Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ГРУПАЦИЈА на ДИСИДЕНТИ ВЕТЕРАНИ (Дане Поповски и Јордан Петровски)

Повторувањето е мајка на знаењето, така рекле, затоа ќе го реобјавиме овој текст:

Која е вистината за ВМРО ДПМНЕ

четврток, 14 октомври 2010 15:06

УДБАШКОТО ДПМНЕ ЈА ПРОКОЦКА ШАНСАТА ШТО МУ ЈА ДАДЕ ВМРО ПРАВДА!!!

По многу децении и тешки надмудрувања со комунистичката тајна полиција, раководството на ВМРО ПРАВДА, согледувајќи го моментот-распадот на Југославија, донесе решение на ДПМНЕ да му даде шанса да го продолжи континуитетот на ВМРО и така да се изборат за суверненоста и самостојноста на делот од Македонија кој се наоѓаше во составот на Југославија. Силите во ДПМНЕ кои беа инсталирани од УДБА многу бргу ја сватија опасноста од четирите златни букви и тргнаа во офанзива да ги елиминираат вистинските носители на идејата на ВМРО.

Знаевме дека нашиот текст од минатиот број на „Фокус“—за тоа дека македонските досијеа од 1918.-2006. год. се во Белград, ќе предизвика интерес, но, знаевме и дека никој од прозваните ќе нема храброст да одговори директно, па уште во „Фокус“. Ќе пуштат некои нивно пискаралце да напише текст полн со лаги и манипулации. Стара комуњарска игра. Си имаат тие весничиња во кои си ги објавуваат писанијата на пискаралцата, кои „ничим изазвани“ ќе објаснат дека белото не е бело. Да се спомене вистинскиот повод за писанието Бог да чува и да брани, но, затоа ние ќе се дрзнеме и сакаме да одговориме на лагите.
[Image: majom-cenzura.jpg]

Веќе два пати се обидовме да укажеме на небулозите на „Фрчолина“ (Љубомир Данаилов Фрчкоски) околу законот за лустрација во „Дневник“, но, уредникот Бранко Ѓорѓевски ни кажа дека, иако не сме споменати, великодушно ќе ни понуди „простор од дваесетина реда". И кога му пративме текст, ни тие дваесет реда не беа објавени. Наводно, текстот бил „преостар“, а и сме го споменувале и Бранко Црвенковски.

Во исто време, новинарка од „Нова Македонија“ беше многу „happy“ што ќе може да направи текст со кој ќе им даде шанса на тие кои го понудија доказот за белградските досијеа и така да ја соголиме лажгата на Стојан Андов. Ама по сѐ изгледа, некој и посоветувал да заборави на разговорот. Демократија и слобода на говор по „кумровачки“ терк. Затоа, одговоров на пискаралцата ќе го дадеме во „Фокус“ и ќе им понудиме полемика на страниците на овој неделник или на нашиот сајт www.kotle.ca. Во двата случаи, тие што ќе се решат на полемика нема да бидат ограничувани во должина на одговорите, ниту пак, во содржината. Практично, им нудиме шанса да осознаат што е слобода на говорот.

ВМРО никогаш не било мит!



[Image: 23.10mro1.jpg&t=1]

Ќе почнеме со текстот „Рушење на митот за ВМРО“ од Ивица Боцевски, објавен неодамна во рамките на колумнистичкиот простор на „Дневник“. Господине Боцевски, треба да знаете дека ВМРО не е мит, туку реалност. Додуша, Вие бевте во ВМРО ДПМНЕ на Никола Груевски, па можеби затоа имате таква претстава и сваќање, па затоа сте се нафатиле да напишете ваков АНТИМАКЕДОНСКИ ПАМФЛЕТ. За да разберете што е ВМРО, треба да го знаете ова: ВМРО е самоцел, од себе, за себе, со себе, за Македонија! Тоа е единство. Нешто како Светото Тројство! Сѐ друго е манипулација.

ВМРО никогаш не згаснало друже Ивица. „Марица“ знае најубаво и најизворно. Запрашајте ја, таа нѐ возеше до вашите центри за „демократизација“ и „пацифизација“, наречени од „непријателите“ на комунизмот, станици на милицијата. „Таа“ ќе ви потврди дека ВМРО секогаш било присутно во Македонија и покрај невидениот прогон, судења и убиства.

[Image: 41790_141472029225004_8564_n.jpg]

За да се направи дистинкција од ВМРО-то на Ванчо Михајлов, во 1947. год. ја формиравме ВМРО-ПРАВДА и само за неколку месеци постоење собравме преку 28.000 членови, со што продолживме борбата за самостојна, суверена и ОБЕДИНЕТА Македонија. Тројца од четворицата основачи се сѐ уште живи и дел од нив никогаш не прекратиле со активностите.

На формирањето на ВМРО-ПРАВДА никој не приговараше, па ниту Ванчо Михајлов, иако знаеше за основањето и делувањето на ВМРО-ПРАВДА. Не приговараа ниту во другите делови на Македонија: Пиринска и Егејска, каде што беше возобновено ВМРО, што е јасен и недвосмислен показател, каде е континуитетот на ВМРО!

По многу децении и тешки надмудрувања со комунистичката тајна полиција, раководството на ВМРО ПРАВДА, согледувајќи го моментот-распадот на Југославија, донесе решение на ДПМНЕ да му даде шанса да го продолжи континуитетот на ВМРО и така да се избориме за суверненост и самостојност на делот од Македонија кој се наоѓаше во составот на Југославија. Силите во ДПМНЕ кои беа инсталирани од УДБА и кои требеше да им послужат на српско-комунистичките сили како декор дека во Македонија постои плурализам и демократија, многу бргу ја сватија опасноста од четирите златни букви и тргнаа во офанзива да ги елиминираат вистинските носители на идејата на ВМРО. Тој атак беше пресилен за неискусното и чесно гласачко тело внатре во партијата, што на УДБА ѝ овозможи да однесат победа: да не дозволат ниту еден член на ВМРО да влезе во раководните структури на ВМРО ДПМНЕ и со тоа УДБА воспостави целосна контрола врз ВМРО ДПМНЕ. Тие случувања беа пресудни за нашето повлекување.


[Image: 2m6n5ds.jpg]
Писмо објавено 1992 година во "ПУЛС" на кое до денеска нема одговор.

Не сакавме на ваков начин и во ова време да ви ја кажуваме вистината. Но и нас нѐ „истераа од колосек“ некои доследности на некои луѓе во барањето на вистината која не ја знаат изворно, туку само ја слушале и сакаат да ја бранат и тврдат за истата со некое достоинсво и морал. Пак ќе речеме, не е време за чукање в гради.

Но, време е да се прекине со манипулациите на самодокажување и да се престане со лаги. Бидејќи, од една се оди во друга, во трета, во бескрајна лага, сѐ во името на распарчена, понижена и обесчестена Македонија: од егоистичен кариеризам кој вешто го изменаџираа КОС и УДБА.

Ние, македонските националисти никогаш не сме го гледале личниот интерес кога била во прашање нашата животна определба: Македонија, Македонци, македонизам, па затоа и сме дозволувале да има и лични жртви, како придонес кон општествениот долг, како лична водилка на единката. Што значи, ги оставивме луѓето на некоја времена фикција на лични чукања в гради, но, да не бидат загрозени патиштата на сегашноста како пропозиции на интроспективата, со ретроспекција за градба на општествени гледања на секој Македонец, притоа, да излегуваат од наметнатите калапи што му ги ставале без тој да биде свесен. Имено, затоа сте недораснати за процесот кој се одвива, Лустрацијата, а за неговиот неприроден и дегенеративен тек, некој треба да плати и ќе плати!!!

Од друга страна, една група на луѓе поддржана, а по сѐ и финансирана од Груевски, се обидува основањето на ВМРО-ДПМНЕ да го врзе исклучиво за Драган Богдановски и „Берлинската група“. Целта е многу јасна. Утре, историчарите кога ќе ги обработуваат писмата, манифестите, декларациите, и досието на Драган Богдановски и кога нема да сретнат ни збор за ВМРО, ќе ја отфрлат тезата дека се работело за нешто сериозно и додавањето на четирите букви „ВМРО“ ќе биде третирана како симболика или само пропаганден потег. Со тоа ќе се изврши најголема историска лага и ќе се документира дека немало континуитет на ВМРО и оти единствена вистина, која ете, ја докажуваат, е дека комунизмот од српска провиниенција ни даде држава: што е и основна цел на антимакедонската политика од 1943/1990. год. и до денеска.

За овој обид за да биде успешен и во иднина, сценаристите од север ќе ни подудат преку своте новинари „ОПЕРИСТИ“, дека единствени вистински ВМРОвци се „Брат“ Љубе и „Падобранецот“ Филип Петровски. Сценаристиве забораваат една многу важна работа: дека ние знаеме оти денешново ВМРО-ДПМНЕ кое го води Груица и кое паѓа во транс на „Девет Југовиќа“ и Арканица, е дело во чија изведба сериозни места имаат и Љубе и Филип. Но, уште пострашно за нив и Македонците во Македонија тоа веќе почнаа да го препознаваат.

Бугараши меѓу нас нема!

Борбата против „БУГАРШТИНАТА“ во ВМРО-ДПМНЕ во овие 20 години е всушност перфиден начин за елиминација на македонската идеја и сквернавење на идеалот на ВМРО. Старите, а и новите комунистички структури беа изненадени од две работи: од тоа дека на нивното дело ДПМНЕ постои иницијатива и желба да се додаде ВМРО и од ефектот кој го предизвикаа четирите златни букви ВМРО кај Македонците.

Дали работниот материјал „Расколот во ВМРО-ДПМНЕ - Документирана историја!“ кој требеше да преточен во книга ќе требеше да биде увертира за Бранковиот „11. октомвриски напад на Участокот во Прилеп“ неможеме со сигурност да тврдиме. Но со сигурност можеме да тврдиме дека пичината за неизлегување на книгата која требаше да биде крунски доказ за „БУГАРШТИНАТА во ВМРО-ДПМНЕ“ е дискусијата и соголувањето на памфлетот на нашиот форум http://www.forum.kotle.ca/showthread.php?tid=153 каде што се покажа вистината дека памфлетот е работен по нарачка.

Да кажеме збор два за памфлетот. Творец на памфлетот е Александар Диневски кој воедно е и творец на писмото „Чакам те да дојдеш“ повод за судирот помеѓу „македонистите“ и „бугарофилите“ во оваа партија во 1997. год. Целиот пафлет е обид да се докаже „бугарофилството“ во ВМРО ДПМНЕ. Можеби памфлетот не би ни привлекол толкаво влијание ако не беше напишан од искусен СДБовец. А кога на искусен СДБовец ќе му се „поткраде грешка“: да не го гледа слонот, а мравката да ја претставува поголема и од слонот, сомнежот сам се раѓа. Во една изјава во „Нова Македонија“ од 04.09.1997. год., Чедо Радомировиќ вели дека го финансирал ВМРО-ДПМНЕ со 400.000 германски марки. Пак ајде да кажеме: не е чудно. Но, тој беше само ДИРЕКТОР на „ТЕХНОКОМ“, а не нејзин сопственик. Сопственик на „Техноком“ беше „ГЕНЕКС“, а „ГЕНЕКС“ е фирма на КОС. Диневски никаде во памфлетот не се занимава со прашањето зошто КОС го финансира ВМРО-ДПМНЕ или непобитниот доказот за туѓо влијание кој го има во раце го игнорира, додека туѓото влијание за кое нема таков цврст доказ го обработува дури и е подготвен да издаде книга!

После изведбата на „Девет Југовиќа“ на прославата на годишнината на ВМРО и гостувањето на Арканица по покана од градоначалникот на „највмровскиот град“, на Пиво фест , јасно е „нападот на УЧАСТОКОТ за да се ослободиме од Бугарите“ не беше вперен против Груица. Тие, Груица и Бранко, и двајцата здушно работат за иста цел и се аргати на ист српски газада . Србокомунистичкиот Бранков повик „да се ослободиме од Бугарите“, кои ниту ги имало, ниту ги има, е премногу дрска навреда за Македонците.

Пред да ја кажеме нашата порака, да подобјасниме кои сме. Ние сме прогонувани, судени и затворани како „ванчомихајловисти-бугарофили“ или „бугараши“ во времето на апсолутна власт на србокомунистите. Заминати сме скоро сите од Македонија, некои уште на почетокот на педесетите, некои на почеток на седумдесетите, некои на почеток на осумдесетите, некои на почеток на новиот век. Секој од нас ако навистина бил бугарофил како што ни стои во обвиненијата, со стапнување на тлото на Европа, Северна или Јужна Америка, ќе се изјаснил за Бугарин!!! Такви меѓу нас нема. Ние сите сме Македонци. Тогаш, логично е прашањето, против кого Бранко Црвенковски со неговите пајташи крева востание???

Затоа ви ја упатуваме оваа порака: Ги повикуваме Македонците да не веруваат во инсинуации во однос на нас, луѓето кои сме на „залезот на сонцето“ и тоа не поради нас, туку во име на правдата и вистината, за да можат идните генерациии побрзо да се најдат себеси. Црвенковски со неговата србокомунистичка братија има за цел, на нас Македонците да ни наметне чувство на „Бугарофилство“ и тоа само затоа што се залагаме и бориме за суверена и самостојна Македонија. Тој на 11. октомври под плаштот на наводна борба против Груевски сакаше неколку стотици илјади Македонци да ги прогласи за бугарофили. Дали тоа треба да го дозволиме!? Мислиме дека Македонците и останатите граѓани на Македонија веќе ја разбира играта која ја играат српските „испрдоци“ во Македонија.

На нашиот сајт, www.kotle.ca пред скоро еден месец и повеќе започнавме дискусија за едно од најсериозните прашања: КОЈ Е ДЕНОТ НА ВОСТАНИЕТО на Македонскиот народ, 11. ОКТОМВРИ 1941. год. ИЛИ 22. АВГУСТ. 1941. год.?

„Востанието на 22. август имало исклучиво антифашистичко обележје, бидејќи од 42 -цата борци немало многу комунисти. Востанието на 11. октовмри ја имало синтагмата ‘НОБ и Револуцијата’, што долго време некритички се употребуваше како доблест, содржи трагично двојство на припадност на антифашистичката коалиција, но и на Револуцијата, со тенденција кон превласт на Револуцијата. Титовиот комунизам се вградил уште во зародишот на македонската држава во форма на денунцијација. Со еден збор, од Горе, целата лојална комунистичка врхушка се претворила во соработник на тајните служби“ (цитат од текст на проф. Д. Димитров за „Дневник“).

Овој цитат се надоврзува и ја потврдува оваа наша констатација: за востанието од 11. октомври има многу дилеми. Дилемите се посебно силни ако се земе дека водачите на 11-октомвриското востание биле најжестоки противници на САМОСТОЈНА И ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА. Под нивно водство, почнувајки од 1943. год., кога пројугословенската струја го издава Манифестот без согласност на демократско националната струја, почнува чистката и прогонот, убиствата на сите вистински МАКЕДОНСКИ дејци, од Кузман, Рацин па до Карпош—прогон кој продолжи со основачите на ВМРО-ПРАВДА, па до денешни дни.

Љубчо и Груевски како премиери се избор на Белград!

Мал увод:

Војната на ЈНА против републиките „сепаратисти“ Хрватска и Босна и Херцеговина почна да зема сериозен замав. Меѓународната заедница, како мерка да се спречи крвопролевањето, изготви мерки за економски санкции и трговско ембарго против Југославија–која беше сметана за агресор против волјата на граѓаните на Хрватска и БиХ кои не сакаа повеќе да се дел од таа држава. Затоа и не треба да чуди „коинциденцијата“, што македонската влада која до есента 1991. год. „за жива глава“ не даваше да се прогласува македонска независност, одеднаш сврте нов лист и нагло тргна кон барање на „меѓународно признавање“ на независност.

Но, тоа е само врвот на ледениот брег, поради ембаргата и санкциите кои ѝ се подготвуваа на Југославија, Милошевиќ итро донесе одлука официјално Македонија да стане посебно правно лице од Југославија, при што би се користела како линија на снабдување и финансирање на долгата војна која претстоеше. За да биде сигурен дека Македонија сепак ќе остане неимплементирана во светските оранизации, го употреби „џокерот“ Грција која под итно го оспори името. Леснотијата со која оспорувањето и прифаќањето да се смени името го прифатија Глигоров, Црвенковски, Андов и Малески јасно укажува дека биле длабоко инволвирани во сценариото и дека тие, веќе со сигурност може да се тврди, СЕ ИЗВЕДУВАЧИ НА РАБОТИТЕ.

Гледано чисто објектвно, како стратегија, тоа беше генијален потег на Милошевиќ. Затоа се донесе одлуката официјално Македонија да се дистанцира од СР Југославија и да бара меѓународно признавање како независна и самостојна држава. За да во очите на меѓународната заедница Македонија делува како држава со вистинска амбиција да стане суверена и самостојна, и да воспостави демократија и да му се придружи на остатокот од напредниот и ментално нормалниот свет, одлично им послужи Љубчо Георгивски, кој во времето 1990.-1995. год. беше вистински следбеник на идеата на ВМРО.

Во моментот кога Милошевиќ беше приморан да потпише капитулација во Дејтон на македонската „самостојност“ ѝ дојде крај. Во Скопје дојде „генерал“ Зоран Јаначковиќ да си ја разбуди заспаната војска и тој лично да ја води операцијата „смрт на Македонија и Македонците“. Љубчо беше експресно префрлен од следбеник на идејата на ВМРО во следбеник на доларите. Колку беше голема заслепеноста од сјајот на парите на Љубчо зборува примерот дека Јаначковиќ му го смени скоро целото негово блиско опкружување: дојдоа „дечки“ за кои Љубчо беше предупредуван дека се испрдоци на УДБА и КОС, односно на Јаначковиќ и генералот на КОС, Васиљевиќ.

Досијаета се во Белград, ама само по 1991. година

Хорското признание дека досијеата се во Белград, а за кои до вчера никој не сакаше да проговори, имаше и има за цел да го игнорира и прикрие она на што ние документирано укажвме, а тоа е дека таму се наоѓаат досиеата од 1991. год. па навака. Во е-маилот до нас (Јордан Петровски) од страна на државниот архив на Србија, стои дека имаат досијеа до 2006. год. Но, треба да се знае дека одговорот е баран во 2009. год. Ако го поднесеме истото барамење денеска, можеби одговорот ќе биде дека имаат документација до 2007/8.

Затоа Андов ни објаснува сега дека Србија ќе ги отвори досијеата, ама без да каже до која година? Треба да сме луди или со нула коефициент на интелигенција, па да го послушаме Андов и да не бараме одговор на битното прашање: како е можно досиеата на тајната полиција од периодот на „самостојна“ Македонија да се во Белград!? Единствен логичен и точен одговор е ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е ОКУПИРАНА. А пак, да очекуваме дека Србија ќе ја обелодени сама или под притисок на некој однадвор својата ШПИУНСКА мрежа во Македонија, се граничи со дебилизам.

„Сина птица“ и „Бугарска амбасада“

Има неколку тешки докази за длабоката инволвираност на двете влади, наводно со провмровска провиненција, за нивната поврзаност со Белград, но, ќе издвоиме само две. Ги двоиме овие две поради тоа што се толку лесно решливи, а воедно најбрзо и најлесно водат до демонтажата на инсталациите од север и тоа во двете главни служби КОС и СДБ или како ние ја викаме од „милост“ УДБА.

1. Случајот „Сина Птица“, е дело на КОС и е копија на „случјот Шпегељ“—случај што е работен по сценарио на „ОПЕРА“ и кој имал за цел да го прикаже раководстото, се разбира не целото (само оние кои не се дел од сценариото на УДБА за формирање на ВМРО-ДПМНЕ) и дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои под обвинение дека се вооружуваат и прават паралелна воена формација, ќе бидат уапсени. Тука владата на Љубчо Георгиевски, но пред сѐ самиот Георгиевски, има 102% одговорност зошто Д.С.-М. и ден денес шета слободен и можеби подготвува некои нови сценарија.

2. Наметнувањето на „БУГАРШТИНАТА“ на ВМРО. Почнувајки од „летоците“ во 1990. год., па летоците кои ги растураше Аце „Циганот“ во 1994. год. и случајот со бугарската амбасада во 1997. год.

Можеби за летоците во 1990. и 1994. год. не можат да се најдат докази. Но затоа пак, случувањата со обидот да се докаже дека ВМРО-ДПМНЕ се финансира од Бугарија, е најлесен и најбрз начин да се дојде до врвот на српските инсталации во Македонија. Затоа зачудува фактот што двете влади на ВМРО-ДПМНЕ не го истераа расчистувањето докрај. За волја на вистината, за владата на Љубчо има една олеснителна околност: многу бргу по дозволата да имаме слободен увид во досиеата, се случи „војната“ во 2001.

Затоа пак, за опструкциите кои ги прави Владата на Груевски нема друго образложение, освен тоа дека не сака да дозволи демонтажа на инсталациите на полициско политичкото подземје. Неколку непобитни факти:

Јавната Обвинителка Драгица Михајловска со флагрантен фалсификат ја отфрли кривичната пријава на Јордан Петровски против Фрчкоски и компанија во врска со прекршување на Уставот во Линијата на работа „Спречување на Македонски екстремизам“ од СДБ. Мојата (Јордан) приватна кривична пријава, де ќе се загуби, де ќе ја препратат на нов истражен судија—веќе три години. Во меѓувреме ќе се обидат да ме исплашат преку истражниот судија Туфегџиќ на кого ни влакно не му фали после лагите изнесени на разни луѓе за истрагата што ја води. Колку што знам, тој не смее да ги обелоденува сознанијата до кои дошол во истрагата на улични познаници. До каде оди решеноста на Груица да ги сочува извршителите , планерите и налогодавачите, зборува фактот што луѓето кои го креирале планот за докажување на тоа дека финансирањето на ВМРО ДПМНЕ е од Бугарија, му се заменици директори во ДБК, аташеа во амбасади.

[Image: 2v2xwft.jpg]

Последното мое писмо до министерот Маневски упатено уште во јули, годинава, е до ден денешен без одговор, а Груица мали ветува нов закон за лустрација кој ќе важел за сите и дури до 2010 година! Груица веќе сериозно го загрозува приматот на Глигоров како лажго и манипулант „број еден“.