми, со ефтина приказна за некаков наводен секс-скандал во парламентот меѓу пратеник од преродбата и пратеничка од борците за човекови права на командант Али, ама штосот не му пројде. Се обиде да крене прашина и да го дефокусира вниманието на јавноста од неговите Силванче и Ивонче и со помош на Коце градоначалникот и неговиот предлог за промена на името на Универзалната Сала, ама и тоа нешто не им успеа. Сигурно набрзо ќе смисли и нешто трето, ама и тоа ќе му љуфне, зашто секое владеење располага со одредено количество лаги што можат да се употребат за владеењето да се одржи, но штом тие се потрошат, хаста ла виста! А лагите за вашето владеење, преродбеници драги, се одамна на црвено салдо. Аш нема повеќе.

Ете такви се педерите у душа. А за да бидат такви, не им треба проба. Такви се раѓаат. Тие се педери у душа од првиот чекор, ич не мора да изодат СТО ЧЕКОРИ за да станат такви. Затоа сакаат да владеат и кога се на власт, се онакви какви што се овие сегашниве, не многу паметни и способни, ама алчни, препредени и брутални. И далеку ги надминаа нивните претходници според педерлукот во душата и во оние квалитети што тој ги подразбира. И после, на Заев не можело да му се верува!? НА НИКОЈ ОД ВАС НЕ МОЖЕ ДА МУ СЕ ВЕРУВА, зашто амбициите и целта ви се исти ко јајце на јајце. Власта и нејзина безочна злоупотреба на штета на останатите. Поединецот за вас е гласачко тело, обичен црв на кого му фрлате 6300 денари за да го преживее месецот, а не човек со достоинство. Да бев во власта, ќе срамев од себе да го чуев плачот на онаа мајка со пензија од 6300 денари. Но, срамот подразбира совест која им недостасува на педерите у душа. И тоа што ги кријат своите станови и фирми не е од срам, туку од страв, еден ден да не ги заменат своите петособни станови за гарсоњера во Идризово.

Затоа деновиве гризат како хиени и сега Заев им е крив или некој над него, кој што му ги лиферува сите дубиозни зделки на преродбениците за кои слушавме во последно време. Најверојатно оние од Брисел полека ја местат јамката околу вратот на оваа преродбеничка власт. Тешко дека таа ќе преживее уште едни парламентарни избори. Не случајно евро-комесарите го викнаа Заев на кафенце во Брисел. Знаат дека преродбениците се во тесно. Ако го сменат името на државата, ќе го загубат гласачкото тело, а ако не го сменат, тогаш ќе мора да бидат сменети од Брисел. Зашто Брисел сака да се смени името, не затоа што така му прднало, туку зашто некој меѓу нас Македонците не е наш, што значи бил педер у душа, па му ветил на Брисел дека ќе го смени името, ако Брисел го поддржи да ја освои власта во Македонија. И Брисел изгледа му помогнал во тоа, па од тој некој сега бара ветувањето да го исполни. Како и да е, крајот за преродбата е тука некаде, иако никој од вас во тоа не верува. И постојано шепкате меѓусебе: Леле, нема кој да ги смени! Ете ви кажав кој ќе ги смени – Брисел, зашто тој е селекторот и најголем педер у душа и тој менува кога власта во едно тажно парче земја како нашево, ќе почне да си дава автоголови и да ги крши ветувања што некогаш ги дала. Друг муабет е што како народ препуштивме за нас да одлучуваат педери у душа. Поголеми и помали.

Сашо Тасевски

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ

МАКЕДОНСКАТА ЛУСТРАЦИА ИМА ЗА ЦЕЛ ДА ГИ ИЗМИЕ ОКРВАВЕНИТЕ РАЦЕ НА ЗЛОСТОРНИЦИТЕ 2



[Image: 28vyird.jpg]

Да е само Илија и ДПМНЕ проблемот ке се надмине. Кога двајцата лажни лути противници, кога е во прашање демонтажата на тоталитарниот едноумен комуњарски систем имат иста цел--по секоја цена да нема лустарација--многу е тешко да се прозре играта, а уште потешко е да се прекине.

Вељановски и Ивановски покажаа дека се подобри актери од Илија. Во настапот на Вењановски недостасуваа само солзи па да биде номиниран за Оскар. Неговиот „срцепарателен“ говор имаше за цел Инфонбировците (т.е. Сталинистите) да ги издигне на пиедестал на жртви и да ги изедначи со вистинските борци за самостојна и демократска Македонија. За да делува уверливо и Ченто го вкучи во групата на Инфонбировци. Таа манипулација ќе остане само обид да се исплука секој кој бил противник на комунизмот и Југославија. Зборува за комуњарската омраза кон Ченто! Говорот на Игор Ивановски кој исто така се обиде да манипулира со улогата на Ченто, го потврдува тоа.

Дополнително Вељановски да ни ги подеметне кодошите за жртви. На добрите познавачи на проблематиката им е познато дека голем дел, скоро сите, од оние кои биле на Голи Оток ги ревидирале своите ставови, а со ревидирањето на ставовите станале соработници на УДБа за што биле наградени со кариери и титули. Значи жртвите на Голи Оток не можат да бидат Кљусев, Најчевски итн.

http://www.youtube.com/watch?v=cAZ0JqVsQLA

Да го потсетам Вељановски. Чентовото стрелање на скопксото Кале нема никаква допирна точка со Инфорбирото, меѓудругото и заради фактот што тие настани се случиле пред контроверзната Резолуција на Инфонбирото.

На Голи Оток биле затворени околу 1000 Македеонци. Но тие не биле затворени на Голи Оток заради нивното залагање за самостојна, суврена и демократска Македонија. Вељановски како комунист знае убаво дека комунизмот почива на ДИКТАТУРА НА ПРОЛЕТАРИЈАТОТ. Во диктатура нема демократија, значи манипулација на Вељановски дека Сталинистите се залагале за демократска самостојна Македонија е многу лесно воочлива за нормални луѓе!

Да нагласам јас не сум противник да бидат обештетени семјествата на оние кои не се ревидирале, како и сите останати кои не станале соработници на службите, бидејќи на нив им се кршени човековите права.

Морам да му укажам на една многу битна работа на г. Вељановски, црниот период за Македонија е периодот од 1945 па до 1990 год.

Црн е господине Вељановски затоа тоа што во периодот 1945-1990 година, затворени се околу 22000 Македонци само заради нивната заложба, која Уставот на сите граѓани на Југославија им ја гарантирал: заложба за самоопределување до отцепување на народите од Југославија (односно заложба за самостојна и демократска Македонија). Судените за заложбата за самостојна и демократска Македонија затворските казни ги издржувале во Идризово, а не на Голи Оток господине Вељановски!

Во периодот 1945-1990 год. следени се уште преку 14000 Македонци кои биле за самостојна и демократска Македонија. Периодот по осамостојувањето (1991-1998) може да се рече дека е уште поцрн од оној 1945-1990 следени се околу 4000 Македонци заради тоа што биле симпатизери или членови на ВМРО ДПМНЕ. Следени се по линија на МАКЕДОНСКИ ВРХОВИЗАМ и ЕКСТРЕМИЗАМ: новата линија на работа на „демократската милиција“ на СДСМ, предводена од уставотворецот Фрчкоски чиишто квазидемократски прдежи кои за вашите комуњарски уши се како да Штраусови валцери. За тие прогони не слушнав другарот Вељановски да каже збор. Но, слушнав обид да обрани еден од џелатот на тие Макердонци, неговиот партиски пајташ Фрчковски.

Во одбраната на злосторот на комунистите многу пожесток беше Игор Ивановски, кој со удирањето во говорницата и гестикулацијата со рацете потсети на говорите на Хитлер и Тито. Интересно е да се разбере дали тие сценски ефекти се совет од режисерот Владе Милчин или пак се дел од карактерот на човек што пати од диктаторски синдром.

http://www.youtube.com/watch?v=c07r2H7sDRU

Иако говорот му беше релативно краток, Ивановски успеа во него да вметне низа лаги. Тука ќе се обидам да ги истакнам најважните:

Ивановски вели дека учествувал во дебатата на Советот на Европа за носење на Резолуцијата за осуда на комунизмот. Точно, но заборава да каже дека при гласањето тој (И. Ивановски) и неговите другарчиња комуњарчиња беа воздржани, т.е. не го осудија комунизмот!

Еве ја неговата изјава по тој повод:

[Image: sfh021.jpg]

Во неговото излагање од собраниската говорница, Ивановски неколкупати се опиша себе си и неговата партија како промотори на лустрацијата. Но, како може да биде промотор на лустрација, кога според Ивановски и СДСМ комунизмот воопшто не треба да се осудува како злосторнички режим!?

Колку и да се труди овој човек, кој на говорницата наликнуваше на мал Хитлер, да нѐ убедува дека со оној комунизам кој Советот на Европа го осудува нема врска заради годините, и заради тоа што неговите родители не биле од тој сој комунисти, неговиот обид виновници да се бараат сораборници на странски служби покажа дека Игор е роден кодош, идеален соработник на УДБа. Малиот Хитлер го накодоши јавно, од собраниска говорница директорот на Арховот на Македонија заради тоа што нудел селективни докази! Имено досиета на „докажаните“ соработници на Бугарските служби ги сокривал од очите на јавноста.

Се прашувам како може да ги сокрива директорот на Архивот на Македонија тие досиеа кога министри на полицијата биле Фрчкоски и Чокревски, луѓе кои се сопартијци на малиот Хитлер. Фрчковски и Чокревски сигурно се сеќаваат колку кривчни пријави поднеле против такви лица и колку од тие лица се осудени со правосилни пресуди. Сигурно весниците пишувале за тие судења, така да Ивановски кога го листал ДНЕВНИК за да го пронајде потписот на председателот на Президиумот Ченто, можел да пролиста и да најде барем еден судски процес по кривична пријава за соработка со странски служби, поднесена од Фрчкоски или Чокревски.

За да поплука по десницата, по вистиското и единствено ВМРО и да ја сокрие традицијата на злостор, Ивановски отиде и бајаги години наназад споменувјќи ги убиствата на Александров и десницата, заборавајќи дека Сандански ја започнува братоубиствеана војна за да превземе власта во Организацијата. Зар не го направија истото левичарите и во 1945 год., кога стрелаа идеолошки противници без суд и без пресуда. Сандански, малечок Хитлеру е левичар.

Врв на лагата и подметнувањето беше театралното покажување на потписот на Ченто, како председател на Президиумот, врз налогот за апсење во истражна постапка на свештеникот Методи Гогов, подоцна владика Михаил. Таквото апсење и тогаш било, и сега е уставно. Ченто не потпишал налог за неуставно прислушкување, или пак наредба за неуставно следење. Во тоа е разликата зошто се лустрирани Фрчкоски, Чокрески, Павлевски, Костојчиновски и сличните им. Тие сопартијци на малиот Хитлер потпишувале неуставни решернија со кои се кршени уставно загарантираните парава на граѓаните на Македонија!

Најголемата лага на малиот Хитлер ке ја оставам за третото и последно продолжение!

Јордан Петровски